МакедонијаСвечен прием по повод Денот на Агенцијата за национална безбедностВо Националната опера и балет свечено беше одбележан Денот на Агенцијата за национална безбедност.Во присуство на Претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, Претседателот на Собранието, м-р Африм Гаши, највисоки претставници на државниот врв и дипломатскиот кор во земјата, претставници на државните институции, партнерски служби и медиумите, во Националната опера и балет свечено беше одбележан Денот на Агенцијата за национална безбедност. Свеченоста беше посветена на институционалниот развој на Агенцијата, нејзината улога во современиот систем на национална безбедност, но пред сè на професионалците кои секојдневно, далеку од очите на јавноста, ја извршуваат една од најодговорните задачи во државата, заштитата на националните интереси, уставниот поредок и безбедноста на граѓаните. „Националната безбедност не е само институционална обврска. Таа е одговорност кон државата, кон граѓаните и кон генерациите што доаѓаат. Нашата сила се луѓето, професионалците кои својата работа ја извршуваат посветено, дисциплинирано и со висок степен на интегритет, свесни дека голем дел од нивниот придонес никогаш нема да биде јавно видлив. Токму во тоа се состои големината на нивната служба кон државата“, истакна Директорот на Агенцијата за национална безбедност, м-р Бојан Христовски. Посебен белег на свечениот настан даде премиерното прикажување на документарниот филм посветен на историјата и развојот на безбедносната служба од нејзините почетоци, преку клучните историски и институционални периоди, до современата Агенција за национална безбедност. Преку архивски материјали, сведоштва и пораки од домашни и меѓународни соработници и партнери, документарниот филм ја прикажа континуираната одговорност на безбедносната служба во заштитата на државата, но и нејзината трансформација во согласност со современите безбедносни предизвици и стандарди. Во своето обраќање, Директорот ги најави и следните значајни чекори во развојот на Агенцијата, меѓу кои формирањето на Центар за обука на АНБ, како системски механизам за континуирана едукација, професионално усовршување и создавање нови генерации високообучени безбедносни кадри. „Безбедносните предизвици денес се менуваат со динамика каква што досега не сме познавале. Затоа силна служба не се гради само со технологија и ресурси, туку пред сè со знаење, аналитички капацитет и луѓе кои постојано се развиваат. Центарот за обука треба да биде инвестиција токму во најважниот ресурс – човекот, знаењето и идниот капацитет на македонскиот безбедносен систем“, – додаде Директорот на АНБ, м-р Бојан Христовски. Во рамки на свеченоста беше претставено и првото издание на публикацијата “Безбедносна проценка за 2027 година”, како стратешки документ на Агенцијата посветен на безбедносните предизвици со кои се соочува државата. Документот претставува систематизиран аналитички осврт на современото безбедносно опкружување, ризиците и тенденциите кои можат да имаат влијание врз националната безбедност, како и основа за натамошно јакнење на стратешката и аналитичката функција на институцијата. Со неговото објавување, Агенцијата воспоставува нова практика на стратешко согледување на безбедносното опкружување и создавање институционално знаење кое ќе придонесе кон навремено препознавање и разбирање на современите закани. Одбележувањето на Денот на Агенцијата за национална безбедност испрати јасна порака за континуитет, професионалност и развој, дека заштитата на државата бара силни институции, современи капацитети, стратешка визија и луѓе кои својата професионална должност ја ставаат во служба на националниот интерес. Силна Агенција значи силен безбедносен систем. А силен безбедносен систем е еден од темелите на стабилна и сигурна држава.Тагови: АНБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Се соблече најубавата водителкаЕлеонора Инкардона, заштитното лице на спортската платформа „DAZN“ – која публиката често има можност да ја види за време на преносите на натпреварите од Серија А – сподели неколку фотографии од својот одмор на социјалните мрежи.Атрактивната водителка покажа делови од своето секојдневие надвор од телевизиското студио – од времето поминато покрај базенот и шетањето на кучето, до тренинзите, дружењето и уживањето во локалните специјалитети. „Мало бегство, токму она што ми требаше“, напиша Елеонора Инкардона покрај секси фотографии во бикини. Најголемата популарност ја стекна токму преку ангажманот на „DAZN“, каде што ги следи натпреварите од Серија А и големите фудбалски настани. Паралелно со телевизиската работа, таа изгради и голема публика на социјалните мрежи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Меган Фокс непрепознатливаЕдна од најубавите актерки во Холивуд, атрактивната Меган Фокс веќе неколку месеци изненадува со својот изглед. Видео на филмската платформа Letterboxd, во кое актерката Меган Фокс и режисерката Кери Кусама ги препорачуваат своите омилени филмови, предизвика низа реакции на социјалните мрежи. Многу од нив се однесуваа на физичкиот изглед на 40-годишната актерка. Иако снимката беше објавена во почетокот на октомври 2026 година, средбата била снимена уште во октомври 2025 година, за време на специјална проекција на филмот „Jennifer's Body“ во Музејот на филмската уметност на Академијата во Лос Анџелес. Во видеото, Фокс издвојува наслови како „Braveheart“, „The Lion King“ и „Ninja Turtles II“, како и филмскиот серијал за Хари Потер. ''Megan Fox'': Por la caripa que le quedó despues de tantas operaciones https://t.co/TceVR3CSNe — Es tendencia en 𝕏 (@EsTendenciaEnX) October 8, 2026 Сепак, откако некои корисници во коментарите заклучија дека актерката е непрепознатлива и почнаа да шпекулираат за можни естетски зафати, платформата Letterboxd ја оневозможи опцијата за коментирање на објавите на својот официјален профил на Инстаграм. „Што се случи со Меган Фокс што сите ја знаевме? Боже, таа се уништи себеси...“, „Меган Фокс како Џигсо за Ноќта на вештерките“, „Изгледа како член на семејството Адамс“, „Целосно си го уништи лицето. Каква штета“ – беа само дел од коментарите. Дел од јавноста застана во одбрана на актерката, истакнувајќи дека видеото е снимено осум месеци откако таа го родила своето четврто дете, како и дека периодот по породувањето носи природни промени во изгледот. Некои укажаа и на можното влијание на осветлувањето и шминката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамКако Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобилНа една конференција, шефот на Ферари раскажа дека Џеф Безос му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, како и дека Ferrari треба сериозно да размисли за електричните возила.Претседателот на Ферари, Џон Елкан, откри дека разговорот од 2016 година со основачот на Амазон, Џеф Безос, одиграл клучна улога во одлуката на италијанската компанија сериозно да го разгледа развојот на електричен автомобил. На конференцијата, Елкан сподели дека Безос тогаш му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, и дека Ферари треба сериозно да размисли за електричните возила. Десет години подоцна, Ферари го претстави моделот „Luce“ – подготвен за сериско производство и прв целосно електричен модел на компанијата. „Luce“ предизвика значителни реакции, не само поради својот електричен погон, туку и поради дизајнот. Надворешниот и внатрешниот дизајн беа развиени од студиото „LoveFrom“, во чиј тим е вклучен и поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв. Сепак, Ферари истакнува дека Luce останува верен на наследството на брендот во поглед на перформансите. Автомобилот располага со четири електромотори кои испорачуваат вкупна моќност од 1.050 КС и забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди. Батеријата со капацитет од 122 kWh овозможува деклариран досег од 530 км – што е донекаде скромна бројка со оглед на големината на батеријата. Цената е исто така нетипична за електрични автомобили. „Ferrari Luce“ чини околу 550.000 евра во Европа, а се очекува цената во САД да биде приближно иста. Џон Елкан нагласува дека Ferrari немал намера да создаде контроверзен автомобил; напротив, разговорот со Безос ја зацврстил убеденоста на компанијата дека треба да ја прифати електрификацијата, пренесува b92.Тагови: ферари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00