Сиљановска-Давкова: Училиштето нека биде место каде што ќе стекнувате знаење, негувате почит, развивате другарство
1Сиљановска-Давкова: Училиштето нека биде место каде што ќе стекнувате знаење, негувате почит, развивате другарство
Ќерката на Брижит Макрон во врска со 20 години помлад студент – љубовната приказна потсетува на бракот на нејзината мајка
1Ќерката на Брижит Макрон во врска со 20 години помлад студент – љубовната приказна потсетува на бракот на нејзината мајка
МакедонијаПретрес во скопско, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 01.09.2026 во 00:05 часот во с.Инџиково, скопско, полицискис службеници од Единицата за недозволена трговија прои СВР Скопје го лишија од слобода Р.С.(34) од с.Инџиково. При претрес во домот на 42-годишната А.Д. од истото село, извршен со судска наредба, Р.С. бил затекнат и при преглед кај него биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана и дигитална вага. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: претреси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова: Училиштето нека биде место каде што ќе стекнувате знаење, негувате почит, развивате другарствоСиљановска-Давкова денеска во Охрид присуствуваше на свечениот прием на првачињата во ООУ „Св. Климент Охридски“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид присуствуваше на свечениот прием на првачињата во ООУ „Св. Климент Охридски“, на кои им посака плоден и немирен ученички живот, воден од љубопитност, жед за учење и трагање по нови сознанија, здрав натпревар и заслужен успех. Таа ги потсети првачињата, како најмлади климентовци, на природната охридска обврска врзана за Климент и Наум, најистакнатите ученици и следбеници на светите браќа Кирил и Методиј, да го чуваат и продолжат нивното големо просветителско и духовно дело. Затоа, посочи таа, учениците во училиштето што го носи името на Климент се „најклиментовите деца“. Говорејќи за образованието како темел на личниот и општествениот развој, Сиљановска-Давкова истакна дека знаењето е најдобрата инвестиција во себе, бидејќи учењето не носи само поголемо разбирање, туку и самостојност, толеранција и способност критички да се размислува и дејствува. Таа ги охрабри првачињата да прашуваат, да читаат и да пишуваат, да се борат не само за оценки, туку за знаење. Претседателката укажа дека училиштето мора да биде пријатно, инспиративно образовно катче, безбедно место во кое секое дете се чувствува почитувано и прифатено, во духот на заедништвото.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
Култура„17“ на Косара Митиќ е македонскиот кандидат за ОскарДолгометражниот игран филм „17“, во режија на Косара Митиќ и во продукција на „Црна Мачка Продукција“, е избран за македонски кандидат за наградата Оскар, во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм.Одлуката ја донесе Комисијата за избор на национален кандидат за Оскар при Друштвото на филмските работници на Македонија, чиј состав е прифатен и одобрен од Американската академија за филмски уметности и науки: Марија Димитрова - претседател на Комисијата и продуцент, Антонио Митриќески - режисер, Дејан Димески - директор на фотографија, Иван Бартлинг - сценограф, Георги Унковски - режисер, Теута Ајдини Јегени - актерка и Сара Ферро - продуцент. Во изборот оваа година беа пријавени два долгометражни играни филма: „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума и „17“ на Косара Митиќ. „17“ ја имаше својата светска премиера во програмата „Перспективи“ на 76. Берлински филмски фестивал, а до сега има освоено 11 меѓународни награди. Меѓу нив се наградата за најдобар филм на Меѓународниот филмски фестивал во Уругвај; наградата за дистрибуција на Филмскиот фестивал во Болцано; Наградата од публиката и Специјалното признание за Ева Костиќ на Меѓународниот филмски фестивал во Лас Палмас; наградата за најдобра актерка за Ева Костиќ на Bella Tofifest во Полска; наградата GWFF за најдобар меѓународен дебитантски филм на Филмскиот фестивал во Ерусалим; Срцето на Сараево за најдобра актерка за Ева Костиќ, Специјална награда за промовирање родова еднаквост, наградата Cineuropa и Наградата од публиката за најдобар игран филм на Сараевскиот филмски фестивал; како и „Златна мимоза“ за најдобра режија за Косара Митиќ на Филмскиот фестивал во Херцег Нови. Во филмот играат Ева Костиќ, Мартина Даниловска, Ева Стојчевска, Петар Маниќ, Ирена Димеска, Луна Бејков, Христијан Ристески, Алина Христовска, Даме Јовески, Јован Тодоров, Мина Јелушиќ, Тодор Стојковски, Иво Јездиќ, Ана Стојановска, Жаклина Стевковска, Сашко Коцев и Оливер Митковски. Сценариото е на Косара Митиќ и Огњен Свиличиќ, продуценти се Томи Салковски и Кристијан Буровски, директор на фотографија е Наум Доксевски, сценографи се Дејан Ѓоршевски и Александра Чевреска, костимите се на Жаклина Крстевска, шминката и фризурата се на Карла Лазиќ (Србија), снимател на звук е Аљаж Лукан (Словенија), а монтажер е Владимир Павловски. Филмот е продукција на „Црна Мачка Продукција“, во копродукција со „Арт&Попкорн“ од Србија и „Децембер“ од Словенија, а меѓународен продажен агент е „Тотем“. Свеченото доделување на 99. награди на Американската академија за филмски уметности и науки ќе се одржи на 14 март 2027 година во Лос Анџелес. Листата на филмови кои ќе влезат во потесниот избор за Оскар ќе биде објавена на 15 декември 2026 година, додека номинациите за 99. Оскари ќе бидат објавени на 21 јануари 2027 година.Тагови: Оскар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
МакедонијаНовата учебна година во Скопје со современи услови за ученицитеНовата учебна година во средните училишта во Скопје започнува со подобрени и современи услови за учениците. Во текот на летниот период беа реализирани низа инвестиции во образовната инфраструктура, со цел создавање поквалитетна и инспиративна средина за учење. Обновени и опремени се кабинети по математика и физика, лаборатории по хемија и биологија, а училиштата добија современа наставна опрема, интерактивна технологија, дидактички помагала и нов мебел. Посебно внимание е посветено на практичната настава преку современи лаборатории и изградбата на паметен пластеник, каде учениците ќе имаат можност практично да ги применуваат знаењата од науката, технологијата и земјоделството. Дополнително, изградени се и нови современи спортски терени, со што се создаваат подобри услови за спорт, физичка активност и здрав развој на младите. Со овие инвестиции, Скопје продолжува да гради образование што ја поттикнува љубопитноста, креативноста и практичните знаења и ги подготвува младите за професиите и предизвиците на иднинатаТагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook