Раперка ја откопала својата мртва мачка и го сварила черепот, фановите згрозени (ВИДЕО)

Раперката Азелија Бенкс ја ископала својата мртва мачка Луцифер од гробот за да ја „врати во живот“, додека ужаснатите следбеници ја опсипаа со негативни реакции на Инстаграм.

Контроверзната музичарка често ги загрижува фановите со разни лудории, а 29-годишната девојка вчера сподели видео на Инстаграм, кое брзо беше избришано, во кое таа и непознато лице откопуваат гроб на мачка додека се смеат во позадината.

„Мачката е во торбата“, се пошегува таа за време на шокантната снимка додека ја вади торбата во која наводно се наоѓало телото на мачката. Таа рече дека сакала да го „врати животното, кое почина пред три месеци“.

Во вознемирувачкиот клип, мачката потоа ја готви во големо тенџере и потоа направила „олтар“ за неа. Во стори, таа исто така објави фотографија од розово тенџере во кое ставила, череп на мачка, шише шампањ и шише од нејзиниот омилен парфем Шанел бр. 5 и банкнота од 100 долари заедно со распетие.

„Се надевам дека некој ќе и помогне еден ден ...“, напишаа нејзините згрозени придружници. „Треба да разговараш со психолог“, е само една од сличните реакции.

Во понатамошните објави, пејачката се брани, изјавувајќи дека луѓето дивеат по черепи на Етси, и кога некој сам прави препарирање, тогаш полудуваат.

Не е прв пат Бенкс да ги шокира обожавателите. Пред неколку години, таа го шокираше интернетот објавувајќи снимка од просторијата полна со крв и, наводно, ја користела редовно за да жртвува кокошки.

По бројните негативни реакции, таа им рече на критичарите дека можат да и го бакнат нејзиниот „вештерски задник“.

Арсовски: Молкот за тендерите кои ги доделиле СДСМ на нивниот советник ги потврдува сомнежите

Поминаа неколку дена од обелоденувањето на скандалозниот тендер за маркетинг од 200.000 евра во Фондот за иновации, а од СДСМ и власта гледаме единствено молк, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ преку државните институции доделила над десетина милиони денари во тендери на нивни советник од Град Скопје, кој ја раководи маркетинг агенцијата Бригада Дизајн.

Човек кој нема гукнато, нема изустено ниту еден збор изминативе 3 години и нема дадено никаква изјава во градот Скопје како партиски функционер на СДСМ, дебело се нафатирал и обогатил од парите на граѓаните, односно од парите на државните институции.

Молкот од страна на власта и СДСМ и сеуште непреземањето на никакви чекори е потврда на сомнежите дека се работи за потенцијален криминал и испумпување на народните пари преку фирми на функционери на СДСМ во конкретниот случај фирма на Бојан Ивановиќ, советник о редовите на СДСМ во Градот Скопје.

Почитувани,

Во периодот од 2018 до 2019 година и 2020та година Бојан Ивановиќ од СДСМ добил неколку милионски тендери во денари од Фондот за иновации и уште два тендери од Регулаторната комисија истата онаа комисија која им ја покачи цената на струјата на граѓаните. Вкупно над 10 милиони денари, народни пари, завршиле во џебот на функционер на СДСМ, понатаму не знаеме каде.

Над 55.000 граѓани останаа без работи, огромен број на компании пропаднаа заради економската криза и некапацитетноста на власта да им помогне и да се справи, а СДСМ и нивните функционери испумпуваат пари на граѓаните од Буџетот на фимрите односно институциите на државата.

Затоа повторно јавно прашуваме исто како и вчера, дали СДСМ ќе преземе одговорност за овие тендери, дали Петре Шилегов ќе побара оставка од својот советник Бојан Ивановиќ, дали Коста Петров ќе го раскине спорниот тендер и ќе направи ревизија на претходните тендери кои што му биле доделени на истиот овој човек кои што исто така се прилично сериозни суми и дали конечно антикорупциската комисија која стана експерт за прикривање корупција на власта изминатите три години, конечно ќе отвори случај да ги истражи сите овие тендери и на кој начин завршиле во џебот на еден советник од редовите на СДСМ?

Институциите се на потег, но знаејќи ја нивната сервилност кон власта, Заев и СДСМ, очигледно ќе молчат додека некој ги краде парите на граѓаните, рече Арсовски.

Ковачки: Непрофесионализмот при издавање на безбедносни сертификати е препознаен во НАТО

Трет ден како Министерот за одбрана и претседателот на државата молчат и не даваат одговор на поставените прашања во врска со скандалот што и’ го приредија на својата држава, рече Драган Ковачки, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Со неодговарањето на поставените прашања од нашите прес конференции, Радмила Шекеринска и Стево Пендаровски ги девалвираат институциите кои ги претставуваат. На сите им е јасно дека проблемот за враќањето на двајцата кандидати за воени, односно одбранбени претставници на Македонија во НАТО е во власта.

И двајцата кандидати за претставници во НАТО кои беа вратени од Алијансата, внимавајте - добиле НАТО сертификат од органите на Република Македонија, но истите кога повторно биле проверени од нашите сојузници, не добиле потврда за тоа.

Ова ни помалку ни повеќе, значи дека органите, односно институциите што се целосно партизирани од страна на партијата на власт, издаваат НАТО сертификати, кои при повторна проверка од страна на Алијансата се оценуваат како неточни и некредибилни. Значи, станува збор за делегитимирање на целиот процес воден од македонските институции.

Постои огромен сомнеж, а последните два примери се чист доказ, дека институциите под власт на СДСМ издаваат НАТО сертификати само на лица подобни за власта, без разлика на тоа дали лицето реално ги исполнува условите или не. Ќе ве потсетам на примерот кога за само 5 дена му издадоа сертификат за пристап до Државна тајна на новинар близок до ставовите на СДСМ.

Од друга страна, лица кои ги исполнуваат условите за добивање на безбедносни сертификати во Република Македонија, се подложни на одбивање, само затоа што се политички неподобни. Значи, процесот на ветинг, односно безбедносна проверка, наместо да биде во функција на државата и спроведуван од институции предводени од професионалци, се користи за партиска пресметка со неистомислениците и неподобните. Од почит кон тие лица, нема да изнесуваме имиња.

Очигледно е дека и покрај дебаклот со нејзините номинации, Шекеринска продолжува да ја поисоветува партијата со министерството и да импровизира на полето на безбедноста.

Г- ѓо Шекеринска, нашите укажувања се добронамерни. И самите сте свесни дека со вашиот однос кон овие прашања уште еднаш потврдувате дека сте го промашиле ресорот кој Ви е доделен да го водите. Ја изигравте правната држава и за тоа добивте потврда и од алијансата.

За ваше добро и добро на татковината Македонија, одважете се и понесете одговорност.

Време е за Оставка веднаш!, рече Ковачки.

Мала група верници се капеа во Охридското езеро за Водици

Иако  Светиот крст не се положи во водите на Охридското езеро, годинава Водици се чествуваше поинаку поради пандемијата, сепак мала група охриѓани се капеа во водата.

Светиот крст во Охрид од црковниот казан во светиот храм Свети Никола Геракомија замина во рацете на Никола Чорбески од Варош,кој со кртстот влезе во езерото ,а останатите го следеа .

Големиот христијански празник Богојавление-Водици во Охрид помина без традиционалното одбележување со илјадници верници на пристаниште и стотици капачи кои традиционално скокаа во водите на Охридското езеро по Светиот крст.

притисни ентер