Тирана и вчера во хаос, нападнат беше штаб на Социјалистичката партија - Канал 5

Тирана и вчера во хаос, нападнат беше штаб на Социјалистичката партија

Тирана  повторно беше во хаос како и во текот на целата недела. 

Тирана и вчера во хаос, нападнат беше штаб на Социјалистичката партија

Големи количини молотови коктели, петарди и камења беа фрлани врз полицијата во текот на целата вечер, иако најопасната ситуација беше вчера на плоштадот Скендербег, каде што имаше насилни судири меѓу полицијата и некои демонстранти кои фрлаа палки.

Неколку пати во текот на денот, булеварот на Националните маченици стана место на конфронтации меѓу демонстрантите кои нападнаа и полицијата која одговори со солзавец и водни топови, но и со гумени куршуми.Во текот на вечерта, демонстрантите се вратија во седиштето на Социјалистичката партија за да ја нападнат. Насилни судири имаше и кај банката на Албаниј, демонстрантите се судрија со полицијата. Исто така, имаше палење на канти за отпадоци каде и да поминуваше толпата. Демонстрантите фрлија голема количина молотови коктели врз полицајците по судирите и интервенцијата на полицајците со солзавец, водни топови и гумени куршуми, некои од демонстрантите се упатија кон седиштето на демократската партија и се засолнија. Повредени се 19 полицајци, 4 демонстранти, меѓу кои 1 малолетник, еден новинар и 4 минувачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Продолжуваат вонредните инспекциски контроли на зелените пазари

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжува со спроведување на засилени вонредни инспекциски контроли на зелените пазари, со цел сузбивање на нелегалната трговија со овошје и зеленчук и продажбата на храна во несоодветни услови....

АХВ: Продолжуваат вонредните инспекциски контроли на зелените пазари

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжува со спроведување на засилени вонредни инспекциски контроли на зелените пазари, со цел сузбивање на нелегалната трговија со овошје и зеленчук и продажбата на храна во несоодветни услови, без потекло, најчесто од страна на препродавачи кои тргуваат надвор од организираните пазарни простори. Минатата недела, во рамки на акциите спроведени на скопскиот Зелен пазар и на пазарот во населбата Ѓорче Петров, запленети и уништени се над 5 тони небезбедна храна. Станува збор главно за овошје и зеленчук кои нелегално се продавале, надвор од пазарот, со што директно ја загрозуваат безбедноста на потрошувачите, но и ја нарушуваат конкуренцијата на пазарот, на штета на примарните земјоделски производители и легалните трговци.

Контролите се спроведуваат во координација со комуналната инспекција на Град Скопје, Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат, со цел спречување на нелегалната трговија и обезбедување законски услови за продажба на храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со спроведување на засилените контроли и во наредниот период, на различни локации во Скопје и низ државата. Целта е заштита на здравјето на потрошувачите, спречување на прометот со небезбедна храна и создавање фер услови за работа на легалните трговци и примарните земјоделски производители

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

16 уапсени во голема полициска акција на повеќе локации – запленети дрога, оружје и муниција

16 лица се приведени во обемна полициска акција која два дена се одвиваше на повеќе локации во земјава..

16 уапсени во голема полициска акција на повеќе локации – запленети дрога, оружје и муниција

Во рамки на акцијата биле извршени 47 претреси во домови и други помошни простории..

Пронајдени и одземени биле поголема количина марихуана, повеќе пакувања со кокаин, како и помали пакувања со кокаин подготвени за понатамошна продажба. Исто така, пронајдени и одземени биле огнено оружје – пиштоли и пушки, разновидна муниција, парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела

Од МВР информираат дека се поденесени 11 кривични пријави за кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во преполн ноќен клуб во БиХ фрлен солзавец, настанало стампедо, повредени 38 лица

Во преполн ноќен клуб во Босна и Херцеговина бил фрлен солзавец, по што настанал стампедо, при што се повредени 38 лица.

Во преполн ноќен клуб во БиХ фрлен солзавец, настанало стампедо, повредени 38 лица

Синоќа, во ноќниот клуб „ВИП“ (VIP) во Јелах, близу Тешањ, Босна и Херцеговина, е употребен солзавец, што предизвика паника и стампедо, при што се повредени 38 лица.

Инцидентот се случил околу полноќ. Гостите, обземени од паника, се обидоа да избегаат од просторот исполнет со чад, а многумина подоцна побараа лекарска помош, пренесува информативниот портал Crna-hronika.info.

Присутните во клубот пријавиле силно кашлање, чувство на гушење, отежнато дишење и силно печење во очите, носот и грлото. Некои почувствувале вртоглавица и дезориентација, а според неофицијални информации, неколку лица накратко изгубиле свест поради вдишување на гасот.

Девојка сведок на инциденот раскажа дека настанот се случил околу 00:30 часот, додека клубот бил преполн.

Таа опиша сцени во кои луѓето се газеле едни преку други во обид да избегаат. „Имаше толку многу луѓе. Сè се случи околу 00:30 часот. Луѓето се гушеа; беше застрашувачки. Високите маси се превртуваа врз младите мажи и жени“, изјави сведочката. Таа напомена дека, покрај тешкотиите со дишењето, гостите се здобиле и со сериозни физички повреди.

Според неа, неколку лица претрпеле скршеници на рацете или нозете, а дел од повредените биле итно пренесени во Зеница на понатамошен медицински третман. „Неколку лица се сериозно повредени. Многумина имаат скршени екстремитети. Голем број беа испратени во Зеница. Луѓето буквално не можеа да дишат“, додаде таа.

Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот и започнала истрага за да ги утврди сите околности. Лејла Екиновиќ, портпаролка на Полициската управа при Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон, потврди дека полициски службеници веднаш биле упатени на локацијата, каде што започнале со евакуација на објектот и укажување помош.

„На 18 октомври 2026 година, во 00:10 часот, дежурната служба во Полициската станица Тешањ добила телефонска пријава дека непознато лице фрлило супстанца – за која постои сомневање дека е солзавец – во објектот „ВИП“ во Росуље, Тешањ, во момент кога таму имало голем број луѓе“, изјави Екиновиќ, пренесува „Телеграф“.

Се појавија и информации дека низ прозорецот од тоалетот бил фрлен солзавец, наводно во близина на местото каде што се наоѓал сопственикот на клубот. Поради ова, се шпекулира дека нападот бил насочен директно кон него, но овие тврдења сè уште не се официјално потврдени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер