Се огласи Зеленски по одлуката на Путин: До понеделник нема да ја напаѓаме Москва - Канал 5

Се огласи Зеленски по одлуката на Путин: До понеделник нема да ја напаѓаме Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја е подготвена да се воздржи од напади врз Москва до понеделник вечерта и очекува и Русија да се воздржи од напади врз Киев.

Се огласи Зеленски по одлуката на Путин: До понеделник нема да ја напаѓаме Москва

Зеленски во објава на Телеграм објави дека штотуку разговарал со претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, за кои рече дека „денеска веќе почнале да работат со руската страна“, објави Укринформ.

„Од моментот на нашиот разговор, ние сме подготвени да се придржуваме до режимот на прекин на воздушните напади врз градовите вклучени во преговарачкиот процес. Од сега до крајот на денешниот ден, сабота, недела и понеделник, Украина е подготвена да се воздржи од напади врз Москва, а очекуваме Русите да се воздржат од напади врз Киев“, објави Зеленски.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека неговите специјални претставници Виткоф и Кушнер ќе патуваат во Москва и Киев со предлог за прекин на војната меѓу Русија и Украина, велејќи дека Вашингтон развил нова идеја за можен мировен договор.

Претходно денес, рускиот претседател Владимир Путин нареди тридневен прекин на огнот во Киев почнувајќи од полноќ, како подготовка за состаноците меѓу украинските претставници и американските преговарачи Стивен Виткоф и Џаред Кушнер во украинската престолнина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Украинските медиуми претходно објавија дека украинските вооружени сили прогласиле прекин на огнот од полноќ на 5 септември до 8 септември.

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва денеска, откако последен пат го посетија рускиот главен град во јануари, кога имаа разговори со Путин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 1 декември постороги услови за кредит за купување на втор или следен стан

Нови правила за добивање кредит за граѓани кои купуваат втор или следен стан. 

Од 1 декември постороги услови за кредит за купување на втор или следен стан

Од 1 декември со поригорозни услови за задолжување на граѓаните кои купуваат втор или следен стан..

Народната банка ги намалува максималните лимити за кредитна задолженост и ги скратува роковите за отплата, додека поповолните услови остануваат за граѓаните кои првпат купуваат сопствен дом.

Според новите правила, максималниот однос меѓу вкупните месечни кредитни обврски и приходите на граѓаните се намалува за пет процентни поени. Кај денарските кредити лимитот се намалува од 50 на 45 проценти, а кај кредитите со валутна компонента од 45 на 40 проценти.

Тоа значи дека граѓанин со месечни примања од 60.000 денари, кој досега можел да има кредитни обврски до 30.000 денари месечно според лимитот за денарски кредити, од декември ќе може да се задолжи најмногу до 27.000 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Пуштена во функција реконструираната спортска сала во кавадаречката гимназија

Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев присуствуваше на пуштањето во функција на реконструираната спортска сала во кавадаречката гимназија.

Јанчев: Пуштена во функција реконструираната спортска сала во кавадаречката гимназија

-После долго време, од почнување на работење на самата гимназија, Општина Кавадарци прави темелно и комплетно реконструирање на спортската сала.- изјави градоначалникот Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Истрага за криминална група инволвирана во изнуди и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица .

ЈО: Истрага за криминална група инволвирана во изнуди и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои сомнение дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и дејствија на перење пари и изнуда.

За тројца од нив во текот на денов до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерка притвор, додека четвртиот веќе одреден период е надвор од државата.

Во текот на подолг временски период, односно од 2021, групата што ја формирал првоосомничениот кумановец, со груби закани изнудувала пари од оштетени лица, присилувајќи ги и најчесто искористувајќи ја нивната зависност поради претходна позајмица.

Така, една оштетена побарала од првоосомничениот 4.000 евра на заем, усно прифаќајќи да ги врати за еден месец со камата од 2.500 евра. Иако во целост му го вратила договорениот износ, тој побарал од неа да ја користи нејзината сметка за преку неа да пушти во оптек пари прибавени со изнуди. Жртвата одбила, а тој почнал да и се заканува, барајќи да го стави нејзиниот автомобил како наводен залог за фиктивни долгови. По налог на осомничениот бил изготвен фиктивен договор за купопродажба на возилото, како да е гаранција за наводен заем. Освен тоа изготвиле и уште еден фиктивен договор за заем од 1.000.000 денари. На договорите за залог и заем осомничените го фалсификувале потписот на оштетената како заемопримач и без нејзино знаење ги завериле на нотар.

Нотарот кој дозволил да се заверат вакви лажни документи е осомничен за несовесно работење во службата и за него до Судот е доставен предлог за определување мерки на претпазливост.

Имајќи ги во своја корист ваквите договори, групата осомничени започнале повторно да и се закануваат на оштетената да го предаде возилото и да им го врати наводниот долг. Врз основа на договорите, сопственоста на возилото била променета во корист на еден од осомничените, а потоа оштетената била принудена да им го исплати и наводниот паричен долг.

Друг оштетен, уште во 2021 позајмил на два пати по 180.000 денари од осомничениот организатор на групата. Парите му биле потребни за лекување на сопругата.

Иако согласно договорите за заем ги вратил паричните средства, осомничените продолжиле да му бараат дополнителни исплати како камата и врз основа на таа зависност го принудиле да ја користат неговата сметка за да префрлаат големи суми на пари од изнуда како формални заеми и да ги извлекуваат во готовина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер