Министерот Серафимовски: Поголема економска самостојност и посилна социјална сигурност за жените земјоделки
1Министерот Серафимовски: Поголема економска самостојност и посилна социјална сигурност за жените земјоделки
БалканПротести по вчерашниот обид за атентат врз главниот бугарски обвинителАтентаторот има визуелен контакт со автомобилот на Гешев, а бомбата со моќност од три килограми ТНТ ја активирал со далечински управувач, покажала првичната истрага по неуспешниот обид за ликвидација на главнниот бугарски обвинител. Бугарското обвинителство утврдило дека се работи за класична заседа. Користен бил домашно направен експлозив, кој предизвикал кратер длабок 40 самтиметри и со дијаметар од три метри. -Станува збор за голем број фрагменти, силна експлозија со еквивалент на ТНТ и со јасна и концентрирана насока. Можеби прашање на делови од секунда биле експлозијата да не го зафати страничниот, широк дел од автомобилот, а не предниот десен браник и фарот. Можеби овие делови од секундата ги спасија патниците во автомобилот. , изјави Борислав Сарафов, заменик главен обвинител. Бугарската полиција соопшти дека има осомничени, но не откри повеќе детали. Придружуван од конвој возила, Гешев патувал со сопругата и двете ќерки и како што самиот кажа вистинска среќа е што во последен момент ги сменил возилата и се превезувал во блиндиран автомобил. -Тоа е автомобил со најдобра заштита со кој располага Националната служба за безбедност. Токму таа добра заштита доведе конкретната експлозија да не навлезе во оклопот на автомобилот и да го зафати делот каде што биле патниците. , изјави Иван Демерџиев, министер за внатрешни работи на Бугарија. Поддршка на главниот обвинител денеска му дадоа многу колеги и судии, кои протестираа пред речиси сите судови во земјата. -Утре може да е секој од нас или секој од вас, може да е секој кој не е подобен за некого поради тоа што си ја врши работата. , изјави Невена Зартова, обвинителка во обвинителството во Софија. Иван Гешев е главен обвинител три и пол години. Важи за контроверзна личност, блиска до екс премиерот Бојко Борисов. Во 2020-тата на антивладини протести се бараа оставки и од двајцата, поради наводна инволвираност во корупција. Оставка се бараше и поради тоа што во медиумите објави и два транскрипта со прислушувани разговори од кои во еден учествувал и претседателот Радев. Влчерашниот инцидент се смета за втор напад врз висок функционер, по егзекуцијата на екс премиерот Андреј Луков, кој во 96-тата беше смртно застрелан пред домот во Софија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
ФудбалКасано: Мурињо е надминат, Кристијано Роналдо е само половина „Феномен“!Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Антонио Касано повторно крена бура со своите изјави, а овојпат мета на неговите критики беше Жозе Мурињо. Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Рома остро зборуваше за португалскиот стручњак во интервју за шпанскиот весник „Ас“, доведувајќи ги во прашање неговите тренерски квалитети и начинот на кој ги води екипите. „Мурињо повеќе не би требало да води екипи. Имаше многу среќа, бидејќи ниту еден од неговите тимови не играше атрактивен фудбал. Неговите идеи за играта беа актуелни пред една деценија. Во кариерата не остави никакво фудбалско наследство, туку само скандали со сите“, изјави Касано. Италијанецот изрази изненаденост што Реал Мадрид своевремено го ангажираше португалскиот тренер и што претседателот Флорентино Перез му ја укажал својата доверба. Касано го пофали тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, нагласувајќи дека го смета за многу подобар стручњак од Мурињо. Според него, доколку двајцата си ги заменеле улогите, Реал под водство на Гасперини би можел да оствари убедлива победа, дури и со резултат 10:0. Поранешниот фудбалер исто така смета дека Реал треба да се угледа на Барселона и на тренерот Ханси Флик. „Во Реал треба да учат од Барселона и Флик. Тој изгради импресивен тим со силен карактер, во кој сите фудбалери учествуваат во нападите. Во Мадрид, пак, го прават токму спротивното“, изјави Касано. На удар се најде и Винисиус Жуниор. Италијанецот смета дека неговиот соиграч Родриго, кој моментално е повреден, е многу подобар фудбалер. Иако признава дека Бразилецот Винисиус е голгетер и поседува добри напаѓачки способности, Касано смета дека нему му недостасува класата на вистинска светска ѕвезда. Особено интересна беше неговата споредба на двајца познати фудбалери со име Роналдо. Касано, без двоумење, му ја даде предноста на Бразилецот Роналдо Назарио, познат како „Феноменот“. „Како централен напаѓач, немам видено подобар од Роналдо Назарио. Тој беше неверојатен феномен. Да не беа сериозните повреди, ќе достигнеше незамисливи височини. Тоа е вистинскиот Роналдо. Кристијано не може да се споредува со него и поседува само половина од класата на ’Феноменот‘“, истакна екс репрезенативецот на Италија и член на Реал, Антонио Касано.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
МакедонијаМинистерот Серафимовски: Поголема економска самостојност и посилна социјална сигурност за жените земјоделкиПоддршката до 360.000 денари по корисник преку мерката 115 - „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“,.Поддршката до 360.000 денари по корисник преку мерката 115 - „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“, од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година, и вкупно 100.000 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство преку Програмата за поддршка за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност, чии средства со ребалансот се зголемени од еден на два и пол милиони денари, беа во фокусот на обраќањето на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска во Струмица, на одбележувањето на Меѓународниот ден на руралната жена во организација на Националната федерација на фармери. „Современата механизација ја олеснува обработката на земјата, а дигиталните решенија и вештачката интелигенција отвораат можности за попрецизно планирање и поефикасно производство. Ќе работиме тие можности да им бидат подостапни на жените, преку стручен совет, обуки и поддршка за инвестиции“, порача министерот Серафимовски. Министерот Серафимовски информираше дека, според условите на јавниот повик за мерката 115, регистрираните земјоделски стопанства чиј носител или член е жена можат до 13 ноември 2026 година да аплицираат за средства за набавка на опрема за преработка и доработка на примарни земјоделски производи и за услуги за спроведување на деловниот план. „Сакам и надоместокот за мајчинство од Програмата за социјална сигурност да стигне до секоја жена за која е наменет. Ги охрабрувам жените со статус на осигуреник–индивидуален земјоделец кои ги исполнуваат условите да се информираат и да поднесат барање до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој најдоцна до 10 декември 2026 година“, рече министерот Серафимовски. Осврнувајќи се на податоците од Единствениот регистар на земјоделски стопанства на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во кој се евидентирани 129.226 земјоделски стопанства и 29.971 жена, од кои 3.918 се помлади од 40 години, министерот Серафимовски ја нагласи заложбата за поголемо учество на жените во управувањето со стопанствата и развојот на сопствени дејности, како и за надминување на стереотипот за земјоделството како „машка професија“. „Во вашите успеси се гледа силата на македонското земјоделство, а во вашите идеи се препознава насоката за неговиот следен исчекор. Како министер, преземам обврска тие идеи да добијат поддршка, а вашиот глас да има поголемо влијание врз одлуките што ги носиме“, им порача министерот Серафимовски на жените земјоделки кои денес присуствуваа на одбележувањето на Меѓународниот ден на руралната жена во Струмица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЈанчев: ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци доби нов ЕМГ кабинет Денеска официјално го промовиравме новиот ЕМГ кабинет во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, објави на социјалните мрежи градоначалникот Митко Јанчев. -ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци. Денеска официјално го промовиравме новиот ЕМГ кабинет во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, со што се прошируваат можностите за современа невролошка дијагностика и унапредување на здравствената заштита на пациентите од Кавадарци и регионот. На промоцијата присуствуваа градоначалникот Митко Јанчев и директорот на Клиниката за неврологија, Јован Божиновски. Електромиографијата (ЕМГ) е значајна дијагностичка метода за испитување на функцијата на периферните нерви и мускулите, која помага во откривањето и процената на различни невролошки состојби. Со воведувањето на оваа услуга, на пациентите им се овозможува полесен пристап до потребните дијагностички испитувања, без потреба за патување во други здравствени установи за секоја ваква услуга. Како раководство на болницата, остануваме посветени на модернизација на медицинската опрема, унапредување на стручните капацитети и создавање подобри услови за работа на здравствените работници и поквалитетна здравствена грижа за пациентите. Наш приоритет е здравјето на граѓаните и постојаното унапредување на здравствените услуги што им се достапни, стои во објавата на Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook