За десет месеци 84 загинати на патиштата, 33 помалку од лани–Тошковски најави преполовување на жртвите до 2030 година
1За десет месеци 84 загинати на патиштата, 33 помалку од лани–Тошковски најави преполовување на жртвите до 2030 година
Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
3Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
КултураПромоција на книга раскази од Блаже МиневскиВо мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ во Скопје утре напладне ќе биде промовирана книгата раскази „Пристапната беседа на академик Сисое“ од Блаже Миневски. За делото на познатиот раскажувач, романсиер и публицист, промотивна реч ќе одржи поетот и литературен критичар Раде Силјан. Извадоци од книгата ќе чита Софија Гогова Врчаковска. Книгата раскази „Приспивната беседа на академик Сисое“ содржи триесет кратки раскази создадени во последниве неколку години. Девет од расказите имаат добиено награди на разни конкурси за краток расказ, а насловениот расказ е застапен во антологијата „Најдобри европски раскази“ во 2011 година, објавена на англиски јазик од американскиот издавач Dailey Archive Press од Чикаго. /Извор: МИА/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗа десет месеци 84 загинати на патиштата, 33 помалку од лани–Тошковски најави преполовување на жртвите до 2030 годинаОние кои се совесни возачи само пред камерите на „Сејф Сити“ и веќе ја научија секоја нивна позиција, а откако ќе ги поминат им се враќаат на старите и опасни навики, ќе ги ловат и брендирани, но и цивилни возила на МВР Оние кои се совесни возачи само пред камерите на „Сејф Сити“ и веќе ја научија секоја нивна позиција, а откако ќе ги поминат им се враќаат на старите и опасни навики, ќе ги ловат и брендирани, но и цивилни возила на МВР - најавуваните пресретнувачи од 2027 година излегуваат на патиштата. Министерот Тошковски вели дека непредвиливоста на овие „ловци“, кои ќе регистираат повеќе прекршоци, но со главен фокус на брзината, ќе придонесе за поголема безбедност во сообраќајот, а она што ќе го фатат на радарот ќе се процесуира преку дигиталниот систем на кој се потпира и Сејф Сити, па известување за казната ќе пристигнува во порака. -Во иднина, голем број, нема да кажам колку, но голем број од полициските возила кои што ги има МВР ќе бидат во исто време и уреди со кои што ќе може да се констатираат неколку прекршоци. И цивилни? И цивилни, особено бележани, значи со возилата кои што ги има МВР ќе можеме да детектираме пред се управување на возило со несоодветна брзина. Затоа што цениме дека таков тип на конторола е нужен за да можеме да го смириме сообраќајот и таму каде што немаме поставено камери, а оние кои што несовесно ги управуваат возилата, полека, полека научија каде се камерите и тоа е добро, е сега ќе не може да претпостават каде ќе бидат полициските возила,- -Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи. Ова ново решение во сообраќајот е клучно во спроведување на националата стратегија 2026-2030 која денеска беше презентира и чија цел е бројот на жртви во сообраќајни несреќи да го намали за 50% во однос на 2024 година. Нејзиното мото е „Секој живот е важен“, а важен е и целокупниот институционален и невладин пристап за да има помалку страдања, вели универзитетскиот професор Никола Дујовски кој ја презентираше стратегијата. Според него, состојбите на патиштата се пресуден фактор. -Мора да се градат патишта кои ќе одговорат на потребите на управувањето со возило во 21 век, патишта кои ќе ни ги заштитат граѓаните, да не ни се случи повеќе да страдаат возачи и други учесници во сообраќајот заради пропусти во изведувањето, заради лошата документација. На крајот на стратегијата се предвидени конкретни активности за секоја различна институција, акцискиот план е навистина богат со мерки и задачи кои што треба да се спроведат, за да се реализира се што е предвидено,- Никола Дујовски – универзитетски професор. Националната стратегијата, која се фокусира на човековиот живот, треба да ја однесе земјава чекор поблиску кон главната цел, нула жртви во сообраќајот до 2050 година, согласно светската и европска стратегија. Во моментов преку длабока анализа се утврдуваат и „црните точки“ во земјава кои се најголема опасност по животот. Во изминативе 35 години, Македонија бележи поразителен просек од околу 150 жртви годишно во сообраќајот. Годинава, до ноември, загинале 85 лица, односно, 32 жртви помалку од лани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаФилипче бара одговорност од гувернерот Славески за случајот со„Алта банка“СДСМ ја подготвува интерпелацијата за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и ќе ја поднесе во Собранието деновиве, а во меѓувреме очекуваат тој самиот да поднесе оставка за погрешните одлуки околу влезот на Алта банка .СДСМ ја подготвува интерпелацијата за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и ќе ја поднесе во Собранието деновиве, а во меѓувреме очекуваат тој самиот да поднесе оставка за погрешните одлуки околу влезот на Алта банка на македонскиот финансиски пазар, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Гувернерот, според Филипче, не ја исполнил својата законска обврска да провери кој стои зад банката, а сега брзал со продажба на акциите на Алта банка Битола, одлука која не зависи од Славески туку од Белград. Филипче упати јавно прашање дали Славески и Мицкоски имале средби со Давор Мацура и дали на државни и јавни претпријатија им било укажано да ги префрлат сметките во банката. -Сè уште нема одговор од гувернерот, ниту од премиерот, зошто не провериле каков капитал влегува во земјата? Зошто не провериле каква репутација има газдата на Алта банка кој што од вчера е во притвор, Давор Мацура? Имало ли трансфери на пари пред купувањето на Алта банка Битола? Имало ли средби со Давор Мацура на гувернерот Трајко Славески? Имало ли средби помеѓу гувернерот и Давор Мацура на кои што присуствувал и премиерот Христијан Мицкоски? Доаѓал ли тука со скап приватен авион Давор Мацура на такви средби?, праша Филипче. На прес конферецнијата реагираа од ВМРО-ДПМНЕ... ги обвинија Филипче и СДСМ дека се фабрика за предизвикување страв и паника, но, како што велат тоа нема да успее како не успеало ни за мигрантите, ни за водата, ниту за пензиите... Државата, вклучително и Народна банка ги преземаат сите мерки за заштита на интересите на државата, граѓаните, штедачите, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ. Во меѓувреме во Собранието се уште се чека да се договори датум за надзорната расправа на која се очекува гувернерот Славески да даде одговор на сите прашање поврзани со постапувањето на НБРМ во случајот со Алта банка. Од ВМРО-ДПМНЕ побараа претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска да ја закаже за утре во 11 часот, согласно, како што велат, договореното во понеделникот. - Не ни беше одговорено до овој момент на нашето барање. Затоа ние, согласно можностите коишто ни ги дава Деловникот, до претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, согласно член 126 став 2 од Деловникот на Собранието, собравме една третина од потписите од членовите и замениците-членови на Комисијата за финансирање и буџет, изјави Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. Дали Давор Мацура бил во земјава по изборите во Србија, од МВР велат дека не можат да кажат поради тоа што тие информации ги споделуваат само по барање на надлежните инситуции... Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаФилипче за Извештајот на ЕК: Сè е полошо, заробено судство, задушени медиуми, корупцијаВласта го зароби судството, го задуши медиумскиот простор и ја остави корупцијата недопрена, напиша Филипче.„Извештај на ЕК 2026: сè е полошо. Нула напредок против корупција, слобода на изразување и јавните набавки. Судство под политичка опсада и без пари. 40 тужби против новинари - тројно повеќе од лани. Медиумите под притисок. Земјоделство пред колапс. Власта го зароби судството, го задуши медиумскиот простор и ја остави корупцијата недопрена. Сè оди надолу. Како да биде кога мафија владее со земјата?“- напиша претседателот на СДСМ Венко Филипче на „X“.Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter