3Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУ
МакедонијаПредметот за пожарот во „Пулс“ ќе го застапуваат дури 15 обвинители Не 11, туку 15 обвинители ќе го застапуваат обвинението за пожарот во дискотеката Пулс на судењето што започнува следната среда на 19 ноември. Државниот обвинител Љупчо Коцевски кажа дека одлуката за зголемување на нивниот број за неколкумина е донесена вчера, со цел како што рече, да не дојде до одлагање на постапката по вина на обвинителството. -Имајќи предвид да не се наруши постапката на другите обвинители што имаат други предмети, можеби не секогаш ќе присуствуваат сите обвинители меѓутоа секогаш ќе има обвинители за да не се одолговлекува постапката и да не се одлага по вина на обвинителството. Максималниот број можеби ќе биде 15 обвинители,- изјави – Љупчо Коцевски – Јавен обвинител на РМ. Со обвинието опфатени се 34 физички и 3 правни лица, но не и полициските службеници.. За нив истрагата се уште ја води Обвинителството за организиран криминал и корупција, а Коцевски најавува дека ќе заврши до почекот на декември.. -Имаше објективни околности околу сослушување на одредени сведоци и сега тие се сослушуваат со тоа што најверојатно на почеток на следниот месец ќе се донесе и јавнообвинителска одлука,- изјави – Љупчо Коцевски – Јавен обвинител на РМ. Околу забелешките нотирани за правосудството во Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија, Коцевски вели дека се на линија на неговите претходни изјави дека недостасуваат човечки и технички ресурси. Прашан за најавите од власта дека ќе преземе мерки во правосудството по завршувањето на локалните избори, Коцевски рече дека тие повеќе ги цени како политички изјави. -За да има успех во борбата со криминалот треба да се создадат и услови. Конкретно во јавното обвинителство работиме со јавнообвинителска служба од една третина што значи околу 360 вработени а треба околу 1126, и за лани и за ова од страна на Министерството за финансии не ни се дозволува ниедно вработување. Дека власта ќе преземе мерки? Повеќе ги ценам како политички изјави, во однос на платите тоа е регулирано согласно закон, и нашите во споредба со регионот се најниски,- изјави – Љупчо Коцевски – Јавен обвинител на РМ. По трагедијата во Кочани Владата ја запре постапката за разрешување на државниот обвинител Коцевски, но во јуни владејачкото мнозинство му изгласа недоверба во Собранието.. Сепак, тој оствака не поднесе, па според најавите од власта, постапката за негово разрешува ќе продолжи по завршување на изборниот процес. Тагови: Обвинителството Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
МакедонијаКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лицаКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица осомничени за случајот со злоупотреби околу тендер за чистење на граничните премини и терминалите, во периодот од јули 2023 до март 2024 година.Oсомничените преку фаворизирање на одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 18 милиони денари од обвинителството велат и дека во рамките на истрагата се обезбедени докази и за примање и давање награда за противзаконито влијание и дека првоосомничениот примил награда во износ од 111.600 денари за искористување на својата службена положба. По распитот обвинителката соопшти дека барањето за притвор е заради опасност од бегство и влијание врз сведоци...Тагови: Кривичен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ: „Не ме исплашија ниту ме фасцинираат заканите“Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не се плаши од закани и дека е целосно посветен на напредокот на земјата и подобар живот за нејзините граѓани. „Скинете му ја главата на Вучиќ - ниту се плашам ниту ме фасцинираат заканите. Единственото нешто што ме интересира е како нашите луѓе живеат подобро и како Србија може да биде уште поуспешна“, рече Вучиќ. View this post on Instagram A post shared by Александар Вучић (@avucic) Вака реагира претседателот на Србија, Вучиќ на предупрадувањето да не патуват на самитот во Тиван во Црна Гора од српската безбедносна агенција БИА. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУнгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУУнгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер.Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер, односно група преговарачки поглавја за пристапување на Украина во Европската унија. Договорот претставува потенцијален пробив во долготрајниот спор околу правата на малцинствата, кој ги затегна односите меѓу Будимпешта и Киев и ја комплицира поддршката за пристапувањето на Украина во ЕУ. „Постигнавме напредок во разговорите со Украина за јазичните, културните и образовните права на етничкото унгарско малцинство“, напиша Маѓар на фејсбук. Во вторникот тој рече дека е подготвен да се сретне со украинскиот претседател Зеленски следната недела за да отвори ново поглавје во односите, доколку се постигне договор за правата на малцинствата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22