АЦВ реализираше регионална средба посветена на клучните предизвици и приоритети за развој на цивилното воздухопловство - Канал 5

АЦВ реализираше регионална средба посветена на клучните предизвици и приоритети за развој на цивилното воздухопловство

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), во соработка со EUROCONTROL, во Скопје реализираше дводневна регионална средба посветена на клучните предизвици, приоритети и идни насоки за развој на цивилното воздухопловство.

АЦВ реализираше регионална средба посветена на клучните предизвици и приоритети за развој на цивилното воздухопловство

На состанокот учествуваше висока делегација од EUROCONTROL, предводена од генералниот директор г-дин Раул Медина, како и генерални директори и експерти од воздухопловните власти и “контролите на летање” на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Унгарија, Црна Гора, Романија и Србија.

Средбата овозможи отворен и конструктивен дијалог за прашања од стратешко значење за регионот, со посебен акцент на заедничките предизвици, размената на искуства и можностите за натамошно унапредување на европската воздухопловна мрежа.

Во услови на континуиран раст на воздушниот сообраќај и променливи геополитички околности, југоисточниот дел на Европа добива сè поголемо значење во рамките на европскиот воздухопловен систем. Во тој контекст, беше нагласена потребата од координиран пристап, навремено планирање и продлабочување на регионалните партнерства, со цел обезбедување повисоко ниво на безбедност, ефикасност и отпорност на воздушниот сообраќај.

Во фокусот на разговорите беа и низа актуелни прашања од областа на воздухопловниот транспорт, како што се, зголемувањето на капацитетите во услови на растечки сообраќај, отпорноста на системите и сајбер-безбедноста, цивилно-воената координација, модернизацијата и дигиталната трансформација на управувањето со воздушниот сообраќај (ATM), интеграцијата на нови учесници во системот, како и развојот на човечкиот капитал и стекнувањето на нови знаења и вештини потребни за иднината.

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски, во своето воведно излагање, истакна дека, одржувањето на оваа значајна регионална иницијатива во Скопје претставува потврда за активната улога и придонесот на Република Македонија во развојот на регионалната воздухопловна соработка.

„Овој состанок е значајна можност за отворена размена на искуства, знаења и најдобри практики со партнерите од регионот и EUROCONTROL. Во време на брзи промени и нови предизвици во воздухопловниот сектор, ваквиот вид регионален дијалог е од особено значење за навремено препознавање на потребите и заедничко креирање на решенија, кои ќе придонесат кон поголема безбедност, ефикасност и отпорност на воздухопловниот систем“, истакна Стојаноски.

Тој додаде дека ваквите иницијативи се значаен придонес и кон јакнењето на институционалните капацитети и натамошното усогласување со европските стандарди и современите трендови во цивилното воздухопловство.

Агенцијата за цивилно воздухопловство останува посветена на унапредувањето на меѓународната и регионалната соработка, размената на знаења и искуства и создавањето услови за стабилен, безбеден, ефикасен и отпорен воздухопловен систем, способен да одговори на идните потреби на патниците, индустријата и европската воздухопловна мрежа.

EUROCONTROL, пак, преку Програмата за поддршка на државите (Support to States Programme) и својата функција на Менаџер на европската мрежа (Network Manager), продолжува да обезбедува експертска поддршка, современи алатки и специјализирани решенија за националните воздухопловни администрации, во согласност со нивните приоритети и специфични потреби.

АЦВ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер