ВМРО-ДПМНЕ со конкретни реформи и инвестиции обезбедува долгорочна енергетска стабилност за Македонија
2ВМРО-ДПМНЕ со конкретни реформи и инвестиции обезбедува долгорочна енергетска стабилност за Македонија
Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
2 Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
3 Основачот на OpenAI: „Поради вештачката интелигенција ќе се работи уште повеќе, но потајно ќе бидеме посреќни“
МетеоПродолжува топлотниот бран, денес сончево со температура до 39 степениСпоред Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
ФудбалШпанците воведуваат нови правила во Ла Лига Шпанската Ла Лига влегува во новата сезона, која започнува на 15 август, со неколку нови правила чија цел е да се намалат прекините во играта и да се направи завршницата на натпреварите подинамична.Најзначајните промени се однесуваат на замената на играчи, повредите на голманите и прекините на играта. Според новите правила, фудбалерот што ја напушта играта ќе мора да го напушти теренот во рок од 10 секунди. Доколку не го стори тоа, на неговата замена нема да ѝ биде дозволено да влезе во игра сè до следната пауза меѓу полувремињата, кога судијата ќе ја одобри замената. Важната новина се однесува и на ситуациите кога голманот ќе се повреди при крајот на натпреварот. Во тој случај, тренерот ќе мора да одреди еден фудбалер од теренот кој исто така ќе го напушти теренот и нема да може да се врати во игра најмалку една минута по продолжувањето на натпреварот. Доколку тренерот не избере играч, капитенот на тимот автоматски ќе мора да го напушти теренот. Ова правило нема да се применува доколку судијата процени дека станува збор за сериозна повреда, потрес на мозокот или крварење. Промените се однесуваат и на изведувањето на прекините. Покрај при изведувањето на почетниот удар, тимовите сега ќе имаат на располагање пет секунди за изведување корнер, со цел дополнително да се забрза темпото на играта.Тагови: Фудбал Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: САД и Иран имаат „многу добри разговори“Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација имала „многу добри разговори“ со Иран за време на вчерашните целодневните преговори, поттикнувајќи ги очекувањата за крај на петмесечниот конфликт.Утринава цените на нафтата паднаа, со надеж дека наскоро би можел да се постигне договор за обновување на сообраќајот низ блокираниот Ормутски теснец. „Тие имаа целодневни преговори“, изјави Трамп за емисијата „ Night“ на Фокс њуз. Ормутскиот теснец „ќе биде отворен многу наскоро“, додаде Трамп. „Ако повторно се повлечат, ќе бидат силно погодени“. Трамп честопати се закануваше со масовни напади доколку Техеран не постигне договор, а потоа се повикуваше на напредок во разговорите кои досега не успеаја да ги прекинат непријателствата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалУЕФА го укинува правилото што со години ги збунуваше навивачитеЕвропската фудбалска унија (УЕФА) воведе две важни измени во правилата за своите клупски натпреварувања. Веста се однесува на системот на суспензии поради жолти картони, но и на прикажувањето на времето на стадионите за време на натпреварите. Двете измени стапуваат на сила веднаш и ќе важат за сите три клупски натпреварувања на УЕФА – Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига. Една од најважните промени се однесува на акумулираните жолти картони. Според новите правила, играчот ќе добие суспензија од еден натпревар дури по четвртиот жолт картон, наместо по третиот, како што беше случај досега. Оваа промена им овозможува на играчите да одиграат повеќе натпревари пред да бидат принудени да паузираат поради акумулирани јавни опомени. Уште една промена ќе биде веднаш забележлива на стадионите. УЕФА ја укина долгогодишната забрана според која официјалните семафори не смееја да го прикажуваат времето по 45-тата и 90-тата минута од натпреварот. Тоа значи дека отсега часовникот на стадионот ќе продолжи да го мери времето и за време на судиското надополнување – практика што веќе постои во некои национални првенства, вклучително и во Премиер лигата. На тој начин, навивачите на трибините ќе имаат подобар преглед за тоа колку време преостанува до крајот на натпреварот за време на судиското надополнување.Тагови: УЕФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08