3Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење и подготовка на храна
Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“: Утре во Драчево едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
2Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“: Утре во Драчево едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
СветРасмусен: ЕУ не сака трговска војна со САД, но е подготвена за сите можни сценарија Земјите членки на ЕУ ги сметаат за апсолутно неприфатливи и неоправдани најавите од викендов на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување на царини од 30 отсто за европските стоки од 1 август.Земјите членки на ЕУ ги сметаат за апсолутно неприфатливи и неоправдани најавите од викендов на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување на царини од 30 отсто за европските стоки од 1 август, изјави денеска данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен на прес-конференција по завршувањето на Советот за надворешни работи на ниво на министри за трговија во Брисел. - Ние сме посветени на продолжување на соработката со САД и за постигнување договор. Тој договор мора да биде од взаемна корист и под услови што се прифатливи за двете страни. Во исто време сме подготвени за сите можни сценарија, доколку не се најдат задоволителни решенија. ЕУ останува подготвена да реагира, а тоа вклучува и реципрочни царини, доколку е потребно, изјави Расмусен, додавајќи ЕУ не сака трговска војна со САД и сакаме да ја избегне. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, еврокомесарот за трговија и економска безбедност Марош Шефчович на заедничката прес-конференција со Расмусен, истакна дека царини од 30 отсто се апсолутно неприфатливи за ЕУ и тие би биле пречка за каква било трговија, додавајќи дека Унијата ќе ги преземе сите мерки за да ги заштити европските бизниси и економија. - Треба да се стремиме кон мерки за ублажување. Затоа прво ќе преговараме, но ќе се подготвуваме во исто време и за мерки за враќање на рамнотежата. Се е на маса, но ќе го правиме тоа чекор по чекор, рече Шефчович. Тој истакна дека ЕУ во трговските преговори со САД пристапува со добра волја, конструктивно и со полн интензитет во текот на целиот процес. - Остануваме убедени дека нашите трансатлантски односи заслужуваат договор за решение кое води кон обновена стабилност и соработка. ЕУ никогаш не се откажува без вистински напор, особено имајќи ја предвид вложената напорна работа и тоа колку сме блиску до склучување договор и јасните придобивки од таквото решение. Но, како што реков претходно, за да се ракоплеска потребни се две раце, рече Шефчович, најавувајќи нови контакти со неговите американски колеги за попладнево. Шефчович додаде дека денеска Комисијата до земјите членки го доставиле предлогот за втората листа на американски стоки што се увезуваат во ЕУ, во вредност од околу 72 милијарди евра, кои би биле опфатени со евентуалните реципрочни мерки за враќање на рамнотежата. - Ова не го исцрпува нашиот сет на алатки и секој инструмент останува на маса, додаде Шефчович. На прашање дали ЕУ размислува на подигнување на новото на трговски преговори, Шефчович одговори дека Европската комисија е во постојан контакт со Белата куќа, како и дека претседателската на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен имаше телефонски разговори со Трамп на оваа тема. Шефчович нагласи дека ЕУ останува отворена за уште поблиски канали за комуникација со други истомислечки партнери и за удвојување на напорите за отворање нови пазари и поттикнување на трговија базирана на правила. Расмусен од своја страна нагласи дека во услови на растечки протекционизам и геополитичка несигурност, поважно од кога било, е ЕУ да не му го сврти грбот на остатокот од светот, туку да продолжи да бара нови и алтернативни стратешки партнерства и да ги прошири и диверзифицира своите трговски односи. - На денешниот состанок министрите ја потенцираа важноста од забрзување на тековни билатерални трговски преговори. Мора да вложиме уште поголеми напори за да ја зголемиме трговијата со остатокот од светот, додаде Расмусен. Во тој контекст на Советот станало збор и за трговските преговори со Кина, која, како што рече Расмусен, иако е економски конкурент и системски ривал на Унијата, таа воедно е и партнер со кого треба да се одржи, а можеби дури и да се зголеми соработката. Шефчович, пак, истакна дека ЕУ треба да работи на ребалансирање трговските и инвестициски односи со Кина, за да обезбеди еднакви услови за игра и да ја донесе многу потребната предвидливост и сигурност. - Претстојниот самит меѓу ЕУ и Кина ќе биде важна можност да се разговара за овие прашања, вклучително и за реципроцитет во пристапот до нашите пазари, истакна Шефчович, додавајќи дека ЕУ е и ќе остане целосно обединета во одговорот на тековните предизвици.Тагови: ЕУ САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканМал авион падна во Хрватска Мал авион со едно лице се урна нешто по 10 часот претпладне во Роковци, во близина на Винковци, Хрватска.Според неофицијални информации, пилотот е повреден, а авионот завршил во поле со пченка покрај пистата. На местото на несреќата се упатени сите служби за итни интервенции. Испратен е и хеликоптер за итна медицинска помош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Ким Кардашијан повторно ги истакна облинитеАмериканската старлета Ким Кардашијан е фотографирана на улиците на Париз во провокативно издание, таа самоуверено чекореше по улица, а нејзиниот целокупен изглед потсети на славната Мерилин Монро.Провокативната Ким повторно го спои модерното со класичното и самоуверено зачекори во провокативен фустан што го истакнуваше секој милиметар од нејзината препознатлива фигура. Таа лежерно ја заокружи смелата комбинација со кратка бела кожна јакна-бомбер префрлена преку рамениците, големи црни очила за сонце и интересни чевли со високи, тенки потпетици. Кројот на фустанот беше она што најмногу ја потсети Ким Кардашијан на култната русокоса и секс-симбол, а овојпат таа не „заборави“ ниту да го истакне своето деколте и својата препознатлива фигура. Тагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеОпштина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“: Утре во Драчево едукативна трибина за превенција од малигни заболувањаОпштина Кисела Вода, во соработка со Здружението „ХЕМА-ОНКО“, ги поканува сите заинтересирани граѓани на едукативна трибина под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“.Настанот е посветен на подигнување на јавната свест за превенција, рано откривање и навремено лекување на малигните заболувања, а ќе се одржи оваа сабота, 19 септември 2026 година, со почеток во 13:00 часот во „Паркот на бранители“ во населбата Драчево. Присутните ќе имаат можност да слушнат корисни совети и лични искуства преку излагањата на Наташа Бабулова, која ќе ја сподели својата борба како лице со рак на дојка и членка на „ХЕМА-ОНКО“, како и низ обраќањата на стручните лица: спец. д-р Албина Чресловник Пупакоски, на медицинската сестра Јасмина Јовческа од ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, и д-р Славица Чалчевска, радиолог, супспецијалист и интернист од ГОБ „8 Септември“. Ги повикуваме сите граѓани да присуствуваат, да се информираат и заеднички да ја дадеме нашата поддршка, бидејќи превенцијата и навремената дијагностика се најважни во битката за животот. Со овој настан се означува почетокот на кампањата „Розев Октомври“ која стартува од општина Кисела Вода, а ќе заврши со голем РОЗЕВ ПИКНИК на Школка во Градскиот парк. Активностите посветени на оваа важна тема ќе продолжат, па така, по трибината во Драчево, ќе се одржи уште една на 26 септември во околината на општината. Ве очекуваме!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29