Продолжува судењето за „организаторите на 27 април"

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на насилствата во Собранието од 27 април 2017 година.

На предлог на обвинителката Вилма Рускоска, на денешното рочиште треба да сведочат премиерот Оливер Спасовски и Михаил Младеновски, еден од обвинетите за насилствата во законодавниот дом. Рускоска најави дека како сведок ќе биде повикан и Александар Василевски – Нинџа, осуден на осум години затвор за „27 април".

На првото рочиште за организаторите на насилствата во Собранието одржано на 26 февруари, обвинетите Трајко Велјановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски, се изјасника дека не се винови за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност". Поранешните државни функционери од времето на ВМРО-ДПМНЕ, кои се товарат за организирање на „крвавиот четврток", кажаа дека го сметаат обвинието против нив за политички прогон.

Обвинителката Рускоска, пак, тврди дека ќе докаже оти обвинетите изготвиле план со намера за загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата со акти на насилство за да спречат мирно примопредавање на власта, што резултира со насилствата на 27 април 2017 година.

Во истрагата за организаторите на „27 април" беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.

Судскиот процес го води судијата Илија Трпков. /МИА

Видео: Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина

Пет лица загинаа вчера во торнадо во јужната кинеска метропола Гуангжу, јави ДПА.Новинската агенција Синхуа денеска јави дека 33 лица се повредени во невремето.

Според официјалните податоци, торнадото предизвикало штета на 141 производствени капацитети, но ниту една станбена зграда не е урната.

Според Синхуа, работата на спасувачите сега е главно завршена. За време на торнадото, метеоролошката станица во областа Баијун во Гуангжу забележа брзина на ветер од над 20 метри во секунда.

Пред само една недела, Гуангжу и околната провинција Гуангдонг беа погодени од пороен дожд, при што загинаа најмалку четири лица, а повеќе од 100.000 жители беа евакуирани.

Гуангжу има население од над 18 милиони луѓе. Главниот град на провинцијата Гуангдонг е еден од најважните економски центри во Кина.

ЛШ: Тројца фудбалери на Баерн неизвесни за дуелот со Реал

Фудбалерите од средниот ред Џамал Мусиала и Конрад Лајмер, како и дефанзивецот Матијас де Лихт се под знак прашалник за првиот натпревар од полуфиналната пресметка на Баерн Минхен во Лигата на шампионите против Реал Мадрид

Фудбалерите од средниот ред Џамал Мусиала и Конрад Лајмер, како и дефанзивецот Матијас де Лихт се под знак прашалник за првиот натпревар од полуфиналната пресметка на Баерн Минхен во Лигата на шампионите против Реал Мадрид идниот вторник, објави германскиот клуб.

Мусиала вчера не настапи во победата на Баерн во Бундеслигата над Ајнтрахт Франкфурт поради воспаление на тетивата.

„Тој навистина сакаше да игра, а и ние. Имаше два дена кога не чувствуваше никаква болка, но тоа повторно се врати вчера“, објасни тренерот на Баварците, Томас Тухел.

Лајмер го истегна зглобот на натпреварот со Ајнтрахт, додека Де Лихт има повреда на лигаментите на коленото.

„Ќе видиме дали и двајцата ќе бидат подготвени за натпреварот во вторник. Ќе треба да почекаме да видиме што ќе покажат дополнителните тестови“, додаде Тухел.

Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење

Вкупно 142 мерки, меѓу кои  52 за непочитување на брзината на движење се изречени во контролите на сообраќајот што вчера ги спроведе Секторот за внатрешни работи Скопје на територија на град Скопје.

Како што информира МВР, при тоа се изречени и 15 мерки за возење без возачка дозвола, шест за користење мобилен телефон при возење, шест за управување под дејство на алкохол,...

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат сообраќајните контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, какао што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

притисни ентер