Промоција на монографијата „Македонија- Милениумски културно-историски факти“ - Канал 5

Промоција на монографијата „Македонија- Милениумски културно-историски факти“

„Македонија-Милениумски културно-историски факти“ е монументална енциклопедиска едиција од капитално значење со високо научно и културолошко значење која дава академски конзистентна слика за развојот на македонската цивилизација од праисториската доба сé до почетокот на 21 век.


Ова беше истакнато на денешната промоција на четиритомната едиција во издание на „Медиа Принт Македонија“ и Универзитетот „Евро Балкан“, а под покровителство на Фондацијата „Илија Камчев“.

На промоцијата се обрати министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која подвлече дека едицијата е сериозна и аргументирана анализа на историските, културните и уметничките карактеристики на Македонија, на нејзината археолошка стратиграфија, на духовното наследство и на нејзиниот милениумски цивилизациски развој.

- Монографијата е синтеза на сето она што го поседуваме и таа говори за физичката и духовната култура на македонскиот народ, рече Канческа - Милевска.

Таа подвлече дека оваа иницијатива, која уште на почетокот беше поддржана од Министерството за култура денеска е монументален документ за врвните цивилизациски творби на човекот од македонското поднебје, и сведоштво за идните генерации кои токму од наследството треба да црпат чувство на припадност и идентитет.

- Во четирите одделни тома, (праисториската епоха, античкиот период, средновековието, османлиската ера и модерното време) е прикажана широката патека на културата на Македонија и неодминливите богатства на нашата земја: неолитскиот Адам од Говрлево, охридската Златна маска, грцилната хеленистичка скулптура на божицата Изида од Охрид, раскошните доцноантички мозаични панорами од Хераклеја Линкесис, имресивниот портрет на Свети Климент од црквата „Св. Богородица Перивлепта“, хуманистичкиот фреско-ораториум насликан во црквата Свети Пантелејмон во Нерези, живописната Шарена џамија во Тетово, прикажани се херојските ликови на македонската револуционерна борба и уште илјадници ликови на востаници и дејци кои го трасираа патот до сонот кој денес го живееме – самостојна и независна Република Македонија, рече министерката за култура.

Еден од промоторите на монографијата проф. д-р Елизабета Димитрова, која е и еден од авторите, подвлече дека изданието е заеднички авторски труд на 26 автори еминентни истражувачи во повеќе научни области кои создадоа дело без предрасуди и дилеми, без замки и погрешни интерпретации, без провокации и дубиози, без субјективизам и фикции.

- Херои и предавници, маченици и освојувачи, кралеви и војводи, поети и сонувачи, сите тие имаат свое место во научно истражувачкиот есеј во четри тома наречен „Македонија- Милениумски културно-историски факти“, посочи меѓу другото Димитрова.

Срѓан Керим истана дека ова драгоцено издание ќе доживее и превод на англиски јазик за да биде достапно и вон границите на Република Македонија, а за сдите љубители на книгата ќе биде достапно по популарна цена.

Покровителот Јордан Камчев и Фондацијата „Илија Камчев“, со овој проект, дава значаен придонес во градењето на културата на македонскиот народ, изразување почит кон предците и подарок на идните поколенија.

Едицијата на 2.540 страници ја валоризира македонската историја, цивилизација и култура и е збогатена со бројни фотографии од обемното културно-историско наследство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За десет месеци 84 загинати на патиштата, 33 помалку од лани–Тошковски најави преполовување на жртвите до 2030 година

Оние кои се совесни возачи само пред камерите на „Сејф Сити“ и веќе ја научија секоја нивна позиција, а откако ќе ги поминат им се враќаат на старите и опасни навики, ќе ги ловат и брендирани, но и цивилни возила на МВР 

За десет месеци 84 загинати на патиштата, 33 помалку од лани–Тошковски најави преполовување на жртвите до 2030 година

Оние кои се совесни возачи само пред камерите на „Сејф Сити“ и веќе ја научија секоја нивна позиција, а откако ќе ги поминат им се враќаат на старите и опасни навики, ќе ги ловат и брендирани, но и цивилни возила на МВР - најавуваните пресретнувачи од 2027 година излегуваат на патиштата. Министерот Тошковски вели дека непредвиливоста на овие „ловци“, кои ќе регистираат повеќе прекршоци, но со главен фокус на брзината, ќе придонесе за поголема безбедност во сообраќајот, а она што ќе го фатат на радарот ќе се процесуира преку дигиталниот систем на кој се потпира и Сејф Сити, па известување за казната ќе пристигнува во порака.

-Во иднина, голем број, нема да кажам колку, но голем број од полициските возила кои што ги има МВР ќе бидат во исто време и уреди со кои што ќе може да се констатираат неколку прекршоци. И цивилни? И цивилни, особено бележани, значи со возилата кои што ги има МВР ќе можеме да детектираме пред се управување на возило со несоодветна брзина. Затоа што цениме дека таков тип на конторола е нужен за да можеме да го смириме сообраќајот и таму каде што немаме поставено камери, а оние кои што несовесно ги управуваат возилата, полека, полека научија каде се камерите и тоа е добро, е сега ќе не може да претпостават каде ќе бидат полициските возила,- -Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи.

Ова ново решение во сообраќајот е клучно во спроведување на националата стратегија 2026-2030 која денеска беше презентира и чија цел е бројот на жртви во сообраќајни несреќи да го намали за 50% во однос на 2024 година. Нејзиното мото е „Секој живот е важен“, а важен е и целокупниот институционален и невладин пристап за да има помалку страдања, вели универзитетскиот професор Никола Дујовски кој ја презентираше стратегијата. Според него, состојбите на патиштата се пресуден фактор.

-Мора да се градат патишта кои ќе одговорат на потребите на управувањето со возило во 21 век, патишта кои ќе ни ги заштитат граѓаните, да не ни се случи повеќе да страдаат возачи и други учесници во сообраќајот заради пропусти во изведувањето, заради лошата документација. На крајот на стратегијата се предвидени конкретни активности за секоја различна институција, акцискиот план е навистина богат со мерки и задачи кои што треба да се спроведат, за да се реализира се што е предвидено,- Никола Дујовски – универзитетски професор.

Националната стратегијата, која се фокусира на човековиот живот, треба да ја однесе земјава чекор поблиску кон главната цел, нула жртви во сообраќајот до 2050 година, согласно светската и европска стратегија. Во моментов преку длабока анализа се утврдуваат и „црните точки“ во земјава кои се најголема опасност по животот.

Во изминативе 35 години, Македонија бележи поразителен просек од околу 150 жртви годишно во сообраќајот. Годинава, до ноември, загинале 85 лица, односно, 32 жртви помалку од лани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче бара одговорност од гувернерот Славески за случајот со„Алта банка“

СДСМ ја подготвува интерпелацијата за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и ќе ја поднесе во Собранието деновиве, а во меѓувреме очекуваат тој самиот да поднесе оставка за погрешните одлуки околу влезот на Алта банка .

Филипче бара одговорност од гувернерот Славески за случајот со„Алта банка“

СДСМ ја подготвува интерпелацијата за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и ќе ја поднесе во Собранието деновиве, а во меѓувреме очекуваат тој самиот да поднесе оставка за погрешните одлуки околу влезот на Алта банка на македонскиот финансиски пазар, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Гувернерот, според Филипче, не ја исполнил својата законска обврска да провери кој стои зад банката, а сега брзал со продажба на акциите на Алта банка Битола, одлука која не зависи од Славески туку од Белград. Филипче упати јавно прашање дали Славески и Мицкоски имале средби со Давор Мацура и дали на државни и јавни претпријатија им било укажано да ги префрлат сметките во банката.

-Сè уште нема одговор од гувернерот, ниту од премиерот, зошто не провериле каков капитал влегува во земјата? Зошто не провериле каква репутација има газдата на Алта банка кој што од вчера е во притвор, Давор Мацура? Имало ли трансфери на пари пред купувањето на Алта банка Битола? Имало ли средби со Давор Мацура на гувернерот Трајко Славески? Имало ли средби помеѓу гувернерот и Давор Мацура на кои што присуствувал и премиерот Христијан Мицкоски? Доаѓал ли тука со скап приватен авион Давор Мацура на такви средби?, праша Филипче.

На прес конферецнијата реагираа од ВМРО-ДПМНЕ... ги обвинија Филипче и СДСМ дека се фабрика за предизвикување страв и паника, но, како што велат тоа нема да успее како не успеало ни за мигрантите, ни за водата, ниту за пензиите... Државата, вклучително и Народна банка ги преземаат сите мерки за заштита на интересите на државата, граѓаните, штедачите, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Во меѓувреме во Собранието се уште се чека да се договори датум за надзорната расправа на која се очекува гувернерот Славески да даде одговор на сите прашање поврзани со постапувањето на НБРМ во случајот со Алта банка. Од ВМРО-ДПМНЕ побараа претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска да ја закаже за утре во 11 часот, согласно, како што велат, договореното во понеделникот.

- Не ни беше одговорено до овој момент на нашето барање. Затоа ние, согласно можностите коишто ни ги дава Деловникот, до претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, согласно член 126 став 2 од Деловникот на Собранието, собравме една третина од потписите од членовите и замениците-членови на Комисијата за финансирање и буџет, изјави Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали Давор Мацура бил во земјава по изборите во Србија, од МВР велат дека не можат да кажат поради тоа што тие информации ги споделуваат само по барање на надлежните инситуции...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче за Извештајот на ЕК: Сè е полошо, заробено судство, задушени медиуми, корупција

Власта го зароби судството, го задуши медиумскиот простор и ја остави корупцијата недопрена, напиша Филипче.

Филипче за Извештајот на ЕК: Сè е полошо, заробено судство, задушени медиуми, корупција

„Извештај на ЕК 2026: сè е полошо. Нула напредок против корупција, слобода на изразување и јавните набавки. Судство под политичка опсада и без пари. 40 тужби против новинари - тројно повеќе од лани. Медиумите под притисок. Земјоделство пред колапс. Власта го зароби судството, го задуши медиумскиот простор и ја остави корупцијата недопрена. Сè оди надолу. Како да биде кога мафија владее со земјата?“- напиша претседателот на СДСМ Венко Филипче на „X“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер