МетеоПроменливо облачно, магла во котлинитеВремето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени. УХМР најави дека до понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност, додека во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
МакедонијаСтојаноска: Познаваме поморбидни случаи од оној во Ѓорче Петров, неопходна е национална стратегијаЗачестените случаи на меѓуврсничко насилство го вклучи алармот за неопходноста од носење национална стратегија, вели во разговор за Канал 5, универзитетската професорка и социјолог, Татјана Стојаноска Иванова.. Сања Тајковска Ставров разговараше со неа.. Во видеото погледнете го целиот разговор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Изјавата на Мерц ги разобличува лагите на владата дека не сме добродојдени во ЕУНа самитот во Тиват ЕУ испрати порака дека вратите се отворени, не смееме да ја пропуштиме шансата, смета лидерот на СДСМ, Венко ФилипчеНа самитот во Тиват ЕУ испрати порака дека вратите се отворени, не смееме да ја пропуштиме шансата, смета лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој воедно вели дека пораките на лидерите во црна гора се разобличиле како што вели лагите на владата дека не се добредојдени во Европската унија.. Ова филипче го изјава за време на денешната меѓународна конференција „Скопска иницијатива“, организирана од СДСМ и од „Корчуланската висока политичка школа“, заедничка активност која ги обединува регионалните прогресивни и социјалдемократски сестрински партии за демократски, европски и просперитетен западен балкан... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКомбајните жнеат јачмен, а откупна цена се уште немаЖетвата на јачменот во Неготино и Градско започна а за десетина дена ќе почне да се жнее и во штипско карбинскиот регион. Производителите предупредуваат дека неизвесноста околу тоа колкави ќе бидат откупните цени е голема и бараат итно да се свика Потсекторската група за жито за да се дефинираат откупните цени. Според нив, поскапувањето на репроматеријалите, горивата и механизацијата значително ги зголемиле трошоците за производство, а дополнителен проблем е и доцнењето на субвенциите. И останатите земјоделски здруженија се со сличен став дека под 16 денари не треба годинава да се откупува пченицата како стратешка кулутра ако сакаме да ги зголемуваме површините и да ја намалуваме увозната зависност од лебно жито. Став побаравме и од министерството за земјдоелство во кој се вели.. Во текот на наредната недела ќе се одржи состанок на потсекторската група за жито на која една од точките на дневен ред ќе биде претстојната жетва на пченицата и јачменот. Дополнителен проблем за земјоделците е условот кој го постави државата 30% од родот да е предаден кај регистриран откупувач кој сега може да го злоупотребат откупувачите заради што и бараат државата да ги заштити со брзо носење на реална пресметката за производната цена која треба да биде заштита за земјоделците од манипулации со цената. Велат дека во периодот на жетва за одржување на реалната откупна цена многу би помогнало и ако навреме се вклучат и стоковите резерви со откуп. Барањата на земјоделците се совпаѓаат и со актуелните движења на светските пазари. Анализите на меѓународните берзи покажуваат дека годинава се очекува намалено производство кај дел од најголемите производители на пченица, додека климатските ризици и намалените залихи ги одржуваат цените на релативно високо ниво. Покрај неизвесноста околу откупната цена, земјоделците реагираат и поради доцнењето на исплатата на субвенциите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter