Познати се сите седум финалисти за титулата Европски автомобил за 2025 година - Канал 5

Познати се сите седум финалисти за титулата Европски автомобил за 2025 година

Организаторите на престижната награда Европски автомобил на годината ја објавија листата на финалисти за 2025 година, меѓу кои има само седум модели од вкупно 42 кандидати.

Познати се сите седум финалисти за титулата Европски автомобил за 2025 година

Оваа листа, која го привлекува вниманието на автомобилската индустрија ширум светот, носи широк спектар на возила, од градски автомобили до електрични модели.

Финалистите се:

• Alfa Romeo Junior

• Citroën C3/ë-C3

• Cupra Terramar

• Dacia Duster

• Hyundai Inster

• Kia EV3

• Renault 5 / Alpine A290

Победникот ќе биде објавен на 10 јануари на саемот за автомобили во Брисел. Пред конечното гласање, 60 експерти од 23 европски земји дополнително ќе ги тестираат возилата за да донесат одлука.

Секој член на жирито има на располагање 25 поени, кои мора да ги подели меѓу финалистите, при што еден модел добива најмногу 10 поени. Овој систем на гласање гарантира дека изборите се објективни и темелни.

Минатогодишната награда за Европски автомобил на годината 2024 му припадна на моделот Renault Scenic, кој победи шест конкуренти во последното гласање, вклучувајќи ги BMW серијата 5 и Peugeot 3008. Scenic освои 329 поени, додека BMW го зазеде второто место со 308 поени . Третопласираниот Peugeot доби 197 бодови.

Со различни типови возила во финалето, вклучително и електрични модели како Kia EV3 и Renault 5, се очекува возбудлив натпревар кој ги одразува актуелните трендови во автомобилската индустрија. Дали традиционалните модели како Dacia Duster ќе успеат да се истакнат меѓу силната конкуренција останува да видиме.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пентагон го испраќа трет американски носач на авиони на Блискиот Исток

Пристигнуваат 10.000 американски војници на Блискиот Исток.

Пентагон го испраќа трет американски носач на авиони на Блискиот Исток

Американскиот весник „Волстрит џурнал“ објави дека Пентагон испраќа трет американски носач на авиони на Блискиот Исток и дека американскиот претседател Доналд Трамп ги разгледува следните чекори кон Иран, вклучително и можноста за продолжување на кампањата на бомбардирање по изборите.

Ударната група предводена од носачот на авиони „Теодор Рузвелт“ во неделата замина од Сан Дијего, носејќи меѓу 9.000 и 10.000 војници, а се очекува да пристигне во регионот во ноември.

Не е јасно дали распоредувањето на „Теодор Рузвелт“ ќе послужи за замена на друг носач на авиони во регионот или за зголемување на бројноста на американските сили.

Во регионот веќе се наоѓаат носачите на авиони „Џорџ Х.В. Буш“ и „Џорџ Вашингтон“, кој во август го замени носачот „Абрахам Линколн“ по неговиот долг престој во регионот.

„Џорџ Вашингтон“ вообичаено е распореден во Тихиот Океан и е стациониран во Јапонија.

Како што е наведено, Пентагон изготви планови „Теодор Рузвелт“ да биде подготвен за долг престој, што вклучува зголемување на залихите на храна, средства за хигиена и други неопходни материјали, како и подобрување на комуникацијата на морнарите со нивните семејства и на условите за живот на носачот.

Минатата недела, Трамп го отфрли предлогот на Иран за седумдневно примирје, оценувајќи го како неприфатлив. Иран најави дека во тој период ќе го отвори теснецот Хормуз, додека високи претставници на американската администрација тврдат дека САД веќе испорачуваат нафта преку тој стратешки премин. Трамп исто така навести можност за продолжување на бомбардирањето на Иран по изборите на средината на мандатот. „Бидејќи со уништувањето на Иран, создадовме мир во светот“, изјави тој вчера за списанието „Тајм“, додавајќи дека „никогаш не може да има мир“ со Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О.Карпош: Доделени спортски стипендии за 2026 година

По завршувањето на Јавниот повик за доделување спортски стипендии за талентирани спортисти – жители на Општина Карпош, доделени се спортски стипендии за ученици од VIII и IX одделение за учебната 2026/2027 година. 

О.Карпош: Доделени спортски стипендии за 2026 година

Спортските стипендии од Прва категорија изнесуваат 3.500 денари месечно и се доделуваат за период од осум месеци во текот на учебната година.

Спортските стипендии од Втора категорија изнесуваат 3.000 денари месечно и се доделуваат за период од осум месеци во текот на учебната година.

Списокот на добитници на спортските стипендии за 2026 година можете да го погледнете на следниот линк: https://shorturl.at/usWM6.

Со доделувањето на спортските стипендии, Општина Карпош продолжува со поддршката на младите спортски таленти и нивниот развој, особено на учениците кои со своите индивидуални спортски резултати се издвојуваат на национално и репрезентативно ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изложба и доделување на наградата ДЕНЕС 2026 во Сули ан

Во рамки на фестивалот АКТО, денеска, 2 октомври, во Сули-ан (галерија Драгутин Аврамовски – Гуте на Факултетот за ликовни уметности во Скопје), се доделува XX Награда ДЕНЕС 2026.

Изложба и доделување на наградата ДЕНЕС 2026 во Сули ан

Во рамки на фестивалот АКТО, денеска, 2 октомври, во Сули-ан (галерија Драгутин Аврамовски – Гуте на Факултетот за ликовни уметности во Скопје), се доделува XX Награда ДЕНЕС 2026, најзначајната и најстара независна награда во земјава за млад/а визуелен/а уметник/чка до 35 години.

Изложбата на финалистите: Јован Јосифовски, Сергеј Каленикoв и Ана Трајковска и свеченото доделување започнуваат во 20 часот, по што следи DJ сет на Мартина Пенева.

Наградата ДЕНЕС, во нов колаборативен формат, годинава носи двомесечен престој во Residency Unlimited (Њујорк) за добитникот/чката, и по едномесечен престој во Галерија „Простор" (Хартефакт, Сплит) и самостојни изложби во Скопје и Сплит (2027) за другите двајца финалисти.

Жирито го сочинуваат Натали Онгле (Residency Unlimited, Њујорк), Јелена Мијиќ (мултимедијална уметничка, Белград, добитничка на наградата „Димитрије Башичевиќ Мангелос") и Илија Прокопиев (визуелен уметник, добитник на ДЕНЕС 2011, уметнички директор на галеријата Шкуц, Љубљана). Во првиот круг на жирирање членка беше и Хиба Абид, кураторка во Њујоршката јавна библиотека и членка на комитетот за уметност и култура на градоначалникот на Њујорк.

Наградата ДЕНЕС е основана во 2002 од Центарот за современи уметности - Скопје, а од 2015 година ја организира Фaкултет за работи што не се учат во рамки на АКТО, во соработка со мрежата YVAA, Residency Unlimited и Trust for Mutual Understanding (Њујорк).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер