Првата депонија изградена по ЕУ стандарди предадена во употреба - Канал 5

Првата депонија изградена по ЕУ стандарди предадена во употреба

Депонијата во Ново Коњско, Гевгелија, прва во земјата изградена комплетно по стандарди на Европската унија денеска беше предадена во употреба на општина Гевгелија.

Првата депонија изградена по ЕУ стандарди предадена во употреба

Изградбата на депонијата, вредна еден милион американски долари е финансирана од јапонската влада, а проектот е имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Со пуштање во употреба на оваа депонија ќе се затвори сегашната нелегална депонија, која се протега по брегот на Сува Река, чиј капацитет е одамна надминат и претставува сериозна закана за животната средина и здравјето.

„Современата депонија е од клучна важност за нашата општина. Со нејзиното отворање, конечно ќе ги решиме проблемите со цврстиот комунален отпад, а наскоро ќе почнеме да ги гледаме и еколошките придобивки“, изјави градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков. Штом ќе почне да работи депонијата, од граѓаните ќе побараме да го сортираат ѓубрето, додаде Поцков.

„Навистина ни е драго што јапонската влада беше во можност да одвои средства за овој вреден проект“, изјави јапонската амбасадорка Кеико Ханеда. Ханеда додаде дека земјата се соочува со сериозни проблеми со одлагање на отпадот и овој проект претставува пример кој треба да го следат и другите градови и региони, надевајќи се дека оваа современа депонија ќе има клучна улога во идниот систем на интегрирано справување со отпадот на југоистокот на земјата.

„Во УНДП сме задоволни што сме пионери во изградбата на првата депонија целосно според стандарди на Европската унија“, изјави Луиза Винтон, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). „Но, правењето било што за прв пат знае да биде тешко. Движењето низ бирократските лавиринти за да се обезбедат сите потребни дозволи траеше две години. И тоа се одвиваше пред дури и да почнеме со изградбата. Затоа, им благодариме на нашите јапонски партнери за трпението. Но, сега, кога имаме функционална депонија, очекуваме да станеме „туристичка атракција“, каде што министри, градоначалници и граѓани можат од прва рака да видат дека депонијата изградена по ЕУ стандарди личи на се, но не на отпад. Се надеваме дека на овој начин ќе го забрзаме процесот за изградба на петте планирани регионални депонии и исто така сме подготвени да го понудиме нашето искуство како обемната бирократија и прекубројни регулативи можат да се надминат“, рече Винтон.

Таа побара од општината да ја стави во функција депонијата што побргу. УНДП во моментот помага во обуката на лицата кои ќе работат во депонијата, а се очекува во најскоро време да биде завршен патот до депонијата и обезбедување на соодветни возила за отпад и друга потребна опрема.

Депонијата е дел од поголем проект од 2,2 милиони американски долари, поддржан од јапонската влада, а спроведуван од УНДП како поддршка за општините кои беа најмногу погодени во бегалската криза во 2015-2016 година. Меѓу другите проекти финансирани од јапонската помош беше и реконструкцијата на пумпната станица во Гевгелија, со која двојно се зголеми капацитетот на снабдување на општината со вода за пиење. Исто така се реконструираше и коритото на Липковска река во Куманово, и сите проекти заедно придонесоа подобрување на квалитетот на живот на околу 150.000 жители во овие општини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Училиштето нека биде место каде што ќе стекнувате знаење, негувате почит, развивате другарство

Сиљановска-Давкова денеска во Охрид присуствуваше на свечениот прием на првачињата во ООУ „Св. Климент Охридски“

Сиљановска-Давкова: Училиштето нека биде место каде што ќе стекнувате знаење, негувате почит, развивате другарство

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид присуствуваше на свечениот прием на првачињата во ООУ „Св. Климент Охридски“, на кои им посака плоден и немирен ученички живот, воден од љубопитност, жед за учење и трагање по нови сознанија, здрав натпревар и заслужен успех.

Таа ги потсети првачињата, како најмлади климентовци, на природната охридска обврска врзана за Климент и Наум, најистакнатите ученици и следбеници на светите браќа Кирил и Методиј, да го чуваат и продолжат нивното големо просветителско и духовно дело. Затоа, посочи таа, учениците во училиштето што го носи името на Климент се „најклиментовите деца“.

Говорејќи за образованието како темел на личниот и општествениот развој, Сиљановска-Давкова истакна дека знаењето е најдобрата инвестиција во себе, бидејќи учењето не носи само поголемо разбирање, туку и самостојност, толеранција и способност критички да се размислува и дејствува.

Таа ги охрабри првачињата да прашуваат, да читаат и да пишуваат, да се борат не само за оценки, туку за знаење.

Претседателката укажа дека училиштето мора да биде пријатно, инспиративно образовно катче, безбедно место во кое секое дете се чувствува почитувано и прифатено, во духот на заедништвото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„17“ на Косара Митиќ е македонскиот кандидат за Оскар

Долгометражниот игран филм „17“, во режија на Косара Митиќ и во продукција на „Црна Мачка Продукција“, е избран за македонски кандидат за наградата Оскар, во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм.

„17“ на Косара Митиќ е македонскиот кандидат за Оскар

Одлуката ја донесе Комисијата за избор на национален кандидат за Оскар при Друштвото на филмските работници на Македонија, чиј состав е прифатен и одобрен од Американската академија за филмски уметности и науки: Марија Димитрова - претседател на Комисијата и продуцент, Антонио Митриќески - режисер, Дејан Димески - директор на фотографија, Иван Бартлинг - сценограф, Георги Унковски - режисер, Теута Ајдини Јегени - актерка и Сара Ферро - продуцент.

Во изборот оваа година беа пријавени два долгометражни играни филма: „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума и „17“ на Косара Митиќ.

„17“ ја имаше својата светска премиера во програмата „Перспективи“ на 76. Берлински филмски фестивал, а до сега има освоено 11 меѓународни награди. Меѓу нив се наградата за најдобар филм на Меѓународниот филмски фестивал во Уругвај; наградата за дистрибуција на Филмскиот фестивал во Болцано; Наградата од публиката и Специјалното признание за Ева Костиќ на Меѓународниот филмски фестивал во Лас Палмас; наградата за најдобра актерка за Ева Костиќ на Bella Tofifest во Полска; наградата GWFF за најдобар меѓународен дебитантски филм на Филмскиот фестивал во Ерусалим; Срцето на Сараево за најдобра актерка за Ева Костиќ, Специјална награда за промовирање родова еднаквост, наградата Cineuropa и Наградата од публиката за најдобар игран филм на Сараевскиот филмски фестивал; како и „Златна мимоза“ за најдобра режија за Косара Митиќ на Филмскиот фестивал во Херцег Нови.

Во филмот играат Ева Костиќ, Мартина Даниловска, Ева Стојчевска, Петар Маниќ, Ирена Димеска, Луна Бејков, Христијан Ристески, Алина Христовска, Даме Јовески, Јован Тодоров, Мина Јелушиќ, Тодор Стојковски, Иво Јездиќ, Ана Стојановска, Жаклина Стевковска, Сашко Коцев и Оливер Митковски.

Сценариото е на Косара Митиќ и Огњен Свиличиќ, продуценти се Томи Салковски и Кристијан Буровски, директор на фотографија е Наум Доксевски, сценографи се Дејан Ѓоршевски и Александра Чевреска, костимите се на Жаклина Крстевска, шминката и фризурата се на Карла Лазиќ (Србија), снимател на звук е Аљаж Лукан (Словенија), а монтажер е Владимир Павловски. Филмот е продукција на „Црна Мачка Продукција“, во копродукција со „Арт&Попкорн“ од Србија и „Децембер“ од Словенија, а меѓународен продажен агент е „Тотем“.

Свеченото доделување на 99. награди на Американската академија за филмски уметности и науки ќе се одржи на 14 март 2027 година во Лос Анџелес. Листата на филмови кои ќе влезат во потесниот избор за Оскар ќе биде објавена на 15 декември 2026 година, додека номинациите за 99. Оскари ќе бидат објавени на 21 јануари 2027 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата учебна година во Скопје со современи услови за учениците

Новата учебна година во средните училишта во Скопје започнува со подобрени и современи услови за учениците.

Новата учебна година во Скопје со современи услови за учениците

Во текот на летниот период беа реализирани низа инвестиции во образовната инфраструктура, со цел создавање поквалитетна и инспиративна средина за учење.

Обновени и опремени се кабинети по математика и физика, лаборатории по хемија и биологија, а училиштата добија современа наставна опрема, интерактивна технологија, дидактички помагала и нов мебел.

Посебно внимание е посветено на практичната настава преку современи лаборатории и изградбата на паметен пластеник, каде учениците ќе имаат можност практично да ги применуваат знаењата од науката, технологијата и земјоделството.

Дополнително, изградени се и нови современи спортски терени, со што се создаваат подобри услови за спорт, физичка активност и здрав развој на младите.

Со овие инвестиции, Скопје продолжува да гради образование што ја поттикнува љубопитноста, креативноста и практичните знаења и ги подготвува младите за професиите и предизвиците на иднината

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер