Продолжуваат јавните прозивки и обвинувања во коалицијата „Вреди“ - Канал 5

Продолжуваат јавните прозивки и обвинувања во коалицијата „Вреди“

Таравари не може да биде дел од „Вреди“, а истовремено да преговара со ДУИ и Ахмети. 

Продолжуваат јавните прозивки и обвинувања во коалицијата „Вреди“

Вицепремиерот Изет Меџити и денеска со иста порака до неговиот коалициски партнер Арбен Таравари - да избере страна со кого ќе соработува на претстојните локални избори. За разлика од тврдењето на Таравари, Меџити вели дека спојувањето на четирите албански партии во една не е нова идеја, за што тој бил запознаен од самиот почеток. Таравари беше надгласан, а не уценет од останатите лидери од „Вреди“ за предлогот на локалните избори да сите да одат со посебни листи, кажа Меџити, а за прозивките дека комуницира со високи претставници од ДУИ, Меџити му одговори – неформална комуникација со партиите е едно, а политичка соработка нешто сосема друго.

-Треба јасно да дефинираме комуникација и политички преговори. Ние комуникација, поздравување, можеме да имаме со сите во Собранието, со Муса Џафери, Фатмир Дехари и со некој пратеник од Левица, СДСМ и со ВМРО. На крајот, ние не водиме војна, туку водиме политички битки и концепти. Проблемот е што и самиот Таравари потврди дека преговара со Ахмети. ВЛЕН е формиран како антипод на ДУИ. Затоа уште еднаш ќе го повикам, не може да бидеш и дел од ВРЕДИ и да преговараш со Ахмети и ДУИ оти тогаш губи смисла промената и поделбата на два политички концепти, изјави Меџити.

Одговорот на Меџити следува по синоќешната изјава на Таравари кој во интервју говорејќи за последните случувања во оваа коалиција и коментирајќи ја својата изјава дека сите во „Вреди“ комуницираат со ДУИ, рече дека Изет Меџити е тој што има комуникација со Муса Џафери и Фатмир Дехари од ДУИ.

-На пример, господинот Меџити има комуникација со многу луѓе во ДУИ. Ако не со Али Ахмети, има со Муса Џафери. Или има со Фатмир Дехари. Или има со некој експонент. И нашите пратеници во Собранието имаат комуникација. Верувам и тие од Беса, не се изолирани. Не велам дека претседателите се сретнале заедно, но комуникација во една држава со 1,5 милион жители и каде што има 120 пратеници во Парламентот – тоа е нормално, изјави Таравари.

Таравари негира дека преговара со ДУИ за соработка на локалните. И вчера повтори дека не добил понуда од другите партии за да се обединат во една. Ултиматуми како што кажа не прифаќа но подготвен е да разговара.

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс.

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс рече дека сигурно би добила 20 годишна суспензија и одземање на сите освоени грен слем титули доколку би била позитивна на допинг тест како во случајот со светскиот рекет број еден Јаник Синер минатата година.

Синер прифати тримесечна забрана во февруари по договорот со Светската антидопинг агенција, која ја оспори одлуката на независен суд да го ослободи од вината по двата позитивни теста за анаболниот агенс клостебол.

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс, која се пензионираше во 2022 година откако освои 23 грен слем трофеи.

„Синер е одличен за овој спорт, потребен му е на машкиот тенис. Но, да го направев тоа јас, ќе добиев 20-годишна казна“, додаде таа.

Синер, чија забрана истекува на 4 мај, отсекогаш тврди дека е виновен, иако неговиот случај иницира прашања за тоа дали добил повластен третман од спортските федерации./МИА

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

 Се очекува тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти да ја напушти клупата на шпанскиот гигант по финалето на Купот на кралот, што ќе се одигра на 26 април против Барселона во Севиља, дознава „Скај Спорт“.

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

Анчелоти дополнително ги подгреа сомнежите околу неговата иднина во Реал вчерашната елиминација од Арсенал во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Според „Скај Спорт“, 65-годишниот италијански стратег ќе остане на клупата на Реал до финалето на домашниот Куп, но се очекува потоа да го напушти клубот.

Анчелоти сè почесто се споменува и како најсериозен кандидат за нов селектор на Бразил, а оваа вест би можела и официјално да биде потврдена пред крајот на сезоната.

Фото: ЕПА

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје, прецизирајќи дека извршил безброј „отворени и прикриени“ акции кои ја уназадиле иранската нуклеарна програма за „речиси една деценија“.

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Ова е прва изјава на Нетанјаху за Иран откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги почна преговорите со Техеран во обид да склучи нов ирански нуклеарен договор.

- Како што многупати изјави премиерот – Израел нема да дозволи Иран да се здобие со нуклеарно оружје, се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.

- Премиерот предводеше безброј акции, отворени и прикриени, во борбата против иранската нуклеарна програма, без која Иран денес би имал нуклеарен арсенал. Тие акции ја вратија иранската нуклеарна програма речиси една деценија назад, се додава во соопштението.

Западните земји, предводени од САД, се сомневаат дека Иран сака да се здобие со нуклеарно оружје. Техеран ги отфрла тие обвинувања и го брани правото на нуклеарна енергија за цивилни цели, особено за енергија.

Иран и САД, кои немаат дипломатски односи од 1980 година, минатата сабота ги одржаа првите разговори, со посредство на властите во Оман, за иранската нуклеарна програма.

Втората средба на официјалните претставници на двете земји е закажана за в сабота во Рим./МИА

притисни ентер