Премиера на документарниот филм „Скопје град на љубовта“ - Канал 5

Премиера на документарниот филм „Скопје град на љубовта“

Во општина Бутел денеска премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Скопје град на љубовта“ снимен во рамки на проектот „Скопје се сеќава – Бутел памети“ кој е дел од чествувањето по повод 50 – годишнината од скопскиот земјотрес.

Премиера на документарниот филм „Скопје град на љубовта“


Во документарниот филм учествуваат децата од градинката „11 Октомври“ од општина Бутел во кој преку игри, детски експерименти, посети на неколку институции и средби со познати автори, учат се за земјотресот, но и за начините преку кои се искажува љубовта кон својата општина и својот град.

Освен децата, во филмот учествуваат и градоначалниците Петре Латиновски и Коце Трајановски, професорката Бисерка Димишковска, асистентот Томислав Петровски од ИЗИС, писателот Данило Коцевски и кантавторот Александар Митевски, чија песна „Мојот град“ е носечка музика во филмот. Автор на документрниот филм е Снежана Клинчарова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Најтешките борби не се водат секогаш на фронтовите“: Александар Видиновски ја објавува својата прва книга „На местото на настанот“

Новинарот, уредник и телевизиски водител Александар Видиновски на 5 ноември (четврток), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје, ќе ја промовира својата прва книга – „На местото на настанот“.

„Најтешките борби не се водат секогаш на фронтовите“: Александар Видиновски ја објавува својата прва книга „На местото на настанот“

Книгата, објавена во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, носи лични сведоштва од речиси две децении новинарска кариера, исполнета со известувања од кризни подрачја, драматични настани и ситуации во кои новинарот не е само набљудувач, туку и непосреден сведок на историјата.

Од престрелките во Диво Насеље и драматичната ноќ на воениот удар во Турција, до воени зони, несреќи и кризи во Македонија и надвор од неа, Видиновски ги пренесува приказните што останале зад телевизиските прилози и директните вклучувања. За разлика од кратките телевизиски извештаи, книгата нуди простор за подлабоко раскажување на настаните, личните доживувања и моментите што не секогаш можеле да бидат пренесени пред камерите.

Во разговор со Александар Видиновски ќе откриеме што се крие зад насловот „На местото на настанот“, кои моменти од неговата новинарска кариера биле најголем предизвик, но и колку е тешко од професионалното искуство да се создаде лично сведоштво.

1. Што беше главниот мотив што ве поттикна да ја напишете оваа книга? Кога се роди идејата?

Идејата се роди сосема спонтано. Низ годините, настаните од кои сум известувал беа навистина големи и значајни, па така, по игра на случајноста, безброј пати сум ги раскажувал моите доживувања и преживувања од терен на пријатели кои со интерес ги слушаа. Си реков: додека се сè уште свежи сеќавањата, да ги ставам на харртија (или забележам) за да остане некаков пишан доказ дека и македонски новинари, во одредени моменти, биле рамо до рамо со странските колеги и известувале директно од лице место од големи светски настани.

2. Колку е различно чувството кога информациите што секојдневно ги пренесувате како новинар ќе ги преточите во книга?

„Оваа книга нуди многу повеќе од обична вест. Таа открива како се создава таа информација, што се случува зад камерите и кои се тие невидливи моменти. Фокусот е ставен на личната перцепција, стравот, љубовта и искрените искуства – на сè она што е подлабоко и поинтимно од стандардното новинарство.“

3. Дали во текот на пишувањето имаше моменти кога се двоумевте дали некои работи треба да ги споделите со јавноста?

„Да, секако дека имаше и такви моменти. Златна новинарска пракса е никогаш да не се открива изворот на една информација. Тие стари новинарски стандарди безусловно ги почитувам. И во самата книга се споменуваат одредени луѓе, но нивниот идентитет секако остана заштитен.“

4. Кому му е првенствено наменета оваа книга?

„Книгата е наменета за сите граѓани кои сакаат да прочитаат и да видат многу повеќе од обична вест. За оние кои сметаат дека новинарството е убава, но и предизвикувачка професија, и за сите кои вистински се грижат за општеството и работите што ни се случуваат.“

5. Дали очекувате книгата да отвори одредени прашања или дискусии во јавноста?

„Интересно е како уште необјавена, книгата веќе предизвикува дилеми и дискусии за одредени поглавја. Тоа е одлично, бидејќи дијалогот и спротивставените мислења се знак на здрава дебата. Секако, туѓите ставови не мора да ги прифатам, но секогаш длабоко ги почитувам.“

6. Кога би можеле да издвоите само една реченица што ја опишува книгата, која би била таа?

„Најтешките борби не се водат секогаш на фронтовите, најтешко е да ги извојуваш оние битки што ти се случуваат во време на мир.“

„На местото на настанот“ е повеќе од хронологија на новинарски ангажмани – тоа е обид да се зачуваат сведоштвата за настани што оставиле трага, но и да се раскажат приказните што често остануваат надвор од телевизискиот кадар. Преку својата прва книга, Александар Видиновски им дава можност на читателите да ги погледнат познатите настани од една поинаква перспектива – од местото каде што се случувале.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хоџа-Гецова: Продлабочување на соработката со Чешка во областа на животната средина

На средбата беше истакната важноста на размената на искуства и експертиза, особено во областите на управувањето со отпадот, подобрувањето на квалитетот на воздухот и контролата на индустриското загадување.

Хоџа-Гецова: Продлабочување на соработката со Чешка во областа на животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорката на Чешката Република во Македонија, Ирена Гецова, на која беа разгледани можностите за унапредување на билатералната соработка, со посебен фокус на заштитата на животната средина.

На средбата беше истакната важноста на размената на искуства и експертиза, особено во областите на управувањето со отпадот, подобрувањето на квалитетот на воздухот и контролата на индустриското загадување.

Министерот Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка од Чешката Република во процесот на пристапување на Северна Македонија кон Европската Унија, како и за активната улога на Чешката амбасада во Скопје во поттикнувањето на соработката во областа на животната средина.

Двајцата соговорници ја потврдија подготвеноста за понатамошно продлабочување на партнерството преку институционална соработка, размена на знаења и реализација на конкретни активности од заемен интерес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

11 возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие – осум управувале без возачка дозвола, тројца под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации на територијата на државата, полициски службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

11 возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие – осум управувале без возачка дозвола, тројца под дејство на алкохол

Од нив, осум управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Д.С.(22) од Скопје, И.Л.(47) од село Батинци, скопско, Д.А.(30) од село Порој, тетовско, С.А.(19) од Гостивар, Џ.Р.(31) од Радовиш, Р.Е.(21) од село Раклиш, радовишко, А.Х.(47) од Струга и А.М.(31) од село Лисичани, кичевско.

Исто така, во Гостивар бил извршен службен разговор со 16-годишник кој управувал патничко возило без претходно да се стекне со право на управување, во присуство на родител.

Тројца возачи управувале патничко возило под дејство на алкохол, при што претходно учествувале и во сообраќајни незгоди. Станува збор за С.С.(43) од село Биљановце, кумановско, Х.Ј.(39) од село Драмче, кичевско, и Д.Ц.(31) од село Осиче, кривопаланечко.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или доколку имаат изречена забрана за управување со моторно возило. Одговорното однесување на секој учесник во сообраќајот е од суштинско значење за спречување на сообраќајни незгоди, заштита на човечките животи и создавање побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер