ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови
2ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови
ЖивотПредизвиците на македонските хероини во руралните срединиВо земјава има официјално 38.000 хероини во македонските села, кои произведуваат храна.Рурална коалиција по повод 15 октомври, Меѓународниот ден на руралната жена почнува едномесечна кампања за жените кои вредно работат земјоделие, сточарство, овоштарство. Емилија Пехчевска е пример дека шансата за добар живот и бизнис ја има пронајдено во Берово. Со нејзиниот сопруг одлучиле животот во Скопје да го напуштат и се враќаат во Берово каде што почнуваат со собирање на шумски плодови и нивна преработка во надалеку прочуените сокови и џемови од Малешевијата. Таа пред објективот на МИА ја раскажа својата приказна. -Ние сме натурализирани Беровци веќе девет години живееме, егзистираме и работиме во Берово, а инаку сме преселени од Скопје, корените си влечат. Свекорот ми е Беровец, Малешевец отселен уште во млади денови во Скопје. Но, ние секогаш при посета на Берово бевме воодушевени и еден ден одлучивме со семејството да се вратиме и да го продолжиме животот таму, вели Пехчевска. Емилија има мала семејна компанија, а со нејзиниот сопруг низ живопсната и се уште недопрена природа во Малешевскиот регион собираат капини, малини,шумски јагоди, рибизла, рибизла, аронија од кои прават џемови и сокови, а исто така собираат и билки. Своите производи го прадава преку социјалните мрежи, а страницата и е насловена „Беровски еколошки производи“. Таа не се жали на својата работа, туку со гордост и леснотија ја работи. -Секоја работа си има своја тежина, не можам да кажам дека е лесно. Физички е напорно, исцрпувачко не е само таа работа, дополнително има и друга работа, не е само собирањето, туку и се она што носи таа работа, преработка, амбалажирање, продажба. Ова почна сосема случајно, кога ние се преселивме и се движевме низ прекрасните предели, собирајќи шумски плодови за наши потреби, за нашите дечиња и така се појави самата иницијатива да еден дел што ќе го собереме да го преработиме, вели Пехчевска. Меѓу успешните приказни во Рурална коалиција е и на студентката Кристина Тодорова од Неготино. Студира на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, категорична е дека по студирањето ќе се врати во своето родно место, каде што имаат мал бизнис за производство на печурки. -Јас секако дека ќе се вратам во мојот роден крај. Ние работиме со производство на печурки и мојот бизнис проект е инкубатор за печурки. Со години се занимаваме со производство и како агроном во оваа криза што се наоѓаме многу е важно да се произведува здрава храна и да биде достапна во маркетите, вели Тодорова. Кристина со љубов го работи производството на печурки, а нејзината визија е да го прошири производство на повеќе видови на печурки, а кои ќе бидат произведувани од страна на млади невработени лица. Посочи дека мал е интересот за студирање на нејзиниот факултет, но смета дека преку ваквите успешни приказни на младите може да им се даде поттик да се запишат на Земјоделскиот факултет. Претседателката на Рурална коалиција, вели дека согласно податоците кои ги имаат од Заводот за статистика жените на нива, но и во фармите и бачилата работат рамо до рамо со мажите. -Имаме над 170.000 земјоделски стопанства кои се регистрирани или евидентирано, во зависност од тоа дали земаат субвенции или не и во речиси во сите од нив жените работат рамноправно со мажите, кога говориме само за жените тогаш говориме за бројка од повеќе од 38.000, коишто се регистрирани како индивидуални земјоделци и какошто ви кажав нивната бројка е поголема, бидејќи не сите се регистрираат во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Тука и беше и нашата цел да ги испромивираме и тие жени, кои се надвор од системот, но произведуваат храна, или прават различни преработки, какошто се џемови слатка, колачи, торти, декорации, традиционални украси, вели Јоноска. Продажбата на земјоделски производи освен на пазарите, стана хит и на социјалните мрежи Македонските потрошувачи се враќаат на купување на домашните производи на пазарите, но хит станаа и социјалните мрежи, каде што има платформи и групи кои ги нудат своите производи, од млеко, сирење, урда, печурки, преработка на овошје и на шумски плодови. Јоноска од Рурална коалиција вели дека производителките на храна ги обидинуваат во „Наша тезга“. -Конкретно ние го отворивме првиот женски рурален е пазар „Наша тезга“, којшто на 3 декември ќе слави една година од своето постоење, ако ви кажам дека почнавме со 40 жени, сега имаме над 150, кој се дел од овој пазар и којшто успешно ги промовираат и исто така ги продаваат и своите производи. Ако можам да кажам дека нешто позитивно се случи од Ковид кризата и од она што во моментот ни се случува, тоа е токму поддршката на овие жени и менувањето на навиките да купуваме исклучиво од пазар. Всушност ние сакавме да направиме еден таков он лјан пазар, каде што секоја од жение си има буквално своја тезга, па може да се запознаете со неа, да ја прочитате нејзината приказна и традиција на производство, да видите нејзините производи и буквално да си изберете производ од која жена ќе го купите, вели Јоноска. Пехчевска од Берово успешно ја прави продажбата на своите производи, токму преку социјалните мрежи, каде што ги и промовира своите преработки од шумски плодови. Но смета дека во овој простор има нелојална конкуренција. -Она што е наша определба е да бидеме уникатни во квалитетот, а со тоа се разбира дека и цената треба да биде соодветна. Луѓето не знаат, мислат дека ако најдат за 50 до 100 денари поевтин производ го купиле она вистинското. Значи за тоа е потребно многу време и труд и да се создаде круг на лојални конзументи, со којшто може да се продолжи соработката, вели Пехчевска. Рурална коалиција промовира 25 жени, кои успешно ја поминаа првата Меѓународна академија за жени-претприемачки од руралните средини. /MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканБугарија итно крена ловци „МиГ-29“ поради дојава за бомба! Бугарија итно крена ловци „МиГ-29“ поради дојава за бомба! Патничкиот авион изврши принудно слетување.Авион на лет од Тел Авив кон Виена извршил принудно слетување во Софија по закана за поставена бомба, при што бугарските воздухопловни сили подигнаа ловци „МиГ-29“. Министерството за одбрана на Бугарија денеска соопшти дека бугарските воздухопловни сили ги активирале своите капацитети за заштита на националниот воздушен простор, откако авион што полетал од Тел Авив синоќа извршил принудно слетување во Софија поради закана со бомба, пренесе „Тачно“. Операцијата на бугарските сили била спроведена во координација со Центарот за комбинирани воздушни операции во Торехон, Шпанија, јавува БТА. Авион „Ербас А320“ на летот OS82 од Тел Авив кон Виена бил пренасочен кон Софија во неделата вечерта, откако била пријавена закана со бомба, по што слетал на аеродромот „Васил Левски“ во бугарската престолнина, се наведува во соопштението. Според првичните информации, во леталото имало шест члена на екипажот и 51 патник, соопшти бугарското Министерство за транспорт и врски. Додека авионот се приближувал кон границата со Романија, екипажот пријавил дека добил закана со бомба и донел одлука за принудно слетување во Софија. Во исто време, бугарските воздухопловни сили испратија ловци „МиГ-29“, кои ги спроведоа процедурите предвидени за вакви околности. Според бугарската агенција, формирана е оперативна група за брза реакција, а надлежните органи започнаа истрага. Според податоците од веб-страницата „FlightRadar24“, овој авион на „Austrian Airlines“ слетал во Софија во неделата во 20:42 часот по средноевропско време. „Можеме да потврдиме дека беше упатена закана кон летот OS82 на линијата Тел Авив – Виена, поради што беше неопходно принудно слетување во Софија (SOF)“, соопштија од „Austrian Airlines“. Патници изјавиле за израелскиот портал „Ynet“ дека вонредната ситуација настанала по анонимна дојава за присуство на експлозив во авионот. Во леталото наводно се наоѓала делегација на млади луѓе кои требало да говорат пред Обединетите нации, пренесува „Times of Israel“. Поради ова, авионот наводно испратил сигнал за итна помош.Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласовиРезултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови, додека ВМРО-ДПМНЕ има раст од скоро 600 гласа.СДС се повеќе тоне. Резултатите од изборите во Брвеница ја демантираа радоста на СДС дека имаат помал пораз од последните локални избори минатата година. Нивниот пораз е уште поголем од ланските избори. Тоа што јасно може да се види е дека СДС сега имаат 57 гласа помалку од гласовите на советничка листа лани, кога истиот кандидат им беше носител. Односно истиот човек лани, како носител на листа за советници, освоил повеќе гласови отколку годинава како кандидат за градоначалник. За појасно да и биде на јавноста, но и на СДС, лани освоија 763, додека вчера, за истиот кандидат гласале 706 граѓани. Кога веќе зборуваме со факти и бројки, вистината е следна. ВМРО-ДПМНЕ освои за скоро 600 повеќе од ланските избори. Имено, на листа за советници лани освоивме 2371 глас, додека вчера за Стојанчо Радичевски гласале 2943 граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМакрон повикува на „мир и ред“ по немирите низ ФранцијаФранцускиот претседател Емануел Макрон повика на „мир и ред“ откако големиот ден на протести се претвори во немири и грабежи во саботата, а некои нереди продолжија во Париз и во неделата.Во национално обраќање од Елисејската палата, тој ги предупреди оние кои учествува во нередите додавајќи: „Сите чувствуваме гнев и срам“. Околу 550.000 демонстранти излегоа на улиците на претежно мирни протести против зголемувањето на цените на горивата, трошоците за живот и влошувањето на јавните услуги, вклучително и училиштата, кои потоа се претворија во насилни. Макрон рече дека мора да се направи разлика помеѓу „Легитимните барања“ на демонстрантите и „оние кои уништуваа, кршеа и ограбуваа“. Полицијата уапси околу 2.400 лица, според министерството за внатрешни работи на Франција. Францускиот претседател рече дека „ништо не го оправдува“ виденото „неконтролирано“ насилство и рече дека вклучените ќе се соочат со правдата. Групи демонстранти, некои облечени во црно и со маски и фантомки на главите излегоа и во Париз, Марсеј и други градови и места, а некои палеа автомобили и згради. Во Лимож, украсното градско собрание од 19 век беше уништено од пожар предизвикан од демонстрантите во саботата, при што нејзината кула и покривот се урнаа, а пламенот се прошири.Сопстевниците на продавници вчера собираат големи парчиња стакло и остатоци од нивните дуќани во Париз, додека камионите за ѓубре ги чистеа остатоците од некои од поголемите улици. По најлошите сцени на јавно нарушување на редот во современата француска историја. .Тагови: Емануел Макрон Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter