Порше Тајкан ќе се појави во 2021 , а веќе е распродаден – Кои се купувачите?

Од компанијата Порше велат дека има незапаметен интерес за електричниот автомобил Тајкан.

Од Порше велат дека новито модел Тајкан привлекол купувачи кои никогаш порано не го возеле нивните модели. За разлика од Кајен , кој го купуваат поранешни сопственици на Мерцедес и на слични СУВ , со Тајкан има сосема различна состојба.

Првиот човек на Порше за Америка , Клаус Зелмер рече дека се изненадени од побарувачката за овој електричен автомобил. Тој не сакаше да открие колку луѓе платиле пред да го добијат автомобилот , но откри нешто друго.

,, Доколку сите кои го резервираа автомобилот , решат да го купат , тогаш сигурно сме распродадени за првата година.”

Интересна е и структурата на купувачите на Тајкан.

,, Повеќе од половината заинтересирани , кои веќе го резервираа автомобилот , никогаш порано немале Порше. Очекувавме дека тоа би биле луѓе кои возеле Ауди , БМВ или Мерцедес. Денес тоа се луѓе кои возеле Тесла. Интересно е што луѓето кои се заинтересирани за Тесла , не изгубија интерес и за нашето возило.” , објаснува Зелмер.

Макрон на крајот од месецов во државна посета на Германија

Францускиот претседател Емануел Макрон од 26 до 28 мај ќе престојува во државна посета на Германија која ќе биде во контекст на европската соработка, со планирани посети на Берлин, Дрезден и Минстер, соопшти денеска германското претседателство.

Посетата, која е прва на француски претседател во последните 24 години, ќе се реализира непосредно пред изборите за Европскиот парламент (6 до 9 јуни) и почетокот на Европското фудбалско првенство во Германија, кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули, и Олимписките игри во Париз кои следат веднаш потоа.

Францускиот претседател редовно се среќава со германскиот канцелар Олаф Шолц во Париз или Берлин, додека оваа државна посета, најважна во протоколарната хиерархија, ја организира германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

Емануел и Брижит Макрон ќе бидат пречекани со воени почести во палатата Белви во Берлин, резиденцијата на германскиот претседател, а потоа ќе присуствуваат на „прославата на демократијата“ по повод 75-годишнината од германскиот Основен закон и 35 години од мирната револуција во 1989 година што доведе до повторно обединување на двете Германија.

Со потпишувањето на Основниот закон на 23 мај 1949 година е основана Сојузна Република Германија.

Вториот и третиот ден од посетата ќе бидат во Дрезден и Минстер, каде што ќе разговараат за „заедничките предизвици на кои Франција и Германија можат да дадат заеднички одговори во Европа, на полето на технолошките иновации и конкурентност или на теми за мир и безбедност на континентот“, се наведува во соопштението.

Претседателот Макрон ќе биде единствениот странски гостин на годишнината од основањето на Сојузна Република Германија, на барање на претседателот Штајнмаер кој сака „да ја нагласи уникатната вредност на француско-германското пријателство“. /МИА

Европски фронт: Граѓаните сами одлучуваат како ќе го искористат правото на глас

Граѓаните сами одлучуваат како ќе го искористат правото на глас на претседателските избори.

Лидерите на партиите кои се дел од Европскиот фронт на денешната средба во Струга заклучија дека првиот круг од претседателските избори на 24 април помина во мирна, фер и демократска атмосфера, а победата на д-р Бујар Осман од 40.000 гласа над Арбен Таравари - кандидат на опозицијата, тоа е победа која уште повеќе ќе се продлабочи на 8 мај, на парламентарните избори кога Европскиот фронт ќе ја одбележи својата историска победа.

Во овој случај, бидејќи Европскиот фронт повеќе не е дел од претседателската трка во вториот круг од претседателските избори и бидејќи гласот на граѓаните за нас е свет и нивно право, Европскиот фронт наведува дека тоа е ексклузивна волја на граѓаните како што сакаат да го искористат ова право.

Пендаровски од Центар: Единствен Начин силјановска да победи на дуел е да настапи сама на дуел

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, попладнево од собирот во Скопски Центар се осврна и на најавата за предизборно соочување во емисија на МТВ. 

Порача дека ТВ дуел на јавниот сервис никогаш не бил договорен, додавајќи дека тоа е единствениот начин Силјановска Давкова да победи во некаква дебата.

притисни ентер