1Јанчев: Со претставничка на ОН се разговараше за можноста за отварање на младински иновативни хабови
Шоу бизПукотници во вилата на познатиот рапер Дрејк, застрелан член на обезбедувањето Во вилата на познатиот рапер Дрејк дошло до пукање.Полицијата моментално работи на случајот, а припадник на обезбедувањето на раперот е тешко ранет. Според пишувањата на медиумите, чуварот најверојатно бил застрелан во напад од автомобил. Тој се здобил со прострелна рана во пределот на градниот кош и бил во несвест кога пристигнала полицијата, пишува „CBC News“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Со претставничка на ОН се разговараше за можноста за отварање на младински иновативни хабовиДенеска, по иницијатива на Координаторот на Канцеларијата на ОН во Скопје ,г-ѓа Рита Колумбија се разговараше за можноста за отварање на младински иновативни хабови. Денеска, по иницијатива на Координаторот на Канцеларијата на ОН во Скопје ,г-ѓа Рита Колумбија заедно со членовите од нејзиниот тим во соработка со Секторот за локален економски развој и Секторот за образование се разговараше за можноста за отварање на младински иновативни хабови. Ова е со цел да се поттикне претприемаштвото, креативноста и иновативноста кај помладите генерации. Сето ова би се реализиралo со поддршка од Општина Кавадарци, бизнис секторот, средношколците како и незаменлива поддршка од страна на Канцеларијата на ОН. Како град со најмлада популација во државата, според официјалните демографски податоци Кавадарци е вистинското место за отпочнување на ваков проект, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов Деко наскоро ќе се брани од слободаЗа помалку од еден месец газдата на Пулс Дејан Јованов ќе се брани од слобода , бидејќи обемниот предмет за трагедијата во Кочани не може да заврши за само една година.. И последниот притвореник, првобвинет во предметот „Пулс“ од трети октомври ќе се брани од слобода, по речиси година и половина, газдата на дискотеката во која загинаа 63 лица – Дејан Јованов - излегува од притвор. Според неговата адвокатка, Ивана Коцевска тоа е и очекувано, оти според нејзе предметот кој од самиот старт обвинителството го обременило со многу обвинети и докази кои се уште се во фаза на изведување не може да завшри за една година. Ослобододувањето на нејзиниот клиент вели е согласно законот, оти притворската мерка може да трае само една година од оценувањето на обвинителниот акт, а адвокатката гарантира и дека Јованов ќе биде присутен на секое рочиште. „Опасноста од бегство јас не можам да ја коментирам, туку можам само да гарантирам дека тој до крајот ќе биде тука достапен за да се бориме за тоа ете што се бориме. Судот по службена должност ќе му определи мерки на претпазливост, да се јавува во судот, одземање на патна исправа, на други околности поврзани за забрана со комуникација со другите обвинети лица и тоа нема што да го коментираме, тоа законот го предвидува и тоа по сила на закон мора да стапи на сила и тој да биде пуштен на слобода.“ Родителите на жртвите од 16ти март пак велат роковите течат додека судењето се одолговлекува со исти прашања и повторување на веќе дадени одговори. Бараат поголема ажурност од институциите и сите вклучени во предметот, кој според нив оди во бескрајонст. Што се однесува до притворското ослободување на Јованов, апелираат до надлежните соодветно и правовремено да ги спроведуваат натамошните мерки на претпазливост. „Повторно гледаме трошење време на исти прашања, на исти теми и веќе дадени одговори, одбраната има право да се брани, но правото на одбрана не смее да се претвори во бескрајно одолговлекување на правда. Додека во судница се купува време, законските рокови се уште течат. Затоа денеска јавно ги повикуваме обвинителството, судот и нашите надлежни институции, постапете веднаш. Не утре кога ќе истечат роковите, не кога ќе биде предоцна.“ Кривичниот суд во Скопје, по службена должност по трети октомври ќе определи дополнителни мерки за претпазливост за Јованов. Во домашен притвор засега останува Ивица Гроздановски. Јане Јанчевски ќе биде пуштен по впишувањето на гаранцијата од 33.000 евра во недвижен имот. Куќните притвори на Митко Стојанов, Мартин Ѓорѓиев и Стојанчо Димитриев се исто така заменети со мерки на претпазливост, решенија кои се обжалени пред апелација. Претходно домашниот притвор им беше укинат на Тодор Јованов, братот на Деко, кој даде гаранција во недвижен имот од 319 илјади евра, и на Беким Хаџиу, чија гаранција исто така во недвижен имот изнесува речиси 850.000 евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Продолжи рочиштето против екс директорот на Инспекторатот за земјоделство, АнакиевСо сведочење на сопственикот на фирма од Делчево кој го пријавил директор на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакев поради барање поткуп од 100 илјади евра продолжи судењето против Анакиев.Со сведочење на сопственикот на фирма од Делчево кој го пријавил директор на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакев поради барање поткуп од 100 илјади евра продолжи судењето против Анакиев, кој беше уапсен во март годинава. Спроед Методи Манов сопсвеник на компанија за вештачки губрива обвинетиот Анакиев во некоклку наврати му вршел пристисок, му праќал вонредни инспекции ... за на крај преку трето лице шпедитер да му побара рекет од 100 илајди евра, кои требало да ги даде на две рати на Анакиев, а тој во замена да обезбеди камионите со вештачко губриво да поминат на Царина и преку граница. Оштетениот Манов пред судот сведочеше дека тој и неговиот брат цело време биле под притсиок од Анакиев, а голготата започнала еден месец пред да го пријават Анакиев во февруари годинава – токму кога почнува сезоната за увоз на вештачко ѓубриво.. Притоскот продолжил и понатаму, поради што Манов и неговит брат побарале средба со Анакиев, на која им бил кажано дека не работеле незаконски. „Тврдеа дека ѓубривото не било добро. А 20 години работевме по ист правилник и истиот закон за увоз на вештачко ѓубре. На самиот состанок ни рекоа дека целосно ќе го запрат увозот. По некое бреме на ГП Делчево целосно ни запреа 7 камиони. Стигна бараната сума за рекет. Тоа дојде преку нашиот шпедитер Горанчо Стаменковски. Со него работиме откако постои фирмата. Шпедитерот ни рече: ’Ќе се реши проблемот, бараат 100.000 евра. Се договоривме со брат ми да пријавиме. На телефонот на Горанчо напиша рекетот да биде на три рати. Јас предложив првата да биде пред Велигден, останатите по празникот. Васе сакаше парите да одат преку Горанчо. Тој не сакаше да биде вмешан во давањето мито. На самата разделба, директорот беше категоричен: Двапати по 50.000.“ Веднаш откако била договорена сумата, камионите ГП Делчево биле пренасочени на Деве Баир и поминале без проблем по истиот правилник и закон како и претходно. Останало само предавањето на парите. Манов раскажа дека тоа се случило на на 19-ти март, денот кога беше уапсен Васе Анакиев, откако при претрес на неговото возило полицијата пронајде 50 илјади вера под совозачкото седиште.. на примпредавањето на парите, освен него, присуствувале и неговиот брат и шпедитерот.. Обвинието на против Анакиев за кривично дело – Примање поткуп беше поднесено на 1 јули. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11