Производителите на возила ја гледаат 2040 година како краен датум за возилата што загадуваат - Канал 5

Производителите на возила ја гледаат 2040 година како краен датум за возилата што загадуваат

Земјите и производителите на возила денеска, во рамки на КОП26, се согласија да ја прекинат продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување до 2040 година според COP26, но четирите најголеми светски производители не презедоа таква обврска.

Производителите на возила ја гледаат 2040 година како краен датум за возилата што загадуваат

Во соопштението од домаќинот на Конференцијата за климата во Велика Британија се ветува дека потписниците ќе се стремат да продаваат само нови автомобили со нулта емисија од 2040 година и „најдоцна до 2035 година на водечките пазари".

Тие рекоа дека ќе ги поддржат владите во нивното барање „да ги направат возилата со нулта емисија достапни, со прифатливи цени и одржливи во сите региони до 2030 година".

Но, водечките светски производители на возила – Кина, САД, Јапонија и Германија – не се потпишаа на договорот.

Водечките производители на автомобили Тојота, Фолксваген и Рено-Нисан-Мицибуши, исто така, не се вклучени на листата. Меѓутоа, Форд, Мерцедес-Бенц, Џенерал Моторс и Волво карс – сите се обврзаа на постепено укинување на автомобилите со мотори со внатрешно согорување.

Патниот транспорт најмногу придонесува за емисиите од сообраќајот, кои сочинуваат околу 20 отсто од целокупното јаглеродно загадување предизвикано од човекот.

Во друго ветување, денеска Велика Британија соопшти дека ќе престане да продава нови дизел камиони некаде помеѓу 2035 и 2040 година.

„Денешниот ден претставува многу горд момент во историјата, бидејќи владите ширум светот се обединуваат за 100 отсто поддршка за продажба на автомобили, комбиња и камиони со нулта емисија до 2040 година", рече британскиот министер за транспорт Грант Шапс.

Сепак, еколошките здруженија истакнаа дека обврските не ги опфаќаат главните производители на автомобили со мотори со внатрешно согорување.

Мартин Кајзер, извршен директор на Гринпис, Германија, рече дека е „сериозно вознемирувачко" што големите земји и производители не се приклучиле на обврската.

– За да ја запреме употребата на нови фосилни горива, треба да ја прекинеме зависноста. Тоа значи веднаш да се префрлиме од мотори со внатрешно согорување на електрични возила и да создадеме еколошки мрежи за јавен транспорт, рече тој.

Тојота ја бранеше својата одлука да не ја потпише обврската, велејќи дека нејзиниот глобален деловен модел ќе ја направи обврската „тешка".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека

Со изведување на наодите од градежното вештачење на објектот „Пулс“ изработено од тим од градежниот факултет при УКИМ, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека.

Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Уна“- интимна, поетична и визуелно впечатлива театарска приказна за борбата на индивидуалецот и љубовта

 „Уна“ е претстава за човечките односи, за влијанието на минатото врз сегашноста и за тоа како едно единствено сеќавање може да го обликува целиот човечки живот.

„Уна“- интимна, поетична и визуелно впечатлива театарска приказна за борбата на индивидуалецот и љубовта

Театарската претставата „Уна“ работена по текст на истоимениот роман на Момо Капор, во адаптација на Стеван Копривица, режија на Дејан Пројковски и во продукција на театарот „Звездара“ од Белград, вчеравечер беше вистински празник на драмскиот репертоар на 66. „Охридско лето“.

Во време кога технологијата и социјалната пропаганда го преплавуваат секојдневниот живот, кога е тешко да се зачува искрена и длабока врска, оваа интроспективна и емотивна драма потсети на важноста на зачувувањето на автентичноста и искреноста и собра громогласни аплаузи како награда од публиката за двочасовната маестрална актерска игра.

„Уна“ е претстава за човечките односи, за влијанието на минатото врз сегашноста и за тоа како едно единствено сеќавање може да го обликува целиот човечки живот.

Според романот „Уна“ на Капор е направен филм во осумдесеттите години на минатиот век, но никогаш досега не е работена театарска претстава, што за големиот македонски режисер Дејан Пројковски, како што вели самиот тој, било голем предизвик.

-Претставата зборува за борба на човекот и подготвеноста да ја плати цената за да се избори за личната слобода и од друга страна, љубовта како една голема и вечна тема, љубовта која што живее во овие општествени и морални рамки, но всушност во тие рамки го бара својот бескрај и своето небо, љубовта којашто за двајцата, за Мишел и за Уна, е како едно патување низ нивните души. Всушност, тие се обидуваат космосот или сопствениот бескрај да го пронајдат некаде длабоко во себе. Претставата на крајот завршува со познатите стихови од романот што останува после љубовта. Тоа е се темите, борбата на индивидуалецот и љубовта помеѓу две човечки суштества кои не одговараат по сижеата на сите светски љубовни приказни, вели режисерот Пројковски кој со години бележи успеси како на домашната, така и на меѓународната театарска сцена.

Целата претстава се одвиваше во една трагикомична линија како што всушност е и човечкиот живот. Никола Ристановски, кој го играше главниот лик – универзитетскиот професор Мишел Бабиќ, на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“, уште еднаш потврди дека е суверен на сцената, играјќи со длабока, сугестивна и прецизна сценска игра. Во актерската екипа беа и Магдалена Мијатовиќ во улога на студентката Уна, Сена Ќоровиќ како Олга,-сопругата на професорот Бабиќ и Марко Гверо во улогата на проректорот Дукиќ.

Сценографијата на Валентин Светозарев беше посебно интересна, динамична и во склад со промените на тематскиот фокус. Музиката на Горан Трајковски автентично ја долови атмосферата на љубовната и политичката опиеност, а костимите на Ивана Ристиќ беа соодветни за реалистичната поставка на ликовите.

„Звездара“ е еден од најреномираните и најкултни театари од поранешните ју-простори, основан во 1984 година, чиј основач, но и директор од 1998 година до денес е големиот драмски писател Душан Ковачевиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево со мала до умерена облачност

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. 

Денес сончево со мала до умерена облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник кога ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер