Пристигна новата лимузина на БМВ (ВИДЕО)

По неколкумесечните претпоставки за изгледот, лимузината од седмата серија на БМВ и официјално е претставена.

Освен поголемата маска, прво паѓаат во очи новите светла. Особено се издвојуваат задните ЛЕД светла , поставени како кај Панамера на Порше. Новата лимузина е многу поголема , но и посилна од претходниците.

Во кабината очекувано е сместен дигитален кокпит и нов управувач , а свои таблети добија и патниците на задното седиште. Лимузината има поголем комфор , како и звучна изолација.

Се подразбираат и масажните и вентилациски седишта , како и највисоки стандарди за ваков тип возила.

Моторот 4.4. V8 е со јачина од 530 Кс , која во серијата 8 доаѓа во облик на 750i xDrive. Во понудата доаѓа и хибридната варијанта со 394 Кс и 600Нм со автономен досег од 58 километри. Лимузината на БМВ M760Li xDrive достигнува брзина од 0-100 за 3,8 секунди и има максимална брзина од 305 км/час.

За повеќе информации треба трпение до салонот во Женева , каде ќе се одржи и официјалната промоција на најновиот БМВ.

.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер