Лоша хидролошка состојба во регионот - каква е енергетската стабилност во земјава? - Канал 5

Лоша хидролошка состојба во регионот - каква е енергетската стабилност во земјава?

Македонскиот електроенергетски систем е стабилен а ниските водостои во Европа во моментов не претставуваат ризик за домашното производство на електрична енергија – соопштија од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. 

Лоша хидролошка состојба во регионот -  каква е енергетската стабилност во земјава?

Соопштението следи откако во Европа се набљудуваат историски ниски водостои на големите реки како Дунав и Рајна, што предизвика кризни состојби во електроснабдувањето на земји како Унгарија, Романија и Франција.

-Состојбата со акумулациите во моментов е стабилна и овозможува сигурно управување со домашниот хидропотенцијал. Хидропотенцијалот е со вкупна исполнетост на акумулациите од околу 70 проценти. Домашните акумулации се управуваат внимателно и согласно оперативните планови, што овозможува сигурно производство на електрична енергија и стабилно функционирање на електроенергетскиот систем,- Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Енергетскиот експерт Константин Димитров предупредува дека состојба на критичен недостиг на производство на енергија во земји од коишто ние увезуваме, може да предизвика рестриктивни мерки за штедење и кај нас.

-Ако се јави проблем како сега, еве нема доволно енергија во државите како Романија, делумно Бугарија, Унгарија кои што имаат проблем, како и Франција и Хрватска.. - Константин Димитров, Центар за енергетска ефикасност на Македонија.

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА

Месец

Производство на електрична енергија

Процент од домашната потрошувачка

МАЈ 2026

462.653 MWh

96,5 %

- АД ЕСМ

ЗГОЛЕМЕНО ПРОИЗВОДСТВО 2025 / 2026

ОД ХИДРОЕЛЕКТРАНИ

ЗА 76 ПРОЦЕНТИ

ОД ВЕТЕРНИ ЕЛЕКТРАНИ

ЗА 10 ПРОЦЕНТИ

Македонија е увозно-зависна а поголемиот дел од домашното производство на електрична енергија доаѓа од приватни постројки, што значи дека за енергетски суверентитет во кризни моменти како долги суши, од национална важност е инвестирањето во државни капацитети на производство и акумулациски системи на енергија, посочува Димитров.

-Да се изградат акумулациите Чебрен и Галиште, да се изградат две акумулации на реката Вардар и да се размислува за некои трети помали системи што ќе складираат вода на определени мали зафати. // ЕСМ треба да има изградено сопствени сончеви и ветрени паркови и да ги изгради хидроцентралите и тогаш веќе може да се стабилизра, а за тоа треба време. А во меѓувреме да се изградат и когенеративни постројки на гас за да се издржи тој период, негде до 2040 година да се стабилизира и да кажеме дека Македонија и во тешки моменти може да се задоволи со домашното производство,- - Константин Димитров, Центар за енергетска ефикасност на Македонија.

Поради долгата суша и топлотни бранови во Европа, производството на електрична енергија во неколку европски земји е значително намалено – нуклеарни централи во Унгарија и Романија се затворени, додека пак австриските хидроцентрали работат со намален капацитет а некои од нив се целосно затворени. Во соседна Србија пак актуелни се апелите до граѓаните за штедење и рационално користење на енергијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Крвава забава во САД: Има загинати; испукани најмалку 50 куршуми

 Две лица загинале, а 35 се повредени откако дојде до пукање на улична забава во американската сојузна држава Џорџија, соопштија денеска локалните власти. 

Видео: Крвава забава во САД: Има загинати; испукани најмалку 50 куршуми

Дваесет и петмина од повредените се пренесени во болница, објави „Си-би-ес њуз“ (CBS News).

Пукањето се случило во раните утрински часови во градот Вајена, а замениците на шерифот слушнаа истрели околу 1:25 часот по локално време додека патролираа низ областа.

Од Бирото за истраги на Џорџија соопштија дека, кога полицајците пристигнале на местото на настанот, затекнале повеќе лица кои биле застрелани.

Две лица кои се здобиле со смртоносни повреди биле пронајдени на неколку блока од местото каде што, според истражителите, започнало пукањето.

Шерифот на округот Дули, Крег Пиви, изјави дека повеќе од 1.000 луѓе се собрале на улицата Пајн за да ја прослават годишнината од собирот на поранешни ученици и локални жители, при што биле испукани најмалку 50 истрели на две различни локации. Надлежните не објавија информации за можен осомничен или за евентуален мотив за пукањето, ниту пак јавно ги идентификуваа загинатите и повредените.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јеменската влада започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од Хутите

Јеменската влада, поддржана од Саудиска Арабија и меѓународно призната, соопшти дека започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од Хутите, поддржани од Иран.

Јеменската влада започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од Хутите

Вооружените сили на владата ќе продолжат со офанзивата „сè додека земјата не се ослободи од стисокот на терористичката милиција“, изјави јеменскиот претседател Рашад Ал-Алими во телевизиско обраќање.

Портпарол на војската подоцна ги повика Хутите да го положат оружјето.

Хутите, го држат главниот град на Јемен, Сана, и огромни делови од северозападот, каде што живее поголемиот дел од населението, од 2014 година. Тие досега издржаа серија напади во текот на годините од страна на Саудиска Арабија, Емиратите и нивните западни сојузници, и го осовременија своето оружје со помош на Иран.

Движењето минатиот месец започна изненадувачка офанзива со која го освои стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб,на Црвеното море за само неколку недели, давајќи им на Хутите нова предност над меѓународната поморска рута.Тој напредок, исто така, отвори нов фронт во пошироката американско-израелска војна започната во февруари против Иран кои вклучуваа задушување на транспортот на нафта низ Ормутскиот теснец.,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црногорскиот претседател донесе тениски рекет во Ватикан, Папата: Ѓоковиќ е Србин

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ викендов билпримен во аудиенција кај папата Лав XIV за време на неговата официјална посета на Светата Столица.

Црногорскиот претседател донесе тениски рекет во Ватикан, Папата: Ѓоковиќ е Србин

„Папата Лав XIV би бил првиот папа во историјата што би ја посетил Црна Гора. За време на разговорите било потврдено пријателството меѓу Црна Гора и Светата Столица, како и заедничката посветеност на мирот, меѓусебното почитување и достоинството на секое човечко суштество“, соопштија од Кабинетот на претседателот на Црна Гора.

Милатовиќ истакна дека оваа година се одбележуваат 140 години од Конкордатот меѓу Кнежевството Црна Гора и Светата Столица, 20 години од воспоставувањето дипломатски односи и 15 години од потпишувањето на Основниот договор. За време на средбата, посебно внимание било посветено на натамошното зајакнување на соработката, вклучително и на отворањето на Апостолска нунцијатура во Подгорица.

На крајот од средбата, претседателот Милатовиќ му подарил на папата специјално изработен тениски рекет со црногорски државни симболи, рачно изработен филигран инспириран од добротската чипка и репродукција од првата страница на Конкордатот меѓу Кнежевството Црна Гора и Светата столица од 1886 година.

Милатовиќ му подарил тениски рекет на папата поради неговата страст кон тенисот.

При врачувањето на подарокот, тој го споменал тенисерот Новак Ѓоковиќ. „Тој се изјаснува како Србин“, одговори папата. „Тој исто така е многу наклонет кон Црна Гора“, одговорил Милатовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер