Проштална средба на министерот Никола Димитров со амбасадорот на Кралството Шведска, Матс Стафансон

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска го прими во проштална средба амбасадорот на Кралството Шведска, Матс Стафансон, пред завршување на неговиот мандат и заминување од земјата.

Министерот Димитров се заблагодари за исклучителниот придонес на амбасадорот Стафансон во развивањето на македонско-шведското пријателство, за што министерот Димитров му врачи и благодарница за неговиот плоден ангажман и искрена, отворена и конструктивна поддршка кон демократската трансформација и европските аспирации на нашата земја.

„Вашата мудрост, добронамерни и пријателски совети, како и професионалниот пристап во работата, оставија силен печат во нашето општество, а воедно и меѓу дипломатскиот кор како доајен. Особено ми претставува задоволство што меѓу другото, за време на Вашиот мандат беше интензивирана и размената на посети на високо ниво, а притоа беше усвоена и Декларација за соработка меѓу нашите две земји во 2017 година. Кралството Шведска продолжува да служи како наш модел и инспирација при преземање на реформските чекори во духот на европските вредности, а притоа уверен сум дека и Вашиот наследник ќе продолжи со иста динамика да го негува позитивниот тренд на билатерални односи.", рече Димитров на прошталната средба со амбасадорот.

СДСМ: Бојкоти и црни сценарија се одлика на ДПМНЕ

Одлика на ДПМНЕ се бојкоти, блокади и црни сценарија.

Го бојкотираа Киро Глигоров во 1993, кога требаше да влеземе во Обединетите Нации. Го бојкотираа и референдумот за членство во НАТО, го бојкотираа пописот и членството во ЕУ.

Ги бојкотираа најважните моменти од нашата независност и затоа ВМРО-ДПМНЕ нема апсолутно никакво право да зборува за нечиј бојкот.

На 27-ми април, 2017-тата година ВМРО-ДПМНЕ дозволи најобични насилници и силеџии да влезат во парламентот, да тепаат пратеници, да кренат рака на новинари, собраниски служби и да го погазат уставниот поредок на држата.

Со бојкот, црни сценарија и насилство држава не се гради.

На 8-ми мај, граѓаните треба масоввно да излезат на гласање и да не дозволат повторно да се врати режимот во најава.

СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Масовна излезност на 8ми мај и недвосмислена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Масовна излезност на 8ми мај и недвосмислена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат сила за коренити промени и враќање на Македонија на народот.

Масовна излезност на 8ми мај и недвосмислена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат сила за коренити промени и враќање на Македонија на народот.

Поразот на власта е катастрофален. СДС изгуби повеќе од двојно на 24ти април, потребно е на 8ми мај победата на ВМРО-ДПМНЕ да биде уште поголема.

Големата победата ќе отвори пат за влада без уцени. Големата победа ќе потопи секакви надежи на Ковачевски кој на Ахмети му ветува и премиер, само за да владее некако.

Ковачевски го потценува народот. И не сфаќа дека поразот кој го претрпе, се должи и на тоа што државата ја даде на тацна на бандитите од ДУИ.

Масовната излезност и поддршката за ВМРО-ДПМНЕ ќе ги испрати СДС и ДУИ во опозиција, и ќе отвори пат за економска трансфромација на Македонија.

Време е државата да ја вратиме во рацете на народот. Македонија повторно твоја.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес

 Демократскиот сојуз денеска ќе го одржи седмиот Конгрес.

Како што информираат од партијата, на Конгресот што ќе се одржи во хотел „Александар Палас“ се очекува да биде усвоен Повик до граѓаните да се вклучат во промените, како и врвни и стратешки приоритети на ДС за наредниот период.

притисни ентер