Поранешната девојка на Џорџ Клуни предизвика метеж во Милано (ФОТО)

Елизабета Каналис, 41-годишна италијанска актерка и пејачка, предизвика вистинска мешаница на улиците во Милано, каде во моментов се одвива Модната недела.

Поранешната девојка на холивудскиот актер Џорџ Клуни на модна манифестација која ги чека италијанските трендсетерки со големо нетрпение. пристигна закопчана до грло, но сепак со „опасна“ доза на сексапил.

Елизабета носеше потполно проѕирна блуза под костумот - без градник, па не е ни чудо што сите гледаа во нејзината бујна биста.

Инаку, Каналис и Клуни беа во врска две години, а раскинаа во 2011 година. Волшебната италијанка пред актерот беше во врска со поранешниот фудбалер Кристијан Виери, а во 2014 година се омажи за ортопедскиот хирург Брајан Пери, со кого ја доби ќерката Скајлер Ева.

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

Францускиот парламент ќе ја испита сексуалната злоупотреба во киното

Францускиот парламент денеска се согласи да формира истражна комисија за да ги испита актите на сексуална злоупотреба и напади во киното и другите културни сектори по неколку неодамнешни обвинувања.

Националното собрание, или Долниот дом, едногласно се согласи со предлогот изнесен од актерката Џудит Годреше, која ги обвини режисерите Беноа Жак и Жак Дојон дека сексуално ја нападнале кога била тинејџерка. И двајцата ги отфрлија обвинувањата. /МИА

притисни ентер