Салах претставен во својот нов клуб, ќе заработува 17 милиони евра годишно - Канал 5

Салах претставен во својот нов клуб, ќе заработува 17 милиони евра годишно

Досегашната ѕвезда на Премиерлигата и Ливерпул, 34 годишниот Мохамед Салах беше претставен како нов играч на Трабзонспор. 

Салах претставен во својот нов клуб, ќе заработува 17 милиони евра годишно

Трансферот на легендарното египетско крило во Трабзонспор претставува неочекуван потег, со оглед на тоа што во изминатите месеци тој главно се поврзуваше со клубови од Саудиска Арабија и со Бешикташ.

Приказната за Трабзон се појави неодамна, а работата брзо беше завршена. Поранешниот фудбалер на Ливерпул – со кого клубот спогодбено го раскина договорот – ја даде својата прва изјава за веб-страницата на Трабзонспор. „Трабзон, дали сте подготвени? Ве слушам. Се гледаме наскоро“, рече Салах.

Трабзонспор се смета за четвртиот најголем турски клуб, покрај истанбулските гиганти Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ. Минатата сезона тие завршија на третото место и ќе играат во квалификациите за Лигата на Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов пресврт во случајот „Епстајн“: Лондон под сè поголем притисок

Британската министерка за прашања поврзани со жртвите, Алекс Дејвис-Џонс, изјави дека владата разгледува опции за испитување на активностите на осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн во Обединетото Кралство.

Нов пресврт во случајот „Епстајн“: Лондон под сè поголем притисок

Британската министерка за прашања поврзани со жртвите, Алекс Дејвис-Џонс, изјави дека владата разгледува опции за испитување на активностите на осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн во Обединетото Кралство и дека премиерот Енди Бурнам се согласил да се сретне со жртвите.

Даунинг стрит ја ублажува изјавата на министерката Иако Дејвис-Џонс рече дека се разгледува можноста за јавна истрага, извори од Даунинг стрит подоцна посочија дека премиерот во моментов не подготвува ниту активно размислува за покренување на таков процес, објави „Индипендент“.

Министерката нагласи дека Барнам сериозно му пристапува на случајот и сака да разгледа системски промени што би ја подобриле состојбата за сите жртви на сексуално насилство.

Полицијата веќе ги истражува наводите.

Британската полиција веќе ги истражува обвинувањата поврзани со Епстајн, вклучително и можни случаи на сексуална злоупотреба на деца, трговија со жени преку британските аеродроми и злоупотреба на службената должност.

Дејвис-Џонс изјави дека евентуалната поширока истрага би можела да ги опфати и наводите против покојниот сопственик на „Хародс“, Мохамед Ал Фајед, кого стотици жени го обвинија за сексуално насилство.

Таа се врати на својата министерска функција откако во мај ја напушти владата на Кир Стармер, откако го обвини тогашното раководство дека не ги слушало доволно жртвите на Епстајн, пренесува „Анадолу“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Барен Минхен се откажа од четири странци

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен повлеќе неочекуван потез кој предизвика огромна реакција од јавноста.

Барен Минхен се откажа од четири странци

Според „Билд“, Жоао Палиња, Саша Боеј, Брајан Сарагоса и Арминдо Зиб се отстранети од списокот на играчи од првиот тим на официјалната веб-страница на клубот.

Овој потег се толкува како јасна порака дека Баерн повеќе не смета на нив и дека тие би можеле да го напуштат клубот ова лето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ин мемориам: Почина Благоја Станоевски, поранешен претседател на Сојузот на младината на Македонија

Почина Благоја Станоевски, поранешен македонски општествено-политички функционер и претседател на тогашниот Сојуз на младината на Македонија, во поранешна Југославија.

Ин мемориам: Почина Благоја Станоевски, поранешен претседател на Сојузот на младината на Македонија

Во првата половина на седумдесеттите години беше претседател на Претседателството на Републичката конференција на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија.

По ангажманот во младинската организација, Станоевски продолжува да извршува одговорни функции во тогашните општествено-политички структури. Беше и член на Претседателството на Републичката конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија.

Во осумдесеттите години беше ангажиран во Сојузот на синдикатите на Македонија.

Благоја Станоевски останува запаметен како дел од генерацијата македонски општествени дејци кои во втората половина на 20 век учествувале во работата на младинските, политичките и синдикалните организации во земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер