3Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
БалканПродолжени за уште една седмица актуелните мерки за влез во ГрцијаНовата министерска одлука на грчката Влада, „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19", веќе е објавена во Службен весник на Грција, стапи во сила во шест часот утрово, а во сила е до следниот петок 8 октомври.Актуелните правила и мерки за патување во Грција, односно задолжителен документ за Ковид-19 и PLF формулар, кои меѓу другото важат и за државјаните на Македонија, продолжени се за уште една седмица, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука на грчката Влада, „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19", веќе е објавена во Службен весник на Грција, стапи во сила во шест часот утрово, а во сила е до следниот петок 8 октомври. За патување кај јужниот сосед, нема промени, задолжителен е сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 или негативен ПЦР/рапид тест, како и пополнет формулар за влез во земјата, додека пак за невакцинираните, односно за оние кои патуваат со негативен тест и понатаму е во сила одлуката за дополнително тестирање на влезните точки во Грција. За влез од Македонија во Грција отворени се сите гранични премини, кои работата 24 часа. Сите посетители „независно од државјанството и начинот на влез во земјата" исто како и во изминатите четири и пол месеци имаат четири опции, во однос на документите што треба да ги приложат и се поврзани со Ковид-19, а МИА детално ги пренесува сите правила за патување кај јужниот сосед. Првата опција е целосно да ја имаат завршено вакцинацијата 14 дена пред патувањето и да достават сертификат за вакцинација на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа и да ги содржи податоците: име и презиме, како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, заедно со датуми кога се примени. Втората можност е со негативен тест: или ПЦР направен во последните 72 часа пред патувањето или антигенски (брз) тест направен 48 часа претходно. И за двете опции, тестирањето треба да биде во одобрена од државата на потекло приватна или државна лабораторија, а потврдата да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот. За оние кои патуваат со негативен тест „независно од државјанството и начинот на влез, а во Грција пристигнуваат од: Египет, Албанија, Аргентина, Македонија, Бугарија, Бразил, Грузија, Куба, Обединетите Арапски Емирати, Индија, Кина, Либија, Мароко, Пакистан, Русија и Турција", предуслов за влез е да добијат негативен резултат од задолжителното тестирање со ПЦР/ рапид тест на влезните точки во Грција. Задолжителното тестирање не важи за патниците кои имаат валиден сертификат за вакцинација со поминати 14 дена од втората доза или потврда за прележана болест во изминатите шест месеци. Третата опција се однесува на оние кои прележале Ковид-19 во изминатите шест месеци и може да достават потврда за прележана болест по лабораториско тестирање со ПЦР или антигенски (брз) тест, а сертификатот се издава 30 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до 180 дена подоцна. Документот треба да биде од јавна установа или од лаборатории одобрени од државата на потекло, да ги содржи податоците од пасошот и повторно, може да биде на неколку јазици, односно на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик. Европскиот дигитален Ковид сертификат е четвртата алтернативна можност за влез во Грција. Конкретните обврски за патување важат за лица со наполнети 12 години. Дополнително, за патување, задолжителен е и електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form), кој треба да биде пополнет преку интернет страницата https://travel.gov.gr, по што се добива потврда со QR-код и се смета за неопходен документ за влез во Грција. Сите посетители на Грција, независно од земјата на потекло, може да бидат подложени на тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам и со помош на кодот од PLF формуларот. Тестирањата, за вакцинираните и оние кои прележале Ковид-19 се по случаен избор, а за останатите, за оние кои патуваат со негативен тест, тестирањето е задолжително. Во случај на позитивен резултат, предвиден е десетдневен карантин во соодветен простор укажан од надлежните органи, а во случај да се работи за лица кои 14 дена претходно ја завршиле вакцинацијата, тогаш задолжителната изолација е седум дена. На последниот ден од карантинот, оние кои биле позитивни, без разлика дали се вакцинирани или не, потребно е да направат ПЦР тест. Лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи, односно блиските контакти на оние кои се позитивни на Ковид-19, имаат можност да се вратат во нивната земја истиот или следниот ден, под услов да добијат два негативни резултати од два теста (ПЦР или рапид) направени во рок од 24 часа и за време на патувањето да носат N95 маска. Во случај лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи да останат во земјата, а не се вакцинирани или немаат прележано Ковид-19 во изминатите шест месеци, тогаш треба да бидат во 14-дневна изолација по последниот контакт со позитивното лице, без да се тестираат или седум дена карантин и на седмиот ден да направат ПЦР тест. Доколку блиските контакти се вакцинирани или прележале Ковид-19 во последните шест месеци, тогаш не е потребен карантин, но задолжително се тестираат со ПЦР тест при влезот во земјата. За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни. За влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини кои работат 24 часа, со исклучок на Мерѕани кон Албанија, што е со работно време од 8 до 20 часот, а од Турција преку Кастањес и Кипи дневно, дозволен е влез на 1.500 лица. Од Македонија кај јужниот сосед може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран, без никакви ограничувања во однос на бројот на посетители или во однос на работното време. Во одлуката, како што пренесува МИА, посочено е дека туристите, за време на нивниот престој во Грција, мора да ги почитуваат мерките што важат во внатрешноста на земјата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ЖивотКоперник: Речиси е сигурно дека оваа година ќе биде втората најтопла во историјатаСпоред европската служба за следење на климата „Коперник“ (Copernicus), глобалните температури оваа година речиси сигурно ќе надминат 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа.Со тоа, 2026 година би станала втората година во историјата на мерењата што го надминува овој праг, по рекордната 2024 година. Според најновите податоци од „Коперник“, постои голема веројатност 2026 година да биде втората најтопла година откако се вршат мерења. Исто така, постои веројатност од околу 20 отсто таа да го израмни или надмине моменталниот температурен рекорд поставен во 2024 година. Се очекува затоплувањето да биде меѓу 1,56 и 1,61 степен „Коперник“ проценува дека просечната глобална температура во 2026 година ќе биде за 1,56 до 1,61 степен повисока отколку во прединдустрискиот период (1850–1900 г.). Нивниот статистички модел покажува веројатност поголема од 99 отсто дека температурата оваа година ќе го надмине прагот од 1,5 степени. Особено загрижувачка е проценката дека четиригодишниот просек за периодот 2023–2026 година, исто така, ќе надмине 1,5 степени над прединдустриските нивоа. Сепак, една година – па дури и неколку години – со температури над овој праг не значи автоматски дека долгорочната цел на Парискиот договор е официјално надмината. Октомври беше најтопол досега „Коперник“ објави дека октомври 2023 година бил најтоплиот октомври некогаш забележан на глобално ниво. Просечната глобална температура изнесувала 15,35 степени Целзиусови, што е за 1,75 степени над прединдустрискиот просек. Во споредба со периодот 1991–2020 година, октомври бил за 0,90 степени потопол. Ова беше трет месец по ред во кој глобалната температура го надмина прагот од 1,5 степени во однос на прединдустрискиот период. Температурите на површината на морето, надвор од поларните региони, исто така достигнаа рекордни вредности. Просечната температура на морето во октомври достигна 20,95 степени – највисоката вредност некогаш забележана за тој месец. „Ел Нињо“ дополнително ги зголемува температурите Покрај долгорочното затоплување предизвикано од човечката активност, за овогодинешниот пораст на глобалните температури придонесува и исклучително силниот „Ел Нињо“. Станува збор за природен климатски феномен поврзан со затоплувањето на површинските води во тропскиот дел на Тихиот Океан, што може привремено да предизвика дополнителен пораст на глобалните температури. „Октомври го продолжи трендот на исклучителна глобална топлина, со рекордно високи глобални температури и температури на површината на океаните. Исклучително силниот ’Ел Нињо‘ додава дополнителна топлина на климата која е веќе загреана од човечките активности, а 2026 година е на пат да стане втората календарска година што ќе го надмине прагот од 1,5 степени“, изјави Саманта Бурџес од Европскиот центар за среднорочни временски прогнози. „Особено е значајно тоа што се очекува и четиригодишниот просек да надмине 1,5 степени, што покажува колку долготраен станал овој период на глобална топлина“, додаде таа. Што значи надминување на границата од 1,5 степени? Според Парискиот договор за климатски промени од 2015 година, државите се обврзаа да го задржат глобалното затоплување значително под два степена во однос на прединдустриските нивоа, истовремено настојувајќи да го ограничат порастот на температурата на 1,5 степени. Границата од 1,5 степени се однесува на долгорочното глобално затоплување, а не на температурата во која било поединечна година. Следствено, надминувањето на овој праг се проценува врз основа на повеќегодишни – односно долгорочни – просеци. ОН веќе предупредија дека е многу веројатно светот да се соочи со привремено надминување на оваа цел. Колку е поголемо затоплувањето и колку подолго трае, толку е поголем ризикот од екстремни временски настани и неповратни промени во климатскиот систем. Според податоците на „Коперник“ (Copernicus), температурите во првите десет месеци од 2026 година се веќе доволно високи, така што надминувањето на прагот од 1,5 степени за целата година е речиси сигурно. Извор: Индекс.хрТагови: клима Коперник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУнгарија крена борбени авиониУнгарија денеска трипати крена борбени авиони за да придружуваат патнички летала во својот воздушен простор, откако биле упатени закани за поставени бомби.Според официјални лица, два од загрозените авиони, кои летале кон Софија, безбедно слетале. Унгарскиот министер за одбрана, Ромулус Русин-Сенди, изјави дека борбените авиони првично биле испратени по закана упатена кон лет на „Виз ер“ од Брисел кон Софија. Подоцна, тие биле кренати уште двапати како одговор на летови што полетале од Прага, а се упатиле кон Кипар и Букурешт, пренесува „Гардијан“. Бугарското Министерство за транспорт соопшти дека биле примени закани за бомби и за два лета кон Софија – кои доаѓале од Лондон и Брисел – при што и двата авиона безбедно слетале. Меѓу леталата подложени на безбедносни проверки бил и авион на романскиот превозник „Таром“, кој летал од Прага кон Букурешт. За време на летот, екипажот го активирал кодот „7700“, што означува општа вонредна состојба. Авионот безбедно слетал во Букурешт. Подоцна било утврдено дека заканата била неоснована. Денеска, најмалку 17 патнички авиони ширум Европа биле опфатени со серија закани за поставени бомби. Со тоа, вкупниот број на патнички авиони кои биле цел на вакви закани во Европа од почетокот на неделата, достигна најмалку 27.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
БалканКапитенот на Србија, Богдан Богдановиќ гради луксузен хотел во Црна ГораНБА ѕвездата, капитенот на Србија, кошаркарот на Хјусотн Богдан Богдановиќ е инвеститор на нов хотел во Плужине, Црна Гора.Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ гради угостителски објект во општина Плужине во Црна Гора, во близина на Пива. Како што изјави Слободан Делиќ, претседателот на таа општина, култниот хотел „Пива“ е урнат за на истата локација да се изгради нов објект, пренесува Радио-телевизија Никшиќ. Кошаркарот на „Хјустон Рокетс“ го минал детсвото во ова место, па не е изненадувачки што одлучил да инвестира во овој проект. Се наведува дека неговото семејство станало сопственик на туристички објект со богата традиција уште во 2019 година, но дека сега ќе започнат со нова градба. „НБА ѕвездата Богдан Богдановиќ гради хотел, па сопствениците полека започнаа со реализација на тој проект. Нивните планови опфаќаат поголема површина, но и поинаков дизајн. Во секој случај, очекувам дека новиот објект ќе биде изграден во наредниот период и дека ќе биде функционален и модерен, што значи дека ќе донесе нова вредност за нашата општина“, нагласи Делиќ. Името на Богдан Богдановиќ гарантира дека сè ќе биде според највисоките стандарди, иако деталите за сместувачките капацитети сè уште не се познати. „Самото тоа име и неговата репутација гарантираат дека многумина ќе слушнат за нашиот град и дефинитивно ќе дојдат да го посетат“, рече Делиќ. View this post on Instagram A post shared by Park Prirode "Piva" (@park_prirode_piva) Српскиот ас често истакнува дека голем дел од своето детство поминал во Црна Гора и дека е особено поврзан со Плужине.Тагови: Богдановиќ Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook