3Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
ЕвропаУнгарија крена борбени авиониУнгарија денеска трипати крена борбени авиони за да придружуваат патнички летала во својот воздушен простор, откако биле упатени закани за поставени бомби.Според официјални лица, два од загрозените авиони, кои летале кон Софија, безбедно слетале. Унгарскиот министер за одбрана, Ромулус Русин-Сенди, изјави дека борбените авиони првично биле испратени по закана упатена кон лет на „Виз ер“ од Брисел кон Софија. Подоцна, тие биле кренати уште двапати како одговор на летови што полетале од Прага, а се упатиле кон Кипар и Букурешт, пренесува „Гардијан“. Бугарското Министерство за транспорт соопшти дека биле примени закани за бомби и за два лета кон Софија – кои доаѓале од Лондон и Брисел – при што и двата авиона безбедно слетале. Меѓу леталата подложени на безбедносни проверки бил и авион на романскиот превозник „Таром“, кој летал од Прага кон Букурешт. За време на летот, екипажот го активирал кодот „7700“, што означува општа вонредна состојба. Авионот безбедно слетал во Букурешт. Подоцна било утврдено дека заканата била неоснована. Денеска, најмалку 17 патнички авиони ширум Европа биле опфатени со серија закани за поставени бомби. Со тоа, вкупниот број на патнички авиони кои биле цел на вакви закани во Европа од почетокот на неделата, достигна најмалку 27.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаПосебен режим на сообраќај утре во Скопје поради тркаНа 07.11.2026 (сабота) со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во општина Центар .На 07.11.2026 (сабота) со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во општина Центар насловена како „Centar Night Run“, со траса на движење од ул.„Орце Николов“ (кај општина Центар), десно по ул.„Франклин Рузвелт“, десно по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“, назад по бул.„Илинден“, лево по ул.„Франклин Рузвелт“ се до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, назад по ул.„Франклин Рузвелт“, десно по ул.„Орце Николов“, десно по бул.„Св.Климент Охридски“ (коловозна лента во насока север – југ) се до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, назад во истата коловозна лента на бул.„Св.Климент Охридски“, се до крстосница со бул.„Илинден“, назад по истата коловозна лента на бул.„Св.Климент Охридски“, десно по ул.„Орце Николов“, десно по ул.„Наум Наумовски Борче“, лево по ул.„Михаил Цоков“, повторно лево по ул.„Михаил Цоков“ и десно по ул.„Орце Николов“ до целта. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Црна хроникаУапсен е гостиварец, кој ја принудувал својата 80 годишна неподвижна мајка на питачење Лишено од слобода лице кое ја принудувало својата мајка на питачење, поднесена кривична пријава за „трговија со луѓе“.На 06.11.2026, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Н.Н.(60) од Гостивар за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, по член 418-а, став 1 од Кривичниот законик. Во текот на 2025 и 2026 година, Н.Н. делото го сторил со цел стекнување противправна имотна корист, на начин што ја искористил ранливоста и зависната положба на неговата мајка З.С(80) од Гостивар, како и нејзината физичка неспособност, (истата се движи со инвалидска количка и не ги извршува самостојно секојдневните активности), и ја принудувал на питачење. Имено Н.Н. својата мајка подолг временски период во континуитет ја носел на локација во Гостивар, и ја изложувал на трудова експлоатација по пат на питачење, додека за целото време бил присутен во нејзина непосредна близина, ја надгледувал и контролирал нејзината активност, по што насилно и на дрзок начин и ги одземал паричните средства, кои потоа ги користел за свои потреби. Врз основа на издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, на подрачје на Гостивар извршен е претрес во дом и други простории кај Н.Н., при што лицето е лишено од слобода. Од извршениот претрес пронајдени и привремено одземени се мобилни телефонски апарати и парични средства кои потекнуваат од извршување на кривичното дело, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНајмалку двајца загинати и над 20 повредени во автобуска несреќа во Франција (ВИДЕО)Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во градот Лен, во департманот Ен во источна Франција, загинаа две лица - едно малолетно лице и едно возрасно лице, соопшти префектурата на департманот Ен. Во несреќата се повредени уште 20 лица, од кои тројца се здобиле со тешки повреди. Според информации од извор близок до истрагата, објавени од BFMTV, автобусот завршил во канал. Истиот извор наведува дека се евидентирани неколку десетици жртви или лица кои некако биле вклучени во несреќата. Две лица доживеале срцев удар Автобусот „излетал од патот и удрил во дрво во канал“, потврди за АФП градоначалникот на Лен, Ив Кристан, наведувајќи дека две лица доживеале срцев удар, додека голем број луѓе се повредени. По несреќата, министерот за транспорт Филип Табаро објави на социјалната мрежа X дека се упатува кон местото на несреќата. „Секогаш е тешко кога нашите ученици, нашите деца, се жртви на несреќа од ваков вид. Им нудам на семејствата сета моја поддршка, како и поддршката од владата и целата образовна заедница што е со нив“, изјави министерот за образование Едуар Жефр за новинарите. Министерот, кој беше во посета на средно училиште во Конфлан-Сен-Онорен, во департманот Ивлин, рече дека во овој момент нема дополнителни информации за несреќата. Префектот на департманот Ен објави дека е активиран оперативниот центар на департманот (COD) за да ги координира активностите на различните служби вклучени во управувањето со кризата. Службите за итни случаи и полициските службеници беа распоредени на местото на несреќата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00