Пресуда за „Труст“ во петок напладне

Судијката Лидија Трајковска-Зимбовска, која е претседател на судечкиот совет за предметот „Труст“ во петок, на 20 јули, во 12 часот ќе ја објави пресудата за обвинетите во овој предмет.

Првообвинетиот во „Труст“, бизнисменот Сеад Кочан, денеска во завршните зборови пред Судот рече дека не се чувствува виновен, бидејќи немал никаква умисла да прекрши било кој закон.

- Покрај сувото гори и суровото, рече Кочан и додаде дека единствена цел му била да биде конкурентен на пазарот и да обезбеди работа за неговите вработени и нивните семејства.

Тој посочи дека не ги проверил документите за овој случај пред да ги потпише, иако како менаџер имал таква обврска.

- Како менаџер, иако сум имал обврска да ги проверувам сите документи пред да ги потпишам, тоа не го направив верувајќи цврсто во својот тим, рече Кочан.

И обвинетиот Василије Авировиќ во завршните зборови се изјасни дека не се чувствува виновен за делото за кое се товари.

-Таквото неосновано обвинение дополнително ја загрози мојата здравствена состојба, која уште од раното дејство ми е многу кревка, рече Авировиќ.

Обвинетиот Сафет Ватиќ во завршните зборови, исто така, рече дека не се чувствува виновен и очекува да биде донесена ослободителна пресуда.

Претставникот на „Трансмет“ ДОО Скопје Сабина Аломеровиќ рече дека се приклучува на завршните зборови на бранителите на правното лице и во целост стои зад нив. Таа посочи дека очекува ослободителна пресуда за правното лице „Транспет“ ДОО Скопје.

Адвокатот Јован Јоанидис, кој е застапник на правното лице „Силекс неметали СТ“ рече дека судот коректно ја водел целокупната постапка и очекува да биде донесена одлободителна пресуда за сите.

Според него, во овој предмет нема елементи на кривичното дело кое што им се товари на сите обвинети.

На денешното рочиште и одбраната и обвинетите во „Труст“ рекоа дека судечкиот совет коректно ја водел целата постапка за овој случај.

Во предметот „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“ДОО Скопје, „Силекс неметали СТ“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра. /МИА

Со такси лани превезени 14 341 000 патници

Минатата година со такси превезени се 14 341 000 патници, од кои

12 749 000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот 1 592 000 патници, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Со 1 556 патнички автомобили опфатени во истражувањето се изминати вкупно 55 793 000 километри, од кои 47 487 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 8 306 000 километри.

Податоците за такси-превозот се добиени од 227 извештајни единици.

ДЗС споделува податоци и за потрошувачката на гориво: 184 тони бензин, 2 752 тони дизел и на 2 239 тони автогас.

Атентарот испукал неколку куршуми во словачкиот премиер Фицо (ВИДЕО)

Полицијата веднаш го уапсила осомничениот за атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо.

Тој со неколку истрели е ранет во стомакот и градниот кош и моментално е во критична состојба.

На социјалните мрежи почна да кружи видео на кое се гледа како полицајците го соборуваат осомничениот на земја и го апсат.

Не е познат идентитетот на напаѓачот, но медиумите јавуваат дека се работи за постар маж.

Веднаш е евакуирана зградата на Центарот за култура пред која беше ранет Фицо.

Словачката влада со прво соопштение за состојбата на премиерот Фицо по атентатот

По атентатот на словачкиот премиер Роберт Фиц, Владата на таа земја излезе со прво соопштение.

Во соопштението се наведува дека животот на Фицо е во опасност.

Претходно словачките медиуми објавија дека неговиот живот не е во опасност.

Тој е пренесен во болница со хеликоптер и се уште не е официјално соопштено каде е ранет.

Претседателот на Словачка ќе одржи вонредна прес-конференција во 16 часот и 45 минути.

притисни ентер