Николоски - Ивановиќ: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка
2Николоски - Ивановиќ: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка
ЗабаваПреку „Бал на цветовите“ ќе цвета фолклорот на Струмичкиот карневалФолклорот и карневалот се длабоко поврзани преку традицијата, маската, играта и радоста на заедничкото славење. Карневалот отсекогаш бил простор каде што народот слободно ја изразувал својата креативност, дух и идентитет, а фолклорот е живиот чувар на тие вредности. Преку народните ора, песни и носии, ние ја оживуваме историјата, обичаите и духот на нашиот народ, токму она што карневалот го слави - автентичноста и колективната радост, вели Ленче Карачанакова, раководителка на Здружението за песни и ора „Фолклорна низа“, кое по шести пат ќе учествува на Струмичкиот карневал и вечер, на Големото карневалско дефиле, ќе се претстави со маската „Бал на цветовите“. Маската ја симболизира радоста, разноликоста и будењето на природата, но и шаренилото на човечките емоции и традиции. Од „Фолклорна низа“ велат дека цветовите се вечен симбол на животот, обновата и убавината, исто како што фолклорот е жива традиција што постојано се обновува преку новите генерации. -Балот претставува заедничка свеченост, место каде што сите се поканети да играат, да пеат и да се радуваат без разлика на возраст. Токму така и нашиот настап ги обединува децата и возрасните во едно заедничко оро, создавајќи сцена полна со боја, движење и насмевки. Преку „Бал на цветовите“ сакаме да ја прикажеме хармонијата меѓу традицијата и современиот карневалски дух. Секој учесник е како цвет во голем букет, различен, а сепак неопходен за целината. Заедно, тие ја создаваат сликата на жив, весел и горд фолклор што слободно чекори низ улиците на Струмица, го објаснува Карачанакова значењето на маската. Додава дека Здружението со голема радост и гордост учествува на Струмичкиот карневал - настан кој претставува симбол на традицијата, радоста и заедништвото. -Фолклорот и карневалот имаат многу заедничко: и двата се израз на народната култура, креативноста и желбата да се зачува духот на заедницата преку игра, песна, костими и обичаи предадени од генерација на генерација. Децата, но и повозрасните членови, со возбуда и гордост ги облекуваат народните носии, учат чекори и песни и со насмевка ја пренесуваат радоста што ја носи традицијата. За нив ова е незаборавно искуство - можност да бидат дел од нешто големо, да настапуваат пред публика и да ја почувствуваат силата на колективниот дух, посочува Карачанакова. За учеството на Карневалот пресудна е големата желба да ја претстават македонската фолклорна традиција во едно современо, весело и шарено карневалско опкружување, бидејќи, како што велат, фолклорот не припаѓа само на сцените и фестивалите, туку и на улиците, меѓу луѓето, таму каде што се чувствува вистинската енергија на народот. За децата,пак, учеството на карневалот е вистинска радост и незаборавно искуство. -Тие со голем ентузијазам ги прифаќаат пробите, настапите и дружењето, чувствувајќи се горди што се дел од нешто поголемо. Насмевките, возбуда и позитивната трема пред настапот се најубав доказ дека преку вакви настани кај нив се гради љубов кон фолклорот и традицијата. Нашата цел со учеството на Струмичкиот карневал е да промовираме љубов кон традицијата, да поттикнеме младите да ја негуваат народната култура и да придонесеме за збогатување на културната понуда на нашиот град. Преку музика, песна и оро, сакаме да испратиме порака за заедништво, љубов и почит кон корените што не поврзуваат сите нас, рече на крајот раководителката на Здружението за песни и ора „Фолклорна низа“, Ленче Карачанакова. Досега на Струмичкиот карневал играорките и играорците се претставиле со маските „Курназ баби“, „Цветовите на боговите“, „Магични празници“, „Сложувалки“, „Бранови на радоста“ и годинава со „Бал на цветовите“. Инаку, годинава Струмичкиот карневал се одржува од 18 до 25 февруари. Главниот настан, карневалското дефиле, се одржува вечер, а утре е традиционалниот Детски карневал по повод празникот „Прочка“. /МИАТагови: Струмичкиот карневал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизОдложени се концертите на „Парни ваљак“ во Словенија и Швајцарија- пејачот мора на операција Парни ваљак објави дека ги одложува сите концерти планирани за октомври и ноември. Причина е операцијата на гласните жици на која треба да се подложи пејачот Игор Дрвенкар, по што му треба време да се опорави. Пораката на бендот до публиката Бендот се обрати до публиката преку социјалните мрежи. „Поради оперативната интервенција на гласните жици на која мора да се подложи нашиот Игор и потребното време за закрепнување, принудени сме да влеземе во состојба на мирување во текот на 10-тиот и 11-тиот месец од оваа година и да ги одложиме сите концерти во тој период“, се вели во соопштението. View this post on Instagram A post shared by Parni Valjak (@parnivaljak) „Здравјето на Игор е наш прв приоритет, а сега најважно е што има доволно време за целосно закрепнување. Ви благодариме за разбирањето, поддршката и трпението. Се надеваме дека наскоро сите ќе се вратиме на сцената заедно, веќе во 12-тиот месец, каде што сите сме најсреќни - заедно со вас!“ Дрвенкар: Се надевам дека ќе се вратам во декември Самиот пејач Игор Дрвенкар се обрати до јавноста со својата порака. „Драги мои, за жал, дојде време да престанам засега и да се посветам на моето здравје и целосно закрепнување. Знам колку сите се радувавме на концертите што нè очекуваат и верувајте ми, не ми е лесно што ќе мора да ги одложиме“, напиша тој. „Да бидам на сцената, да пеам и да ги споделувам сите тие моменти со вас е нешто што навистина ме исполнува, и затоа оваа пауза ми е уште потешка. Но, здравјето сепак е на прво место и верувам дека ова е само кратка пауза по која ќе се вратиме уште посилни. Се надевам дека во декември повторно ќе бидеме заедно, ќе пееме со сета сила и ќе надоместиме за сè што пропуштивме. Ви благодарам од дното на срцето за вашето разбирање, поддршката и сите убави зборови. Се гледаме наскоро!“ Информации за билетите Одложените концерти се настапот на 17 октомври во Домжале во Словенија (Спортска сала) и 7 ноември во Цирих (Stadthalle Dietikon). Бендот вели дека за сите информации за претходно купени билети и нови датуми, треба да ги контактирате организаторите.Тагови: Парни ваљак Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
МакедонијаШасивари - Нгефа: Меѓународниот дијалог отвора нови перспективи за соработкаМинистерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална средба со министерот за правда на Демократска Република Конго, Гијом Нгефа, во Истанбул, каде што двајцата учествуваат на Меѓународниот самит за правда.Средбата беше можност за непосреден разговор за состојбите во правосудството, институционалните искуства и предизвиците со кои се соочуваат државите во обезбедувањето ефикасна и достапна правда. Различните правни системи и институционални искуства нудат можност за размена на гледишта за улогата на правосудството и значењето на владеењето на правото во современите општества. Соговорниците ја истакнаа вредноста на отворениот дијалог и меѓусебното разбирање како основа за развивање контакти и разгледување можности за идна институционална соработка.Тагови: Јетон Шасивари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски - Ивановиќ: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработкаЗаменик-претседателот на Владата, Александар Николоски во рамки на работната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со Филип Ивановиќ, заменик-претседател на Владата на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи.На средбата беа разменети мислења за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, продлабочување на добрососедските односи и можностите за интензивирање на соработката во областите од заемен интерес. Посебен акцент беше ставен на европската интеграција на земјите, регионалната соработка и значењето на заедничката посветеност на европската перспектива на регионот. Беше заклучено дека на регионот му се потребни партнерства, регионална повраност и економска соработка. Македонија е подготвена да биде активен партнер во создавањето таков регион, истакна на средбата вицепремиерот Николоски. Соговорниците ја потврдија важноста на отворениот дијалог и континуираната комуникација, како основа за зајакнување на партнерството меѓу двете земји како и унапредување на стабилноста и просперитетот на регионот.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook