Поранешниот управник на имотот на Џони Деп нашол отсечен дел од неговиот прст - Канал 5

Поранешниот управник на имотот на Џони Деп нашол отсечен дел од неговиот прст

Поранешниот управител на имотот на Џони Деп во Холивуд, вчера пред Лондонскиот Висок суд изјави дека пронашол отсечено парче од прстот на актерот по бурната расправија со поранешната сопруга Амбер Херд.

Поранешниот управник на имотот на Џони Деп нашол отсечен дел од неговиот прст

Деп (57) го тужи издавачот на британскиот таблоид за клевета поради една статија од 2018 година во која го нарекле „тепач на жени“.

Бен Кинг, кој работел на имотот на Деп помеѓу 2014 и 2015 година, изјавил дека Херд е таа што го предизвикала и го угнетувала додека била во врска со Деп и дека тие се карале како деца.

Кинг, кој е вклучен во расчистување по наводниот инцидент на изнајмениот имот во Австралија во 2015 година, рече дека открил парче од отсечен прст на Деп.

„Беше споменато дека може да биде некаде и јас го најдов додека чистев“.

Деп претходно раскажал како Херд му го отсекла прстот кога му фрлила шише вотка.

За време на петдневното сведочење, Деп рече дека обвинувањата на Херд за семејно насилство од 2013 до 2016 година биле лажни и дека таа редовно го напаѓала.

Херд треба утре да започне со презентирање на доказите, додека долгогодишната поранешна партнерка на Деп, Ванеса Парадис, треба да се појави на суд преку видео-врска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Несреќа на Монт Еверест: Хеликоптери се судрија при слетување

Индиски државјанин загина, а државјанин на Нов Зеланд е повреден откако два хеликоптера се судрија при подготовка за слетување во регионот на Монт Еверест во Непал.

Видео: Несреќа на Монт Еверест: Хеликоптери се судрија при слетување

„Инцидентот се случи во областа на Базниот камп на Монт Еверест. Државјанинот на Нов Зеланд е спасен“, изјави за Ројтерс Каман Синг Тапа Магар, главниот претставник на округот Солукхумбу.

Хеликоптерите им припаѓале на приватните компании „Фиштаил ер“ (Fishtail Air) и „Дајнасти ер“ (Dynasty Air), пренесува Б92.

Индискиот државјанин кој загина и Новозеланѓанецот кој беше повреден биле туристи, соопштија од компанијата.

Претставник на компанијата „Дајнасти ер“ (Dynasty Air) изјави дека нивниот хеликоптер превезувал само товар.

Несреќата се случила за време на шпицот на сезоната за пешачење и планинарење во Непал – период кога хеликоптерите во регионот превезуваат планинари и алпинисти, пренесува Ројтерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во Германија се сретна со Вуст: Продолжуваме да градиме силни партнерства

Премиерот Христијан Мицкоски оствари работна средба со Хендрик Вуст, премиер на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Мицкоски во Германија се сретна со Вуст: Продолжуваме да градиме силни партнерства

„Во рамки на посетата на Германија, остварив работна средба со Хендрик Вуст, премиер на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Заедно со владиниот тим, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, разговаравме за досегашната успешна соработка, поддршката и можностите за нејзино понатамошно продлабочување, особено во делот на економијата и инвестициите.

Германските компании како „Костал“, „Кромберг и Шуберт“, „ВИК“, „Гересхајмер“ и други реномирани инвеститори кои веќе успешно работат во Македонија се одличен пример за потенцијалот за привлекување нови инвестиции од Северна Рајна-Вестфалија.

На средбата го истакнавме и задоволството од спроведувањето на заедничката Декларација за намери за соработка, која опфаќа повеќе значајни области: економија, инвестиции, образование, култура, здравство, како и поддршка за европската интеграција на Македонија.

Особено значајна е подготвеноста на премиерот Вуст да ја посети Македонија, што ќе претставува дополнителна можност за унапредување на партнерството и отворање нови перспективи за соработка.

Продолжуваме да градиме силни партнерства, да привлекуваме нови инвестиции и да ги отвораме вратите за економски развој и нови можности за нашата држава.“- објави Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Славески вели не знаел чија е Алта банка — како тогаш и дал дозвола, по налог на Мицкоски?

Гувернерот Трајко Славески вчера изјави дека не знаел чија сопственост е Алта банка Белград, дека не знае колкав процент е сопствеништвото и тоа не go интересирало.

СДСМ: Славески вели не знаел чија е Алта банка — како тогаш и дал дозвола, по налог на Мицкоски?

Kако тогаш дал дозвола за влез на банката во Македонија?

По налог на Мицкоски? Заради бизнис интересите и перењето пари со Вучиќ?

Тоа е истиот Славевски кој пред некој ден рече дека е се во ред со Алта банка во Македонија а граѓаните не можат да дојдат до своите пари.

Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови, додека пак компаниите слободно префрлаат пари.

Ова е изјава на Славевски во истиот ден кога во Србија е објавено дека е уапсен сопственикот на банката, Давор Мацура и кога е објавено дека извадил од трзорот на банката 400 милиони евра во кеш.

За многумина денес ова е незамисливо, но наскоро ќе бидат шокирани од деталите што се врзани за ВМРО и за Мицкоски и за криминалните релации со нивната СНС и Вучиќ.

Зошто гувернерот крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија?

Дали останаа тука или продолжија понатаму кон Москва? Сега, кога контролата е преземена од Народна банка, не можат да кажат дека не знаат.

Зошто се кријат податоците и дали Мицкоски и останатите членови на мафијата имаат свои сметки во Алта банка?

Во меѓувреме, народот во Македонија не можете да си ги земе своите пари.

Мерките што ги воведе Славески се направени за оваа криминална група да ги заврши своите непречени префрлувања на пари.

Додека граѓаните не можат да дојдат до своите пари.

Пари за живот, за основни потреби, за храна и лекови.

Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на штедачите чии депозити и сметки се заробени. Ако се сакаше да се заштитат граѓаните, ќе им се дозволеше да си ги подигнат своите пари непречено, без лимити.

Не се направи тоа.

Наместо тоа, се штитат парите на мафијата.

Одењето на Мицкоски во Германија во овој момент е само бегство од одговорите што го чекаат.

Обвинителството мора да реагира и да отвори истрага.

Дадовте заклетва дека сте во служба на граѓаните, не на оваа мафија на власт. Ќе одговарате и вие ако продолжите да ја чувате оваа банда.

Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар

YouTube video

Скопје, 03.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер