Кирјас: По 35 години независност, Владата ја заглави Македонија во интелектуален ќорсокак - економијата бара ЕУ и реформи, а не евтин ПР и лажен патриотизам!
2Кирјас: По 35 години независност, Владата ја заглави Македонија во интелектуален ќорсокак - економијата бара ЕУ и реформи, а не евтин ПР и лажен патриотизам!
Шоу бизПринцот Хари беше измамен од истите парнкери кои го измамија поранешниот премиер Зоран ЗаевПринцот Хари беше измамен од истите парнкери кои го измамија поранешниот премиер Зоран Заев. Хари преку телефон зборувал со личности за кои мислел дека се Грета Тунберг и татко и, го споделил неговото мислење за ,,Мегзит ‘’за Трамп, и за климатските промени. Во телефонскиот разговор,вели дека се чувствувал целосно одделен од кралското семејство и решил да се оддалечи од кралскиот живот за да го заштити неговиот син. Хари им кажал дека бракот со принц или принцеза не е како што се претставува во јавноста и дека воениот рок што го служел го направил многу „понормална“ личност. Принцот изјавил и дека Доналд Трамп има „крв на своите раце“ за неговиот став кон климатските промени, а го опишал британскиот политички систем како „скршен“. Се верува дека Хари наседнал на измамата на нова година и на 22-ри јануари, додека престојуваше во Канада. Русите кои стојат зад измамата, Владимир Кузнецов и Алексеј Стољаров, веќе имаат измамено луѓе како Елтон Џон, турскиот претседател Ердоган, но и поранешниот премиер Зоран Заев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски во посета на Универзитетот во Тетово и СВР Тетово„Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово, по што го посети и Секторот за внатрешни работи Тетово, каде со раководството разговараше за актуелната безбедносна состојба, предизвиците и резултатите од работењето. На средбата со раководството на Универзитетот се разговараше за продлабочување на соработката со Министерството за внатрешни работи, со посебен акцент на создавање можности најдобрите студенти од студиските програми за кои Министерството има потреба, по завршувањето на образованието, своето знаење и капацитет да ги стават во функција на институциите и безбедноста на граѓаните. При посетата на СВР Тетово беше констатирана стабилна безбедносна состојба, а како особено значајни беа издвоени резултатите во областа на сообраќајната безбедност. Тетово е еден од градовите каде веќе се применува системот „Безбеден град“, а според податоците за првите осум месеци од годинава, на подрачјето на СВР Тетово во сообраќајни незгоди животот го загубиле три лица, наспроти девет во истиот период минатата година. Намален е и вкупниот број на сообраќајни незгоди. „Ова се резултати што најдобро говорат за придобивките од системот. Кога зборуваме за ‘Безбеден град’, не зборуваме само за санкционирање на прекршоците, туку пред сè за менување на сообраќајните навики, побезбедни улици и спасување човечки животи“, нагласи министерот Тошковски. Тој најави дека за неколку дена примената на системот „Безбеден град“ ќе започне и на подрачјето на СВР Велес, по што постепено ќе се проширува и во останатите сектори за внатрешни работи низ државата.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаКирјас: По 35 години независност, Владата ја заглави Македонија во интелектуален ќорсокак - економијата бара ЕУ и реформи, а не евтин ПР и лажен патриотизам!ЛДП инсистира на итно прекинување на изговорите и на релативизацијата на потребата од брзо членство ЕУ, мобилизација на сите експертски капацитети и итно формирање на преговарачките тимови.Ден по одбележувањето на 35-годишнината од независноста, поразителната реалност покажува дека Македонија не страда од надворешни блокади, туку од заглавени запчаници дома, системска ерозија и отсуство на визија. Во својата најнова анализа, Емил Кирјас, потпретседател на Либералната Интернационала — светската организација каде ЛДП е полноправна членка — прецизно дијагностицира дека Македонија се наоѓа во опасен „интелектуален ќорсокак“. „Поминаа речиси три години од завршувањето на европскиот скрининг кој ги мапираше сите реформи, а државата сѐ уште нема формирано преговарачки тимови, ниту води суштинска дебата за својата иднина“, потсетува Кирјас. Оваа загрижувачка состојба директно коинцидира со ставот на претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, која јасно порача дека три децении слушаме за „реформи“, додека во пракса гледаме институционална деградација предводена од гарнитури кои наместо систем, ја