Гоце Седлоски веќе не е селектор на Македонија - Канал 5

Гоце Седлоски веќе не е селектор на Македонија

Македонската фудбалска легенда Гоце Седлоски веќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, објавија од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). 

Гоце Седлоски веќе не е селектор на Македонија

Разделбата доаѓа по непосакуваните резултати во Лигата на нациите, каде завршивме без бодови, објави Гол.

Фудбалската федерација на Македонија се огласи по разделбата со Гоце Седлоски и испрати порака со која му се заблагодари на досегашниот селектор за неговата работа, посветеност и професионален однос. Од ФФМ посочуваат дека одлуката за разделба е донесена со цел да биде во интерес и на репрезентацијата и на Седлоски, без дополнителен притисок и негативни коментари кон човек кој оставил значајна трага во македонскиот фудбал.

„Понекогаш во фудбалот, без оглед на искуството, посветеноста и добрите намери, работите едноставно не се одвиваат онака како што сите посакуваат. Сметаме дека во овој момент е најдобро разделбата да биде во интерес на репрезентацијата, но и на Гоце Седлоски, без дополнителен притисок и негативни коментари кои не треба да бидат товар за човек кој оставил длабока трага во македонскиот фудбал.

Гоце не е само селектор кој ја предводеше репрезентацијата во еден период. Тој е еден од најтрофејните македонски тренери, легендарен капитен и човек кој со години е дел од историјата и развојот на нашиот фудбал.

Можеби моментот во кој ја презеде репрезентацијата не беше идеален. Можеби високите очекувања, наспроти реалноста, околностите и резултатите не се поклопија со она што сите го посакувавме. Но, тоа не ја менува неговата заслуга, ниту придонесот што го има дадено за македонскиот фудбал.

ФФМ му се заблагодарува на Гоце Седлоски за досегашната работа, посветеноста и професионалниот однос. Веруваме дека неговото искуство, знаење и љубов кон македонскиот фудбал и во иднина ќе бидат ставени во служба на нашиот фудбал, клупски или репрезентативен.

Резултатите се дел од фудбалот. Почитта кон луѓето кои го задолжиле треба да остане и по последниот натпревар“, се наведува во пораката на ФФМ.

Гоце Седлоски ја презеде Македонија пред нешто помалку од една година. Ја водеше во баражот за СП 2026, а потоа и во Лигата на нациите, но не успеа да забележи победа на десет натпревари, а сениорите дадоа само еден гол. За Македонија сега следи баражот за опстанок во Б-дивизијата во двомеч против Кипар, а на него ќе бидеме со нов селектор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски пред Комората на вештаци: Зад секоја професионална судска одлука, стои стручното знаење на вештаците

Вештачењето како дејност има значајна улога во функционирање на правосудниот систем и остварувањето на правдата. 

Николоски пред Комората на вештаци: Зад секоја професионална судска одлука, стои стручното знаење на вештаците

Зад секоја правилно донесена судска одлука стои еден поширок процес на утврдување на фактите, анализа на доказите но и примена на стручни знаења од вештаците, затоа вашата работа има општествена и правна одговорност, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на годишната конференција на Комората на вештаци.

“Вие сте навистина еден од оние сегменти во општеството и во државата коишто можеби и не се толку видливи, но многу значат за функционирањето на државата и сакам да Ви оддадам признание и благодарност за сето она што го правите. Вештачењето претставува еден од значајните столбови на правосудниот систем, бидејќи овозможува овие сложени стручни, технички, економски, медицински и други прашања од животот да бидат разјаснети преку знаење, искуство, методологија и најважно професионална објективност. Тука Комората на вештаци има особено значајна улога во уредувањето, унапредувањето и афирмирањето на оваа професија. Нејзиното значење не треба да се гледа само низ институционално организирање, туку пред сѐ низ придонесот во градењето на професионални стандарди, стручност, интегритет и доверба” -се обрати Николоски.

Тој додаде дека во ова време кога општеството и правните односи стануваат сѐ посложени, потребата од стручното и независно вештачење постојано расте.

“Кога народот сѐ повеќе бара да се спроведуваат законите, кога функционалната правна држава и владеењето на правото е нешто за што сѐ почесто се зборува, потребата од квалитетно, независно и стручно вештачење постојано расте. Затоа работата не е само професионална задача, туку и голема општествена и правна одговорност. Секој напишан збор значи, се мери и има свое влијание. Како што кажав, ние како Влада ги вложуваме сите напори кон воспоставување на функционален систем на владеење на правото како темел на демократската држава и тука ја имате целата наша поддршка. Независноста на судската власт треба да се разбира не како изолираност од другите институции, туку како гаранција за едно непристрасно и објективно одлучување” – додаде Николоски.

Тој на Комората им посака успешна работа и но поголема посветеност и унапредување на професијата, соопштуваат од Министерството за транспорт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест во Скопје поради зачестените случаи на насилства врз жените

Под мотото „Ниту една повеќе: не се откажуваме!“ во Скопје се одржа нов протестен марш против фемицидите и насилството врз жените. 

Протест во Скопје поради зачестените случаи на насилства врз жените

Протестот се одржува токму на денот кога почнуваат 16-те денови активизам за родово базирано насилство. Започна од Паркот Жена Борец, пред Собранието, а ќе завши пред Министерството за внатрешни работи.

Во живо од протестот го вклучуваме Михаило Донев. Михаило дали протестот заврши и какви пораки беа упатени?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер