Преку германско-словенечка иницијатива ќе се бара забрзување на евроинтеграциите - Канал 5

Преку германско-словенечка иницијатива ќе се бара забрзување на евроинтеграциите

Преку германско- словенечка иницијатива со која би се елиминирале билатералните пречки во преговорите со ЕУ, ќе се бара забрзување на евроинтеграциите за земјите од регионот да стигнат побрзо до целта. 

Преку германско-словенечка иницијатива ќе се бара забрзување на евроинтеграциите

Идејата на двете држави е да се реактуелизира можноста за промена на одлучувањето, наместо со консензус, одлуките да се носат со мнозинство. Овие заложби биле пренесени викендов во Луксембург кадешто шефицата на европската дипломатија Каја Калас ги пречека министрите за надворешни работи.

„ Посочив дека Словенија заедно со Германија имаат иницијатива за тоа како да се поедностави самиот преговарачки процес преку воведување гласање со квалификувано мнозинство во процесот, со што навистина, ќе се забрзаат пристапните преговори и ќе се отстранат пречките во билатералните односи меѓу земјите. “ Тања Фајон – министерка за надворешни работи на Словенија.

Освен заедничкиот пристап на Германија и Словенија, коалициските партнери во германската Влада неодамна скроија и документ кој меѓудругото предвидува и укинување на правото на вето за ЕУ преговорите, но и за другите одлуки за кои сега е неопходен консензус од сите во Советот. А, додека да се постигне согласност за ова, Берлин предлага да се овозможи пристап до заедничкиот пазар за сите земји-кандидати.

Она што е извесно за Македонија е дека во меѓувреме Софија ќе инсистира на исполнување на преземените обврски од преговарачката рамка и протоколите, порака која вчера ја повтори шефот на бугарската дипломатија Георгиев.

-Во ова нема ништо билатерално, ниту отоврено меѓудржавно прашање. Напротив, ова е јасно дефиниран процес на пристапување. Редовно, сосема добронамерно им посочувам на колегите. Навистина не сакам да верувам дека тоа се прави намерно или со некоја скриена цел. Напротив, постојат јасно поставени услови, напишани црно на бело низ кои мора процесот да помине.Георг Георгиев – министер за надворешни работи на Бугарија.

Според политичкиот аналитичар Петар Арсовски, потпишаните документи се неизбежни, но надеж за македонските евроинтеграции има само доколку унијата ни даде гаранции за евентуалните билатерални блокади во иднина.

„ Не сум сигурен дека сите надежи се умрени, но секако дека тврдата позиција на Бугарија опстојува. Ние може да се надеваме на некаква декларативна заложба од страна на ЕУ, дали преку Европскиот Парламент, Европската Комисија или Советот дека билатералните прашања веќе нема да бидат услови во понатамошниот тек. Но, не можеме да избегаме од она што веќе е на хартија. “ Петар Арсовски – политички аналитичар.

Кон средината на мај во посета на регионов доаѓа претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта, кој во неколку наврати порачува дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е јасен политички приоритет.

Во моментов, од регионот најблиску до членство во ЕУ се Црна Гора и Албанија, која вчера го отвори и вториот кластер, по што европската шефица на дипломатијата Калас кажа дека целта е земјата да биде примена до 2030 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер