Со такси лани превезени 14 341 000 патници

Минатата година со такси превезени се 14 341 000 патници, од кои

12 749 000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот 1 592 000 патници, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Со 1 556 патнички автомобили опфатени во истражувањето се изминати вкупно 55 793 000 километри, од кои 47 487 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 8 306 000 километри.

Податоците за такси-превозот се добиени од 227 извештајни единици.

ДЗС споделува податоци и за потрошувачката на гориво: 184 тони бензин, 2 752 тони дизел и на 2 239 тони автогас.

Во сабота во 23.00 часот на „На кавга со Иван“ со Арбер Адеми

На кавга со Иван е нов проект на Канал 5 ТВ и нашиот 5CASt на Youtube каналот, каде како водител и дебатер се појавува Иван Мирчевски.

Во Сабота во 23.00 часот ќе ја гледате емисијата со портпаролот и потпретседател на ДУИ, Арбр Адеми , каде Иван ќе го прашува но и ќе констатира факти.

Не заборавајте да го гледате оригиналното шоу - на кавга со Иван…и да, навистина е кавга во Сабота во 23.00 часот

Данска потврди дека Украина може да ги користи борбените авиони „Ф-16“ против цели во Русија

Данска ја потврди својата дозвола борбените авиони „Ф-16“ што и ги донираше на Украина да можат да напаѓаат воени цели и на руска територија, изјави денеска шефот на данската дипломатија, Ларс Локе Расмусен, цитиран од Укринформ.

Расмунсен изјави дека од самиот почеток на процесот на одлучување за авионите „ Ф-16“ за Украина, Данска знаела дека овие ловци и другите капацитети се донирани за одбрана на оваа земја и дека таа може да ги користи против руски воени цели, вклучително и на руска територија.

Расмусен ова го изјави пред состанокот на Советот за надворешни работи ​​на ЕУ во Брисел.

-Краткиот одговор е ’да’. Ова не е нова позиција, тоа е дел од нашиот придонес. Кога разговаравме за ова со нашата комисија за надворешни работи во данскиот Парламент, од самиот почеток многу јасно ставивме до знаење дека ова е дел од одбраната, која веројатно ќе вклучува и напади на воени локации на руска територија, истакна данскиот министер.

Данска планира уште ова лето да ги обезбеди првите борбени авиони „Ф-16“, а Холандија најавува за подоцна - наесен, потсети Укринформ.

Копенхаген е еден од иницијаторите на таканаречената авионска коалиција за Украина.

Данска пред точно две недели објави нов пакет воена помош за Украина во износ од 750 милиони евра. Пакетот ќе го зајакне воздушниот и артилерискиот потенцијал на Украина. Оваа земја, исто така, ја истражува можноста за инвестирање во украинската воена индустрија.

Никол Кидман (56) и Зак Ефрон (36) имаат страсна 18+ сцена во новиот филм

Никол Кидман и Зак Ефрон повторно се обединија на екранот, 12 години откако глумеа во The Paperboy.

Овој пат, ѕвездите од А-листата играат љубовници во романтичната комедија на Нетфликс A Family Affair. Судејќи по трејлерот, ќе има уште секси сцени.

Во филмот, 56-годишната Кидман има бурна афера со шефот на нејзината ќерка, кого го игра Ефрон (36). На една сцена се гледа како австралиската актерка го турка актерот на креветот каде ѝ ја скинува кошулата. „Те чекав отсекогаш“, вели без здив додека се соблекуваат и страсно се бакнуваат.

Ефрон зборуваше за People за улогата, велејќи за списанието: „Бев малку исплашен, но да се видам повторно со Никол е секогаш одлично. Таа е талентирана актерка, љубезна е, грижлива е и прекрасно е да се поминува време со неа“.

A Family Affair пристигнува на Нетфликс на 28 јуни.

притисни ентер