3Седум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испит
Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
МакедонијаБрзаковска: Бетон Герасимовски и менторот Филипче, Центар го претвораат во жабокречина, загрозено е здравјето на жителитеДенеска сме во центарот на Скопје, на улицата „Петар Поп Арсов“ број 38, каде што жителите со години се соочуваат со сериозен проблем кој Општина Центар очигледно не успева или не сака да го реши.Зад металните огради се наоѓа запуштен и заграден простор, во кој, според укажувањата на жителите, има наталожено отпад, обрасната вегетација и застоена вода, која создава услови за размножување комарци и други штетници. Речиси две децении овој простор стои ограден, а околните жители се оставени сами да се справуваат со последиците од неговата запуштеност. Но, проблемот не е само во состојбата на парцелата. Проблемот е и во односот на Општина Центар кон граѓаните. Кога жителите побарале помош од Комуналната инспекција, добиле одговор дека општината не е надлежна бидејќи станува збор за приватен имот. Господине Герасимовски, дали тоа е Вашиот одговор на секој проблем во општината? Дека некој простор е приватен и затоа Општината нема никаква обврска да реагира? Никој не бара од Вас да посегнувате по приватна сопственост. Бараме да ја работите работата за која сте избрани. Да испратите инспекција, да ја утврдите состојбата, да постапите во рамките на законските надлежности и да побарате одговорност од сопственикот доколку се утврдат неправилности. Дали воопшто е направен записник? Дали е утврдено што се случува зад оградата? Дали е контактиран сопственикот? Дали е побарано отстранување на отпадот и застоената вода? Ова се прашања на кои граѓаните заслужуваат конкретни одговори. Додека во Центар никнуваат нови згради, додека се бетонира секој слободен простор и додека урбанистичките интереси стануваат главна тема, основните комунални проблеми остануваат нерешени. Затоа со право се поставува прашањето: дали политиката на Бетон Герасимовски и неговиот ментор Филипче е политика на развој на Центар или политика во која граѓаните остануваат последни на листата на приоритети? Центар не се само зградите, инвеститорите и градежните парцели. Центар се луѓето кои живеат тука, нивните деца, нивните домови и нивното секојдневие. Од градоначалникот Горан Герасимовски бараме: Прво, итно да се изврши увид на локацијата на улицата „Петар Поп Арсов“ број 38 и да се утврди фактичката состојба. Второ, да се преземат сите мерки во рамките на законските надлежности за отстранување на отпадот, застоената вода и потенцијалните извори на штетници. Трето, да се утврди сопственикот на парцелата и да се побара од него да ги отстрани утврдените неправилности. Четврто, јавноста да биде информирана што конкретно презела Општината и во кои рокови проблемот ќе биде решен. Граѓаните на Центар не заслужуваат да бидат оставени сами да се борат со проблемите пред своите домови. Господине Герасимовски, Вие сте градоначалник на сите жители на Центар, а не само на оние што градат и инвестираат. Доста е од бетон, доста е од изговори и доста е од префрлање одговорност! На Центар му треба општина што ќе се грижи за граѓаните, а не општина што ќе им објаснува зошто не може да им помогне. Клементина Брзаковска, претседател на Комисија за животна средина при ОК Центар на ВМРО - ДПМНЕ и член на ГК СкопјеТагови: Брзаковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветШефот на НАТО за европската армија: Додека постигнеме договор, Путин веќе ќе стигне до РотердамРуте предупреди дека формирањето на обединета европска армија би можело да биде штетно во случај на руски напад.Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предупреди дека формирањето на обединета европска армија би можело да биде штетно во случај на руски напад, бидејќи координирањето на дејствијата меѓу Алијансата, националните војски и европските сили би одземало премногу време. Руте го изјави ова на 72-рата годишна седница на Парламентарното собрание на НАТО во Берлин. Тој појасни дека не се противи на создавањето европска армија, но истакна дека, доколку се реализира таква иницијатива, би имало смисла да се укинат националните војски на земјите-членки на Европската унија, за да се избегне преклопување на надлежностите. „Мојот став отсекогаш бил дека, ако имате европска армија, не можете истовремено да одржувате и национални војски. Соединетите Држави имаат една војска. Не постои посебна армија или морнарица за сојузната држава Њујорк или Калифорнија. Постојат обединети, интегрирани вооружени сили на САД. Ако Европа може да го постигне тоа, тогаш во ред“, рече Руте, изразувајќи притоа скептицизам дека таков развој на настаните би можел да се случи во скоро време. За да ја илустрира својата поента, Руте претстави хипотетичко сценарио што вклучува руски напад врз европските нации – ситуација во која, доколку постои таква структура, би бил потребен одговор од силите на НАТО, националните војски и заедничките воени сили на ЕУ. Тој процени дека постигнувањето договор за воените одлуки би траело со недели, период во кој руските сили би можеле да напредуваат сè до Холандија. „Она што не би го препорачал е секоја земја да има своја војска – соработувајќи во рамките на НАТО – а покрај тоа, да постои и голема европска воена структура. Ако Путин нападне, прво ќе ни требаат две или три недели за да се договориме кој што прави, а тој веројатно ќе стигне до Ротердам уште пред ние да донесеме одлука. Тоа е мојот аргумент“, рече генералниот секретар на НАТО. Руте додаде дека, според него, координацијата и поделбата на одговорностите меѓу НАТО и Европската унија во моментов се на многу добро ниво. NATO's Rutte: What I would counsel against is to have all the nations having their own military working together in NATO, and then on top of that having a big European structure. Because then, if Putin attacks, we will first need two or three weeks to agree who will do what, and then he will probably end up in Rotterdam before we have decided. There is no principal problem against a European military. But again, I don't see it happening soon. I don't think there is a big push for it. — Clash Report (@clashreport) November 23, 2026 Тагови: Марк Руте Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Целосната реконструкција на паркот „Жена - Борец“ се одвива со силна динамикаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во работните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена-Борец“.- Целосната реконструкција напредува со силно темпо. Во срцето на градот, меѓу зеленилото и спомен-обележјата, генерации наоѓале свое место за средба, за прошетка и за краток одмор од градската врева. Сакам и следните генерации да го доживуваат овој парк со истата блискост и да го затекнат уреден и негуван. Старите плочки ги заменуваме со нови и ги обновуваме пешачките патеки, за овој простор да добие изглед достоен за неговото место во срцето на Скопје. Ја реставрираме и постојната урбана опрема, а со дополнително хортикултурно уредување го збогатуваме парковското зеленило – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека претходно беше обновено спомен-обележјето на децата бегалци, кое беше вандализирано, а по периодот во кој беше згаснат, кај фонтаната повторно гори Вечниот оган. - Со обновата на овие обележја го чуваме и сеќавањето што му дава посебно значење на овој парк. Моја одговорност е скопските паркови да ја добиваат грижата што ја заслужуваат, и денес, додека ги обновуваме, и секој ден потоа. Затоа продолжуваме со нивно редовно одржување и со подигнување нови зелени површини, за секоја генерација скопјани да има свое место под сенка, своја клупа и спомени во парк. Скопје се сака со дела – рече Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаСедум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода седум лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Сите седум лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за А.С.(25) и М.С.(19), двајцата од Скопје, И.Ќ.(36) од село Долно Палчиште, Општина Боговиње, Д.М.(20) од Гостивар, Т.К.(50) од село Близанско, Општина Македонски Брод, Д.С.(40) од Радовиш и С.М.(23) од Прилеп. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол. Само со одговорно однесување на секој учесник можеме заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај и заштита на човечките животи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter