Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес

 Демократскиот сојуз денеска ќе го одржи седмиот Конгрес.

Како што информираат од партијата, на Конгресот што ќе се одржи во хотел „Александар Палас“ се очекува да биде усвоен Повик до граѓаните да се вклучат во промените, како и врвни и стратешки приоритети на ДС за наредниот период.

Маринакис: Во овој момент не сме до точка да ставиме вето, но почитувањето на Договорот е неопх

Во овој момент не сме до точка да ставиме вето, но почитувањето на Договорот е неопходен предуслов за ЕУ перспективата на С. Македонија.

Потребата да се почитува Договорот од Преспа како меѓународна обврска на двете земји, но и ставот дека Грција има континуитет и мора да го почитува договореното, ги повтори портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг, одговарајќи на прашањата на новинарите, меѓу кои и на дописничката на МИА од Атина.

Со оглед на тоа дека и Министерството за надворешни работи на Грција во вчерашното соопштение и грчкиот премиер утрово на Фејсбук порачаа дека за напредокот и во билатералните односи и патот на земјата кон ЕУ, зависат од почитувањето на Договорот, на прашањето на дописничката на МИА од Атина дали ова во пракса би значело и грчко вето за европската перспектива, Маринакис посочи дека не сме стигнати до таа точка, но сепак дека е неопходен предуслов.

-Во овој момент не сме до оваа точка, но јасно е и не се потребни многу толкувања, неопходен предуслов за интегративниот процес на С.Македонија е почитувањето на Договорот од Преспа, рече Маринакис.

Портпаролот на грчката Влада го повтори она што утрово го напиша премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис дека вчерашниот став на претседателката Силјановска Давкова за време на инаугурацијата е „провокативен и навредлив и спротивен на Договорот од Преспа“, Договор за кој како што посочи „откако беше изгласан ги обврза двете држави и Грција и С.Македонија да го спроведат“.

-Ова е факт за кој не постојат многу толкувања. Исто така е нешто што се чини дека го прифатија целосно и претседателката на Европската Комисија и претседателот на Европскиот совет кои веднаш реагираа, нешто што ги покажува и рефлексите на нашата земја и влијанието што веќе меѓународно го има Грција, да не го потценуваме тоа, бидејќи некогаш беше црната овца на Европа, посочи Маринакис.

Во однос на ставот за Договорот од Преспа на Нова демократија додека беше опозиција, се повика на твит од 24 јануари 2019 на Мицотакис, тогаш како лидер на опозицијата, во кој пишува дека „ако Договорот од Преспа се ратификува, тогаш нема да може да се поништи бидејќи има поголема сила од кој било друг закон“.

-Тогаш како опозиција, ние не се скривме, ги изразивме нашите сериозни приговори за Договорот од Преспа и гласавме против, позиција за која не се каеме. Го имаме токму истото мислење, но целосно го почитуваме она што го потпиша нашата земја, она што го изгласа Парламентот и како сериозна држава имаме обврска да го спроведуваме, а ова го кажавме уште од прв момент, истакна Маринакис.

Паралелно посочи дека очекуваат „од другата страна да го почитува договореното“, а тие „како држава што има континуитет“, ќе ги сторат истото.

На новинарско прашање за трите меморандуми со Македонија што сè уште не се ратификувани во Парламентот, упати прашања до опозициската СИРИЗА која повторно ја покрена темата.

- Искрено ги прашуваме и опозицијата, но пред сè граѓаните. Подобро ќе беше во овој период, со ставот на претседателката на С.Македонија, да беа изгласани меморандумите? Можеби е подобро што не се изгласани досега? Ние сме искрени и јасни, мораме да го спроведуваме Договорот од Преспа, но изгласувањето на меморандумите зависи и од другата страна и од тоа колку ќе биде доследна до своите меѓународни обврски, потенцираше портпаролот на грчката Влада на редовниот брифинг со новинарите и странските дописници.

На германските разузнавачки служби дозволено им е да ја надгледуваат АфД поради екстремизам

 На германската Канцеларија за заштита на уставниот поредок и понатаму и е дозволено да ја води партијата Алтернатива за Германија (АфД) како организација осомничена за екстремистички активности, одлучи Вишиот управен суд во Мунстер.

Според убедувањето на судскиот совет, постојат доволно докази дека партијата постапува против достоинството на одредени групи граѓани и против принципите на демократијата, се наведува во образложението на пресудата.

Во образложението се истакнува и дека „добар дел од АфД“ се залага на граѓаните со мигрантско потекло да им даде законски понизок статус.

Вишиот управен суд објасни и дека класифицирањето на АфД како можна екстремистичка организација не значи истовремено дека таа е навистина екстремистичка организација.

Со денешната пресуда се отфрли тужбата на АфД, која се жалеше за ставањето на партијата на листата на осомничени организации за екстремистички и противуставни цели.

Чикаго ќе организира трка во Формула 1 во 2026 година

Трка во Формула 1 за Големата награда на Чикаго треба да се појави во натпреварувачкиот календар од 2026 година. Според „Fastest Pitstop“, веќе е договорено Чикаго да биде домаќин на едно Гран при.

Конфигурацијата на патеката допрва треба да биде одобрена, но во моментов со сигурност се знае дека сцената ќе биде ноќе.

Во календарот на шампионатот, Големата награда на Чикаго ќе се одржи пред етапата во Канада.

Се очекува во наредните недели да следи официјалното објавување на трката за ГН на Чикаго и договорот со Формула 1.

притисни ентер