третираат државата како партиски плен. Вистинскиот патриотизам не е пеење песни со рака на срце и закачување знамиња додека сопствените функционери се амнестираат, а партизацијата се продава како кадровска политика. Пласманот на илузии за некакви „алтернативни партнерства“ и нулти царински стапки преку Атлантикот е геополитички аматеризам кој го рушат самите бројки, тврди Кирјас. Како што потенцира потпретседателот на ЛИ, енормни 78% од македонскиот извоз завршува директно на пазарот на Европската Унија, што нѐ прави економски поповрзани со ЕУ дури и од Германија или Исланд. „САД и НАТО го даваат воено-безбедносниот чадор што веќе го имаме, но Европската Унија го обезбедува социјално-економскиот модел, слободниот пазар и развојните фондови. Со секој изгубен ден во маневри, Македонија губи милијарди евра неповратни грантови — како оној пакет од над 3 милијарди евра за Црна Гора — пари кои никој друг нема да ни ги надомести“, потенцира Кирјас. Паралелно со економските заблуди, власта продолжува да ги деградира дипломатијата и институциите со некомпетентни партиски кадри, целосно игнорирајќи ги домашните и меѓународните експертски капацитети. „Времето веќе го диктираат други, а роковите неумоливо притискаат: на 30 септември Европската комисија го доставува пакетот за претпристапна интеграција, а на 15 октомври расправа Европскиот совет. Без сопствени дефинирани позиции, Македонија повторно ќе биде само пасивен набљудувач на туѓи одлуки,“ вели во анализата Кирјас. ЛДП инсистира на итно прекинување на изговорите и на релативизацијата на потребата од брзо членство ЕУ, мобилизација на сите експертски капацитети и итно формирање на преговарачките тимови. Независноста не се слави со празни зборови и евтин ПР, туку се живее со одговорност, функционални институции и вистински стандард за сите граѓани. Со почит, Либерално-демократска партијаТагови: Либерално-демократска партија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПромовиран каталог на Брајово писмо со историски документи од Државниот архивНа промоцијата присуствуваше и министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска.Државниот архив на Македонија и Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје изработија каталог „Документи што зборуваат на допир“, кој беше промовиран денес, како дел од програмата за одбележување 35 години независност на државата. Публикација ги содржи најзначајните документи што се чуваат во депоата на Архивот и неговите подрачни одделенија, при што под секој документ е дадена соодветна легенда на Брајово писмо. На промоцијата присуствуваше и министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска која ја поздрави реализацијата на оваа заедничка идеја на двете установи и посочи дека публикацијата е мост меѓу минатото и сегашноста, односно помеѓу историските документи и луѓето за кои тие досега не беа целосно достапни. „Државниот архив чува огромно историско и документарно богатство кое раскажува за создавањето на македонската држава. Со овој каталог, дел од тоа богатство станува достапно и преку Брајовото писмо - азбуката на допир за лицата со оштетен вид, кои ќе можат да ги почувствуваат информациите содржани во автентичните документи и да ја доживеат историјата“, рече Јаневска. Нагласи дека историјата некој ја создавал, а наредните генерации треба да ја знаат, да ја разберат и да ја пренесуваат. Но, за историјата навистина да биде заедничко наследство, таа мора да биде достапна за сите. „Инклузивното општество не се гради само со зборови. Се гради со конкретни чекори што ги отстрануваат бариерите и им овозможуваат на сите граѓани еднакво да учат, да се информираат, да истражуваат и да учествуваат. Овој каталог отстранува една таква бариера. На лицата со оштетен вид им овозможува еднаков пристап до историјата и националното наследство“, додаде министерката. Јаневска изрази очекувања дека во иднина ќе бидат издадени и други вакви публикации, затоа што, како што рече - постојат уште многу историски документи кои заслужуваат да бидат достапни за што поголем број граѓани, вклучително и за лицата со оштетен вид. „Документите не треба само да се чуваат. Тие треба да живеат, да се читаат и да се истражуваат. А со оваа публикација, тие денес почнуваат да зборуваат и на еден поинаков, но подеднакво моќен начин - на допир“, рече министерката за образованиe и наука. Министерство за образование и наукаТагови: Брајово писмо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter