3Димитриеска-Кочоска: Јавните финансии стабилни, даночните приходи растат и се резултат на редовната економска активност
АвтомобилизамПристигна новиот Citroen C3, позната е цената и сите погодности (ФОТО)Цената ќе остане еден од најсилните адути и во новата генерација.Откако го проби мразот со електричната верзија, Citroen го претстави новиот C3 и во основната верзија. Тука мислиме на верзијата придвижувана од бензински мотор, но и благи хибриди. Во пракса, тоа најмногу се однесува на цената. И додека e-C3 започнува со конкурентни 23.300 евра во доменот на класичните мотори со внатрешно согорување, C3 ќе стартува од 14.990 евра. Почетната верзија е придвижувана од 1.2 турбо трицилиндричен мотор со 102 КС, комбиниран со шестстепен менувач. Следува „поекономичната“ верзија на Hybrid 100, која заедно со истиот мотор има и 48V Li-Ion батерија и електричен мотор. Електромоторот дава 28 КС, а во погонот дава дополнителни 12 КС. За потсетување, истиот погон е достапен и кај Jeep Avenger. Од Citroën велат дека оваа хибридна верзија половина од времето во градски услови ќе вози на електрична енергија. Ова значително ќе ја намали потрошувачката на гориво, наводно за околу 10 проценти. Да кажеме и дека овие верзии визуелно не се разликуваат од електричните, освен ознаките. Истото важи и во кабината, која сега нуди еден од најпространите ентериери во конкуренција на автомобили со должина од околу 4 метри. Да додадеме и многу удобни седишта и распоред кој вклучува head-up дисплеј. Почетната цена е објавена за францускиот пазар и изнесува 14.990 евра, што е значително помалку од 16.590 евра на „старата“ генерација на истиот пазар. За потсетување, следната година ќе пристигне поевтината електрична верзија со цена од 19.990 евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСилен земјотрес ги погоди ФилипинитеЗемјотрес со магнитуда од 5,8 степени го погоди филипинскиот остров Минданао, со епицентар на длабочина од 10 километри, соопшти сеизмолошката служба.Земјотрес со магнитуда од 5,8 степени денес го погоди филипинскиот остров Минданао, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, објави Ројтерс. On 2026-07-06, at 08:11:11 (UTC), there was an earthquake around 48 km SSW of Sarangani, Philippines. The depth of the hypocenter is about 35.0km, and the magnitude of the earthquake is estimated to be about 5.8.https://t.co/38RRg7SsIy pic.twitter.com/GUPCBOpD5l — World EQ Locator (@WorldEQLocator) July 6, 2026 Филипинската сеизмолошка агенција соопшти дека не се очекуваат штети или последователни потреси по земјотресот, чиј епицентар бил на море.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп објави фотомонтажа од Барак и Мишел ОбамаДоналд Трамп повторно предизвика контроверзии на својата социјална мрежа „Truth Social“ објавувајќи бизарна фотомонтажа од американскиот претседателски авион „Air Force One“.Фотомонтажата ги прикажува поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел како мавтаат од вратата на претседателскиот авион, кој е целосно покриен со графити. Меѓу другото, трупот е украсен со зборовите „Yes We Can“ (слоганот на кампањата на Обама), акронимот за движењето „BLM“ (Black Lives Matter) и арапскиот натпис „Алхамдулилах“, што се преведува како „Фала му на Бога“. TRUMP: Posts image of Obama and Michelle waving beside graffiti reading “YES WE CAN,” “BLM,” and “OBAMA” pic.twitter.com/T8IxtmcrPu — Trump Truths (@trumptruthsbot) July 5, 2026 Оживување на старите теории на заговор Додавањето на арапско писмо на трупот на авионот е јасен обид да се оживее стара, постојано негирана теорија на заговор што самиот Трамп ја промовира со години - дека Барак Обама е таен муслиман кој дури и не е роден во Соединетите Држави. Тимот на Трамп редовно користи вакви визуелни провокации за да поттикне културно и религиозно непријателство кон семејството Обама меѓу своите гласачи. Скандалот со расистичко видео и префрлање на вината Оваа објава доаѓа како продолжение на долгогодишниот, честопати отворен расистички наратив на Трамп насочен против поранешната претседателска двојка. Јавноста сè уште се сеќава на скандалот од почетокот на оваа година кога на официјалниот профил на Трамп на „Truth Social“ се појави одвратно видео генерирано од вештачка интелигенција, во кое Барак и Мишел Обама беа изменети како мајмуни во џунглата. Овој потег предизвика широко огорченост и непосредна осуда од јавноста, како и од водечките политичари од двете страни на спектарот - вклучувајќи ги и истакнатите републиканци како сенаторот Тим Скот, кој го нарече видеото „најрасистичкото нешто што некогаш го видел од таа Бела куќа“. По дванаесет часа интензивен притисок, контроверзното видео беше избришано, а Белата куќа првично се обиде да го оправда како „безопасно интернет меме од Кралот лав“ и ги нападна медиумите за „лажен бес“. Кога тоа не успеа, одговорноста официјално беше префрлена на подредените, со образложение дека „член на персоналот погрешно го објавил видеото“. Самиот Трамп им рече на новинарите во „Air Force One“ дека „го гледал само првиот дел од видеото“ за наводната изборна измама во 2020 година и дека дури и не го видел спорниот расистички дел на крајот. Иако рече дека не му се допаѓа тој дел, гордо одби да упати какво било извинување до семејството Обама, отсечно велејќи: „Не направив грешка“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Јавните финансии стабилни, даночните приходи растат и се резултат на редовната економска активностМинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето на ребалансот на Буџетот за 2026 година во комисиската расправа во Собранието оцени дека јавните финансии се стабилни.Во првата половина од годината, односно во периодот јануари-јуни, вкупните приходи во Буџетот се реализирани во износ од 170 (поточно 169,9 па ги заокружив) милијарди денари што е раст за 8,6% во споредба со истиот период од претходната година и има реализација на планот од над 45%. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето на ребалансот на Буџетот за 2026 година во комисиската расправа во Собранието оцени дека јавните финансии се стабилни, приходната страна се реализира согласно очекувањата, а расходите се насочени кон исполнување на законските обврски и реализација на приоритетните развојни политики. „Особено е значајно што најголемиот дел од приходите доаѓаат од редовната економска активност. Даночните приходи достигнаа 96,7 милијарди денари, при што приходите од данокот на додадена вредност изнесуваат 43,3 милијарди денари и учествуваат со околу 44,7% во вкупните даночни приходи. Приходите од данок на личен доход достигнаа 17,5 милијарди денари, приходите од данокот на добивка 13,8 милијарди денари, а по основ на акцизи се реализирани 13,9 милијарди денари“, наведе министерката. Податоците покажуваат раст на приходите од данокот на личен доход за 11,7%, данокот на добивка за 14,5%, данокот на додадена вредност 16,4% и раст од 8,3% кај увозните давачки бележат раст. Според министерката ова е директна потврда дека економската активност продолжува, дека компаниите работат, дека платите растат и дека институциите успешно ја реализираат политиката на подобра наплата и намалување на сивата економија. Социјалните придонеси во овој период од шест месеци, а како најзначаен извор за финансирање на пензискиот и здравствениот систем, достигнаа 58,8 милијарди денари, што претставува раст за 7,5% во споредба со истиот период минатата година. На расходната страна на Буџетот, која е реализирана во износ од 205,9 милијарди денари е во насока на исполнување на законските обврски кон граѓаните. Во првата половина од 2026 година се исполнети обврските кон стопанството, односно извршен е поврат на средства по основ на солидарниот данок во висина од 1,2 милијарди денари. За исплата на пензии се издвоени 58,1 милијарди денари и е обезбедена редовна исплата на пензиите за сите пензионери. За финансирање на здравствениот систем се реализирани 25,5 милијарди денари, а за социјална заштита на најранливите категории на граѓани се исплатени 7,6 милијарди денари. Кон општините се трансферирани 15,1 милијарди денари блок-дотации за образование, детска заштита, култура, противпожарна заштита и останатите пренесени надлежности, како и дополнителни 2,4 милијарди денари средства од данокот на додадена вредност. Истовремено, во првата поволина од годината државата дисциплинирано ги сервисираше сите обврски кон домашните и странските кредитори. За камати се исплатени 12 милијарди денари, додека за отплата на главнина по основ на домашен и надворешен долг се сервисирани 60,7 милијарди денари. Според министерката, како што наведе во експозето, ова е исклучително важно, бидејќи финансиската дисциплина и навременото сервисирање на долгот се предуслов за зачувување на довербата на инвеститорите, меѓународните финансиски институции и кредитните агенции. Таа потенцира дека на расходната страна, политиката останува непроменета – навремена исплата на сите законски обврски, дисциплинирано управување со јавните средства и приоритетно финансирање на развојните политики. Министерката истакна дека она што претставува најсилен показател за развојната политика на Владата е реализацијата на капиталните расходи којашто во првата половина од годината достигна 19,4 милијарди денари, што претставува раст од 53,5 проценти во однос на истиот период минатата година. Тоа, смета министерката, значи дека државата инвестира повеќе во патишта, железници, комунална инфраструктура, училишта, градинки, здравствени установи, водоводи, канализации, енергетски проекти и локален развој. За изградбата на Коридорите 8 и 10-д до крајот на мај се реализирани 6,3 милијарди денари, а дополнително, за инфраструктурните проекти во општините се реализирани 2,1 милијарди денари.Тагови: Гордана Димитриеска-Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook