Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
2Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
БалканРадев:Бугарија нема да дозволи кршење на правата на граѓаните со бугарска самосвест Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република Македонија со бугарска самосвест, изјавил во Салцбург бугарскиот претседател Румен Радев на средбата со неговиот австриски колега Александар Ван Дер Белен . Бугарскиот претседател истакнал дека Бугарија принципиелно и доследно ја поддржува европската перспектива на регионот, која, како што изјавил не треба да биде ограничена на формалните фази во процесот на пристапување и не може да им наштетува на интересите на земјите-членки на унијата и нејзините вредности. Радев изјавил дека „иако во скопје тврдат дека ги исполнуваат критериумите за пристапување, сепак имало како што вели систематско кршење на правата на граѓаните на Македонија од бугарско потекло и нивна дискриминација, дека сè уште има говор на омраза кон бугарија во учебниците и во јавниот простор“.Во однос на се позачестените пораки од Бугарија за признавање на бугарско малцинство во земјава, премиерот Заев изјави декане можеме утре да ги внесеме Бугарите во уставот, тоа се прави пред самото пристапување во ЕУКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФранција со пресврт до убедлива победа над БелгијаНајдобрата фудбалска репрезентација на Франција, синоќа по резулатски пресврт ја победи Белгија со 4–1 во Париз, во натпревар од 4. коло на групата А1 во Лигата на нации. Белгија поведе во 35. минута со голот на Доди Лукебакио, по асистенција на Ромео Лавија. Франција направи голем пресврт во продолжението од натпреварот, предводена од клучниот придонес на Мајкл Олисе, Дезире Дуе и Рајан Шерки, кои влегоа во игра во второто полувреме. Дуе израмни во 77. минута, а само четири минути подоцна Шерки постигна гол за водство на Франција, по асистенција на Олисе. Потоа, Олисе постигна уште два гола – во 88. минута и во судиското надополнување (90+1). На вториот натпревар од групата А1, Италија ја победи Турција со 3–1 во Болоња. По вчерашните средби Франција е на чело на групата со 10 бода, Италија има седум, а Белгија шест, додека Турција е без бодови. На другите натпревари од Лигата на нациите синоќа: Босна и Херцеговина – Полска 1–0, Романија – Шведска 0–1, Северна Ирска – Грузија 0–0, Украина – Унгарија 1–2, Црна Гора – Ерменија 0–0 и Кипар – Латвија 2–1.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураНУ Народен Театар Битола со две награди на Денови на комедија во КумановоСо доделувањето на наградите на најдобрите, заврши годинешното 29.издание на Фестивалот „Денови на комедија“ во Куманово, кој оваа година се одржуваше од 23 септември до 5 октомври. НУ Народен Театар Битола доби две награди и тоа за најдобра режија: Марјан Георгиевски и за најдобра костимографија: Андреј Георгиевски, за претставата „Секстет“. Со својата изведба екипата на оваа претстава повторно ја воодушеви и ја насмеа до солзи публиката која ја исполни салата до последното столче. „Секстет“, комедијата од Марк Камолети, и овојпат покажа дека добрата комедија не познава граници – се игра, се чувствува и се споделува со публиката. Во претставата играат: Бернар -Николче Пројчевски, Жаклина-Катерина Аневска Дранговска, Роберт -Александар Димитровски, Сузан-Сандра Грибовска Илиевска, Сузет -Анастасија Чипуровска, Џорџ-Борче Ѓаковски. Сценографијата е на Влатко Чачоровски, музика -Александар Димовски. Во текот на фестивалските денови, публиката имаше можност да проследи театарски претстави исполнети со хумор, квалитетна актерска игра и препознатлива фестивалска атмосфера преку изведбата на театрите од Македонија и земјите од регионот. Фестивалот беше затворен со претставата надвор од конкуренција, „Не можам да платам, не сакам да платам“ на Театар Куманово, посветена на годинешниот лауреат Игор Џамбазов, Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Општина Куманово. Честитки за целата екипа, да се множат успеси и убави претстави!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРуски дрон погоди мост на реката Днепар во ЗапорожјеПет лица се повредени, а сообраќајот беше привремено запрен по рускиот напад врз мост на реката Днепар во Запорожје. Оваа информација на „Телеграм“ ја соопшти Михајло Семикин, вршител на должноста началник на Регионалната воена управа на Запорожје. Според најновите информации, во нападот се повредени две жени на возраст од 24 и 59 години и тројца мажи на возраст од 36, 43 и 54 години. Двајца од мажите – на возраст од 43 и 54 години – се вработени во Црвениот крст кои биле нападнати додека оделе на работа. Првичните извештаи укажуваат дека тие биле хоспитализирани со полесни повреди. Сите повредени добиваат медицинска помош. Семикин потврди дека сообраќајот на мостот е ограничен. „Непријателот нападна еден од мостовите преку реката Днепар во Запорожје. Поради нападот, сообраќајот на мостот е привремено ограничен“, се наведува во соопштението. Жителите на Запорожје се повикани да ги прилагодат своите планови за патување со оглед на сообраќајните ограничувања и да ги следат официјалните соопштенија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08