Пристигнува новиот Супермен!!! - Канал 5

Пристигнува новиот Супермен!!!

Трејлерот за новиот филм предизвика различни реакции, познат е и датумот на објавување.

Пристигнува новиот Супермен!!!

Студиото DC го објави првиот тизер за долгоочекуваниот филм за Супермен, во режија на Џејмс Ган. Познат по својата работа на „Marvel's Guardians of the Galaxy“, Ган, заедно со Питер Сафран, го предводат студиото DC, а овој филм го означува почетокот на нивниот нов филмски универзум.

Улогата на легендарниот суперхерој ја толкува младиот актер Дејвид Коренсвет, кој ќе го толкува Супермен во неговите дваесетти. Оваа верзија ќе го прикаже херојот во фаза каде што тој веќе има одредено искуство, но сè уште не е целосно формиран.

Иако деталите од приказната сè уште не се откриени, тизерот покажа голем број херои и негативци на DC кои ќе се појават во филмот. Рејчел Броснахан, од серијата „Чудесната госпоѓа Мејзел“, ја игра Лоис Лејн, додека Николас Хулт ја презема улогата на злобниот Лекс Лутор Гисондо го игра Џими Олсен, пријателот и фотографот на Супермен, додека Пруит Тејлор Винс го портретира неговиот очув Џонатан Кент.

YouTube video

Премиерата на „Супермен“ е закажана за 11 јули 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Околу 60 студенти ќе добијат можност два месеци практично да работат во локалните самоуправи

Околу 60 студенти ќе добијат можност два месеци практично да работат во локалните самоуправи, каде што, покрај работното искуство, ќе имаат можност и за идно вработување. 

Околу 60 студенти ќе добијат можност два месеци практично да работат во локалните самоуправи

Ова денеска го најави министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, нагласувајќи дека недостигот од стручен кадар е сериозен проблем со кој се соочуваат дел од општините.

Според Стоилковиќ, во некои локални самоуправи најмногу недостигаат економисти, правници, архитекти и друг стручен кадар. Преку практикантската програма се очекува студентите да придонесат во работата на општините, да стекнат практично искуство во институциите и на долг рок да помогнат во надминување на дефицитот од квалификуван персонал.

-Недостатокот на кадар е сериозна пречка во фукнционирањето на локалните самоуправи и се обидуваме и преку оваа и преку други акции тој недостаток да го надокнадиме. На некои од студентите и практикантите претпоставувам ќе им биде интересно ќе се снајдат, на некој не, меѓутоа ако го отвориме процесот може да се надеваме дека во иднина локалните самоуправи ќе ги исполнуваат оние задачи заради кои постојат, а тоа е да биде блиска до граѓаните и да ги решава проблемите на граѓаните,- Иван Стоилковиќ – министер за локална самоуправа.

Од Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво велат дека студентите ќе бидат избрани согласно реалните потреби на општините , откако тие испратиле информации за профилите што им недостигаат.

-Секоја општина си достави во делокругот на својата работа каков кадар е потребен, со тоа се „мечиравме“ со државните универзитети и таков тип на студенти ќе бидат пратени во таа општина. Дали економисти, дали правници, зависи од побарувањето на самата општина,- Даниела Димовска – директорка на ИНОВА.

Практикантската програма ќе трае два месеци, во август и септември, а финансирањето, како што посочи Стоилковиќ, ќе се обезбеди преку Ресурсниот центар при Министерството за локална самоуправа. За учество во проектот интерес пројавиле околу 40 општини.

Надлежните најавуваат дека доколку проектот даде резултати, од следната година ќе биде проширен со поголем број учесници и со можност за вклучување на приватниот сектор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска–Варнс: Потврдено силното партнерство со САД, енергетската независност е клуч за стабилна и просперитетна држава

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнс.

Божиновска–Варнс: Потврдено силното партнерство со САД, енергетската независност е клуч за стабилна и просперитетна држава

Главен фокус на средбата беше динамиката во реализацијата на актуелните проектни активности на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, хармонизирањето на правната регулатива со европските стандарди, како и идните планови и проекти во енергетскиот сектор.

Потенцирајќи ја важноста на стратешките проекти во енергетиката, вршителката на должност амбасадор на САД, Варнс ги истакна напорите на министерката Божиновска и Министерството насочени кон енергетска независност на земјата, кои, како што беше посочено, се клучни за создавање услови за стабилна и просперитетна држава.

Министерката Божиновска на средбата информираше за текот на градежните работи во врска со изведбата на гасниот интерконектор со Грција, коешто се очекува да финишира во текот на 2027 година, а беше дискутирано и за гасното поврзување со Србија, коешто се одвива со забрзана динамика.

Овие два проекти министерката ги оцени како стратешки, нагласувајќи дека тие ќе ја променат енергетската слика во регионот. Дополнително, тема на разговор беше и официјалното приклучување на Македонија кон Вертикалниот гасен коридор во септември, коешто е една од најзначајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас и зајакнување на енергетската стабилност во Југоисточна, Централна и Источна Европа со што се обезбедува стабилна позиционираност на нашата земја во глобални рамки.

„Инвестицијата во енергетиката е инвестиција во иднината. Работиме забрзано на реализација на енергетските проекти, но и на обврските согласно Реформската агенда. Се поврзуваме енергетски со регионот, а со тоа и со светот. Придобивките од проектите на коишто работиме ќе бидат видливи и опипливи, во корист на граѓаните и државата“, порача министерката Божиновска на состанокот.

На средбата беше потенцирана и важноста на Стратешкото партнерство меѓу двете земји, со истакнување на заложбите за понатамошно продлабочување на взаемната соработка, како и заедничките напори за промоција на демократските вредности.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андовски во Кичево: Конкретен план за нова и функционална болница

Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски, градоначалникот на Општина Кичево Александар, Јованоски и директорката на Општа болница Кичево, Маја Цветановска Трајковска, заедно со делегација на Светска банка, ја посетија болницата во Кичево.

Андовски во Кичево: Конкретен план за нова и функционална болница

Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски, градоначалникот на Општина Кичево Александар, Јованоски и директорката на Општа болница Кичево, Маја Цветановска Трајковска, заедно со делегација на Светска банка, ја посетија болницата во Кичево и го разгледаа концептот за изградба на нова болничка установа.

Планираната инвестиција е проценета на околу 1,38 милијарди денари, односно 22,5 милиони евра.

„Кичево со децении се соочува со несоодветни болнички услови. Време е овој проблем да добие трајно и функционално решение. Целта е граѓаните да добијат сигурна здравствена грижа во својот град, а здравствените работници современи услови за работа“, изјави Андовски.

Новиот комплекс ќе располага со современи простории за дијагностика, болничко лекување и ургентна нега, системи за медицински гасови и енергетски ефикасни решенија.

Болницата ќе обезбедува услуги за Општина Кичево, како и за населението од околните места, со што ќе се намали потребата пациентите да патуваат во Скопје, Охрид и Битола.

Новата болница треба да стави крај на долгогодишната неизвесност и да обезбеди трајно здравствено решение за Кичево и околината, соопштуваат од МЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер