Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница - Канал 5

Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница

Кандидатот на коалицијата Твоја Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски победи на изборите во Брвеница..

Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница

Зад него, е кандидатот на Националната алијанса за интеграција Аркин Јахији, соопштија од ДИК.. Според резултатите, сосема извесно е дека двајцата ќе се соочат во вториот круг за две недели..

Кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од ВРЕДИ, Јакуп Хусеини синоќа беше во штабот на кандидатот на „Национална алијанса за интеграција“ предводена од ДУИ, Аркин Јахиј за да му го честита влезот во вториот круг од предвремените локални избори.На фотографиите и видеата што ги објавија повеќе медиуми, се гледаат двајцата кандидати во прегратка во присуство на повеќе партиски поддржувачи.

„За трпението, храброста, трудот од двата табора и верувам дека само вака може да одиме напред“,вели Јахији на видеото.

Кандидатот на „Национална алијанса за интеграција“, Аркин Јахиј веќе е извесно дека во вториот круг од локалните избори во Брвеница ќе оди со кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДМПНЕ, Стојанче Радически кој освои најмногу гласови 2 943 гласа, втор е кандидатот на „национална алијанса за интеграција“ предводена од ДУИ, аркин јахиј со 2 152 гласа, трет е Јакуп Усеини од ВРЕДИ со 1 528 освоени гласа, а следуваат Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ со 706 и независните кандидати – Душан Богдановски со 55 и Арифе Идризи со 21 глас.Изборите во Брвеница се одржуваат откако на 58-годишна возраст почина дотогашниот прв човек на општината, Јовица Илиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Макрон повикува на „мир и ред“ по немирите низ Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на „мир и ред“ откако големиот ден на протести се претвори во немири и грабежи во саботата, а некои нереди продолжија во Париз и во неделата.

Макрон повикува на „мир и ред“ по немирите низ Франција

Во национално обраќање од Елисејската палата, тој ги предупреди оние кои учествува во нередите додавајќи: „Сите чувствуваме гнев и срам“.

Околу 550.000 демонстранти излегоа на улиците на претежно мирни протести против зголемувањето на цените на горивата, трошоците за живот и влошувањето на јавните услуги, вклучително и училиштата, кои потоа се претворија во насилни.

Макрон рече дека мора да се направи разлика помеѓу „Легитимните барања“ на демонстрантите и „оние кои уништуваа, кршеа и ограбуваа“.

Полицијата уапси околу 2.400 лица, според министерството за внатрешни работи на Франција.

Францускиот претседател рече дека „ништо не го оправдува“ виденото „неконтролирано“ насилство и рече дека вклучените ќе се соочат со правдата. Групи демонстранти, некои облечени во црно и со маски и фантомки на главите излегоа и во Париз, Марсеј и други градови и места, а некои палеа автомобили и згради.

Во Лимож, украсното градско собрание од 19 век беше уништено од пожар предизвикан од демонстрантите во саботата, при што нејзината кула и покривот се урнаа, а пламенот се прошири.Сопстевниците на продавници вчера собираат големи парчиња стакло и остатоци од нивните дуќани во Париз, додека камионите за ѓубре ги чистеа остатоците од некои од поголемите улици. По најлошите сцени на јавно нарушување на редот во современата француска историја.

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Продолжуваат вонредните инспекциски контроли на зелените пазари

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжува со спроведување на засилени вонредни инспекциски контроли на зелените пазари, со цел сузбивање на нелегалната трговија со овошје и зеленчук и продажбата на храна во несоодветни услови....

АХВ: Продолжуваат вонредните инспекциски контроли на зелените пазари

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжува со спроведување на засилени вонредни инспекциски контроли на зелените пазари, со цел сузбивање на нелегалната трговија со овошје и зеленчук и продажбата на храна во несоодветни услови, без потекло, најчесто од страна на препродавачи кои тргуваат надвор од организираните пазарни простори. Минатата недела, во рамки на акциите спроведени на скопскиот Зелен пазар и на пазарот во населбата Ѓорче Петров, запленети и уништени се над 5 тони небезбедна храна. Станува збор главно за овошје и зеленчук кои нелегално се продавале, надвор од пазарот, со што директно ја загрозуваат безбедноста на потрошувачите, но и ја нарушуваат конкуренцијата на пазарот, на штета на примарните земјоделски производители и легалните трговци.

Контролите се спроведуваат во координација со комуналната инспекција на Град Скопје, Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат, со цел спречување на нелегалната трговија и обезбедување законски услови за продажба на храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со спроведување на засилените контроли и во наредниот период, на различни локации во Скопје и низ државата. Целта е заштита на здравјето на потрошувачите, спречување на прометот со небезбедна храна и создавање фер услови за работа на легалните трговци и примарните земјоделски производители

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

16 уапсени во голема полициска акција на повеќе локации – запленети дрога, оружје и муниција

16 лица се приведени во обемна полициска акција која два дена се одвиваше на повеќе локации во земјава..

16 уапсени во голема полициска акција на повеќе локации – запленети дрога, оружје и муниција

Во рамки на акцијата биле извршени 47 претреси во домови и други помошни простории..

Пронајдени и одземени биле поголема количина марихуана, повеќе пакувања со кокаин, како и помали пакувања со кокаин подготвени за понатамошна продажба. Исто така, пронајдени и одземени биле огнено оружје – пиштоли и пушки, разновидна муниција, парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела

Од МВР информираат дека се поденесени 11 кривични пријави за кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер