Продолжи судењето за „Пулс“: Презентирани листинзи од телефонска комуникација на газда Деко и неговиот син Михајло - Канал 5

Продолжи судењето за „Пулс“: Презентирани листинзи од телефонска комуникација на газда Деко и неговиот син Михајло

Во судницата во Идризово се читаа пораки од телефони.

Продолжи судењето за „Пулс“: Презентирани листинзи од телефонска комуникација на газда Деко и неговиот син Михајло

„Началничка Марија“, „Весна инспекторка“, „Ацо командант“, „Магдалена лиценца“, „Вики економија“... вака биле запишани дел од луѓето што дојавувале кога полиција ќе биде присутна во објектот, да бидат подготвени за рација, како и дека лиценцата за работа за скоро истекува и треба да се обнови. Обвинителството продолжи со изнесување на материјални докази во обид да ја реконструира улогата на институциите што требало да ја контролираат дискотеката која беше пеплосана од пожар во март лани поради што над 60 семејства останаа завиени во црно. На рочиштето беше презентирана и комуникација помеѓу првообвинетиот сопственикот Деко, и неговиот син Михајло Јованов непосредно пред трагедијата. Тој го известува татко му дека има рација во објектот „Булевар”, од полицајци од Радовиш кои, „не се наши” и дека ќе дојдат и во дискотеката. Пишува дека има многу малолетни и дека треба да се испразни, на што Дејан му враќа дека и да е така, ќе оди во стечај.

Родителите на децата што ги загубија животите во пожарот порачаа дека очекуваат правда, посочувајќи дека јавноста за првпат слушнала и имиња на лица кои имале бројни и сериозни контакти со сопствениците на „Пулс“ и „Класик“, а не се опфатени во обвинителниот акт.

Иако денешното рочиште помина без нови сведочења и без драматични пресврти, доказната постапка влезе во фаза во која преку службената документација се утврдува кој што знаел, кој што контролирал и дали навреме биле преземени законските мерки. Пред судот беа презентирани и документи поврзани со Државниот пазарен инспекторат и инспекциските контроли, како продолжение на доказната постапка во која претходно беа разгледувани и документи од Министерството за економија поврзани со издавањето на лиценците. Со секој нов документ, обвинителството се обидува да ја поткрепи тезата дека пропустите не биле изолиран случај, туку дел од поширок институционален синџир кој, според обвинението, овозможил дискотеката да работи и покрај утврдените неправилности.

На следното рочиште се очекува Обвинителството да продолжи со изведување материјални докази, по што ќе следува нивно оспорување од страна на одбраната.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3.342

Бројот на загинати во двата земјотреси во Венецуела се искачи на 3.342, објави венецуелското министерство за информирање.

Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3.342

Бројот на повредени достигна 16.470, додека бројот на луѓе кои останаа без своите домови скокна на над 17.300.

Првиот земјотрес во Венецуела со магнитуда од 7,2 степени според Рихтеровата скала се случи на 24 јуни, на околу двесте километри западно од Каракас. По него следуваше втор земјотрес со магнитуда од 7,5 степени, на оддалеченост од 45 километри, а потоа и низа последователни потреси. Земјотресот со магнитуда од 7,5 степени беше најсилниот во последните повеќе од сто години, велат податоците на американскиот геолошки институт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милиони луѓе на погребната поворка на ајатолахот Али Хамнеи во Техеран (ВИДЕО)

Милиони луѓе се придружија на погребната поворка во Техеран за да го испратат телото на починатиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи на пат кон светиот град Ком.

Милиони луѓе на погребната поворка на ајатолахот Али Хамнеи во Техеран (ВИДЕО)

Според иранските медиуми, денешниот настан е најголемиот јавен собир во модерната историја на земјата. Поворката почна утрината од верскиот комплекс „Голема мосала“ во Техеран, каде што што изминатите два дена беше изложено телото на Хамнеи.

Организаторите очекуваат поворката, која се движи по траса долга околу 10 километри, да трае помеѓу 10 и 12 часа. Хамнеи кој беше убиен на 28-ми февруари од американските сили, ќе биде погребан во четврток. По атентатот, за негов наследник беше назначен неговиот син Моџтаба Хамнеи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

18 загинати во руски воздушни напади врз Киев – Зеленски алармира на недостиг на пресретнувачки ракети

Најмалку 18 луѓе загинаа, а повеќе десетици се ранети во најновите жестоки руски водзушни напади врз Киев, само неколку дена откако во слични напади беа убиени над 30 цивили.

18 загинати во руски воздушни напади  врз Киев – Зеленски алармира на недостиг на пресретнувачки ракети

Како што соопштија украинските власти, мета на нападите биле повеќе згради во главниот град, каде што избувнале пожари, а меѓу повредените има и деца. Според информациите, Русија употребила 350 беспилотни летала, 40 крстосувачки ракети, но и речиси 30 балистички и суперсонични проектили, од кои безмалку ниту еден не бил соборен. Киев призна дека украинската одбрана претрпела огромен удар поради сериозниот недостиг на пресретнувачки ракети за системот патриот, кој единствено може да соборува балистички проектили. Украинскиот претседател Зеленски апелираше до сојузниците да донесат силни одлуки на самитот на нато утре и задутре за да и обезбедат на украина воздушна одбрана. Додека ракетите „Патриот“ се во магацините на нашите сојузници, Русија е само охрабрена да продолжи да уништува станбени згради“, напиша Зеленски на социјалните мрежи..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер