3Државните институции ќе се оценуваат на секои пет години – Минчев го претстави новиот закон за државна управа
МакедонијаСДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на МицкоскиКако што најавивме СДСМ поднесе интерпелација за поранешниот вицепремиер, сега министер за локална самоуправа во владата на Мицкоски - Иван Стоилковиќ.Време е за политичка одговорност на еден од извршителите на Вучиќ, на кинеските и руски агенди, за ширењето омраза и величењето воени злосторници. Основите на интерпелацијата се јасни: недозволиво и недолично однесување кон пратениците со што се руши достоинството на Собранието и политичко дејствување кое е спротивно на националните и стратешки интереси на Македонија. Стоилковиќ не им служи на граѓаните на Македонија а за неговото останување во Владата директно е одговорен Христијан Мицкоски. Неговата поврзаност со српски разузнавачки структури и неговите јавни настапи и активности поврзани со Русија отвораат сериозно прашање: чии интереси застапува како член на македонската Влада? Македонија е членка на НАТО и земја со надворешна политика усогласена со надворешната политика на Европската Унија. Промовирањето спротивни геополитички агенди ја поткопува довербата кај сојузниците и им нанесува штета на нашите национални интереси. Го отвораме и прашањето за неговото патување во Кина и настапувањето со делегацијата на СНС и Вучиќ. Интерпелацијата ги опфаќа и содржините со кои се велича Ратко Младиќ, осуден за геноцид. Луѓе кои величаат осудени воени злосторници и релативизираат воени злосторства не треба и не смеат да извршуваат јавни функции. Особено што во конкретниот случај постои и кривично дело согласно Кривичниот законик, што се однесуваат на одобрување или оправдување геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства. Министер во земја членка на НАТО мора да ги почитува државните стратешки определби. Не може функцијата да ја користи за промоција на политики што ги поткопуваат. На ова се надоврзуваат пцуењето, навредите и заканите во Собранието кон пратениците од СДСМ, до Фатмир Битиќи и до мене лично, како и до пратеничката Арбана Пашоли. Министер има обврска да одговара пред Собранието и да ја прифаќа парламентарната критика. Кога на поставени прашања и критики возвраќа со закани, тој го погазува достоинството на институцијата и покажува дека не е достоен за функцијата. Стоилковиќ не беше повикан на одговорност ниту некогаш лично се извини. Затоа политичката одговорност треба да се утврди пред Собранието. Државната функција не е партиска пропусница. Македонија има свои институции, свои интереси и своја надворешна политика. Стоилковиќ е дел од тој систем. Мицкоски го постави, го задржа и политички го штити. Затоа оваа интерпелација е прашање на државно достоинство, суверенитет и политичка одговорност. Со оваа интерпелација бараме политичка одговорност и јасен одговор од парламентарното мнозинство: дали ќе го заштитат достоинството на Собранието и државните интереси или ќе го заштитат Стоилковиќ? Прес конференција на СДСМ - Митко Трајчулески, пратеник СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаФормиран Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите Нападот врз новинар е напад врз демократијата и правото на јавноста да биде информирана, порача министерот за внатрешни Тошковски.Прашуваат каде што повеќето молчат, бараат одговорност онаму каде што недостасува и остануваат будното око во општеството што неретко ги изложува под притисоци, закани и обиди за замолчување – Дали денешното формирање на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите ќе гарантира реален институционален механизам за сигурност? Нападот врз новинар е напад врз демократијата и правото на јавноста да биде информирана, порача министерот за внатрешни Тошковски, кој кажа дека ова тело ќе има задача да создаде услови за послободно и професионално новинарство, без било какви стравувања. -Новинарите не треба да бидат храбри, туку сигурни и безбедни да поставуваат прашање да добиваат одговори во јавен интерес на крајот на денот. Тоа не е обесхрабрувачка порака за новинарите, туку бара одговорност од страна на институциите од аспект на овозможување на општествена сигурност за да го работат она што е нивна работа, зошто – затоа што вашата работа, на новинарите е да го заштитите јавниот интерес и да отворите прашања во јавноста кои што се од интерес за граѓантие и тоа така треба да биде. И се надевам дека во иднина ќе бидеме подобри во споредба од претходно. - Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи Иницијативата за форимрањето на комитетот е на Владата, во согласност со препораките на Советот на Европа, чии претставници беа дел од дискусијата и посочија дека има простор за напредок. Покрај МВР, која претседава со истиот, меѓудригуте, дел се и новинарски здруженија и јавното обвинителство. Шефицата на ОЈО – ГОКК, Искра Хаџи Василева порача дека комитетот е значаен исчекор кон поголема безбедност и сигурност. -Слободата на изразување е највисок демократски стандард кој институциите се обврзани да го штитат, правото на јавноста да биде навремено и точно информирана никој не смее да го загрозува, а оние кои ќе се обидат тоа да го сторат, мора да бидат идентификувани и санкционирани- Искра Хаџи - Василева – ЈО на ОЈО ГОКК Последната евидентирана закана се случи викендов кон новинарот Кристијан Ландов, по неговата емисија за случај во Охрид, по што како што е пријавено, на социјалните мрежи му се заканувале по животот преку саботирање на неговото возило. Остра реакција за ова пристигна од ЗНМ, а министерот Тошковски кажа дека се преземени сите чекори за расчистување на случајот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНикако да се усвои Националната стратегија за спречување на корупцијатаРечиси една година Македонија е без стратешки документ за борба против корупцијата. Од Платформата на граѓански организации реагираат дека со неусвојувањето на стратегијата во Собранието се нарушува континунитетот на националните антикорупциски политики и се испраќа загрижувачка порака за приоритетите на институциите во справувањето со корупцијата. Освен тоа веќе подолг период, укажуваат невладините, нема никакви антикорупциски активности и мерки за коишто се задолжени самите институции истите да ги спроведуваат. -Стравот е дека ќе останеме цела година без стратегија, дополнително сето тоа ќе влијае на самиот акциски план и во наредните години на имплементација, а секако и институциите нема да бидат соодветно спремни навремено да започнат со имплементација, а уште помалку со обезбедување средства, што ааа е секогаш една од најголемите критики за тоа зошто не се спроведуваат одредени антикорупциски мерки. – Снежана Камиловска – Трповска – МЦМС Претходната стратегија истече на крајот од минатата година, а новата која треба да е со важност 2026 – 2030 година ДКСК ја усвои во јуни годинава и уште истиот месец ја испрати во Собранието. Но и покрај комисиските расправи и усвоените заклучоци во септември, документот не стигна на пленарка пред пратениците. Од кабинетот на собранискиот спикер Африм Гаши нема одговор зошто стратегијата досега не се најде на пленарна седница и кога планира да ја стави на дневен ред. Дека не е усвоена новата стратегија за борба против корупцијата предупреди и ЕК во последниот извештај. Во него Брисел констатира дека Македонија нема напредок во спречувањето и борбата против корупцијата, која и понатаму е широко распространета и претставува сериозна причина за загриженост. Од Платформата на граѓански организации го повикуваат Собранието без понатамошно одложување да ја разгледа на пленарна седница и да ја усвои Стратегијата заедно со акцискиот план, предупредувајќи дека одолговлекувањето директно ја загрозува реализацијата на мерките предвидени за 2026 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДржавните институции ќе се оценуваат на секои пет години – Минчев го претстави новиот закон за државна управаДали е неопходно министрите и директорите да имаат заменици, треба ли да се намали бројот на министерства, има ли јасна разграниченост на надлежностите на институциите.Овие дилеми ги отворија експертите на јавната расправа за нацрт законот за организација и работа на органите на државна управа, во собраниската комисија за политички систем. Според стручната фела, неопходно е да има промени на актуелниот закон стар 26 години и да се укинат непотребни агенции, дирекции и паралелни тела кои само го оптеретуваат државниот апарат. Имаа пофалби, но и конкретни забелешки за нацрт верзијата на законот. Министерот за јавна администрација Горан Минчев уверува дека работат на суштински, а не на козметички законски измени, со цел да се прецизираат надлежностите и одговорностите на органите на државната управа. Со овој закон е предвидено да има оценување на секои пет години за оправданоста и функционалноста на самостојните органи. Исто така се разграничува политичката одговорност за носење на јавните политики, од професионалната одговорност на администрацијата за нивното спроведување. Законот е дел од реформската агенда, а откако ќе бидат вградени дел од сугестиите на експертите, ќе влезе во собраниска процедура. За негово донесување е потребно двотретинско мнозинство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook