Пораката е недвосмислена, иднината на Западен Балкан е во ЕУ - Канал 5

Пораката е недвосмислена, иднината на Западен Балкан е во ЕУ

Иднината на Македонија е во Европската Унија. 

Пораката е недвосмислена, иднината на Западен Балкан е во ЕУ

Се додека доаѓа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и вели дека поддршката за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е недвосмислена, ние само треба да продолжиме да работиме, да се покажеме и докажеме и да ги убедиме дека заслужуваме да бидеме дел од Унијата. Таа од Скопје ја испрати пораката за силна поддршка, оддаде призание за постигнатиот напредок во реформите и рече дека е ангажирана на тоа, до крајот на оваа година Македонија да ги почне преговорите за членство.

Ова е ставот на официјални претставници на државава, во врска со објавената наводна нацрт-декларацијата за Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ, во која се тврди дека ЕУ „веќе не може да се усогласи да даде гаранција за идно членство на шесте балкански земји".

Во исто време, еден ден по посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на земјава, вчера во Скопје допатува и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој по средбата со премиерот Зоран Заев, се огласи на „Твитер" дека со Заев разговарале „како да го придвижиме напред процесот на проширување преку отворање преговори за членство со Македонија и со Албанија".

– Со нетрпение го очекуваме Самитот ЕУ-Западен Балкан идната седмица во Словенија. Западен Балкан е клучен приоритет за Европската комисија, иднината на регионот е во ЕУ. Разговаравме како да го придвижиме напред процесот на проширување преку отворање преговори за членство со Македонија и со Албанија, напиша Вархеји на „Твитер".

Во исто време и премиерот Заев на „Твитер" објави дека се сретнал со Вархеји, со кого, како што напиша, отворено разговарале за неколку теми како што е економскиот инвестициски план, кој е навистина силен позитивен импулс за нас, до конкретни проекти кои ќе бидат објавени до крајот на годината.

– Една од темите на разговор ни беа и подготовките кои ни претходат за претстојниот самит Западен Балкан во Словенија следната недела каде ќе имаме одличен простор за заедничка дискусија. Европскиот пат е важен за двете страни и за Македонија и за ЕУ и посветени сме на тој процес, напиша премиерот Заев на „Твитер".

Од Европската комисија пред посетата на Вархеји на Скопје посочија дека еврокомесарот е во комуникација со сите релевантни страни во однос на дискусијата за почеток на преговорите со Македонија и Албанија што е можно поскоро.

Вархеји минатата недела беше во Бугарија каде што со претседателот Румен Радев и техничкиот министер за надворешни работи Светлан Стоев разговараше за отстранување на бугарската блокада за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.

Посетата на Вархеји на Скопје следува еден ден по посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која на разговорите со властите во земјава исто така разговараше и за прашањето со Бугарија и неговото надминување. Таа изрази уверување дека е можно надминување на блокадата од Софија и одржување на првите меѓувладини конференции со Македонија и Албанија до крајот на годинава.

Во меѓувреме шефот на дипломатијата Бујар Османи рече дека се додека доаѓа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и вели дека поддршката за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е недвосмислена, ние само треба да продолжиме да работиме, да се покажеме и докажеме и да ги убедиме дека заслужуваме да бидеме дел од Унијата, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со објавената наводна нацрт-декларацијата за Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ.

– Во подготовките на телата на ЕУ за заедничката декларација која треба да се усвои на Самитот во Брдо се појави дилемата дали овој самит е воопшто за проширување и дали зборот „проширување" треба да стои во тој документ. Некои тоа го интерпретираат како продолжување на евроскептицизмот на одредени држави, што не е ништо ново. Други го интерперетираат повеќе во дефинирање на конкретниот самит, дали е самит на проширување или е самит во кој само се покажува фокусот на ЕУ кон Западниот Балкан, вели Османи.

Шефот на дипломатијата посочува дека без разлика за која варијанта и да станува збор, пораката не е добра во однос на едногласноста на ЕУ во односот кон Западниот Балкан, што сепак, како што вели, но не е ништо ново.

– Има земји членки кои сметаат дека ЕУ претешко функционира за да може да дојдат да се зачленат уште шест нови земји членки, да се закануваат со нивните права на вета, со нивните комесари, потенцира Османи. Но, според него, сепак е добро што на Самиот во Брдо кај Крањ на иста маса ќе седнат челниците на ЕУ и на земјите од Западниот Балкан и повторно ќе се разгледуваат перспективите на регионот.

По текстот што го објави агенцијата Ројтерс вчера дека некои земји членки бараат крај на проширувањето на ЕУ, повеќе дипломати за МИА тврдат дека текстот „е попесимистички од реалноста" и оти станува збор за тензии околу заклучоците од Декларацијата за Самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи во Словенија идната недела, јави дописничката на МИА од Брисел.

Објавата на Ројтерс всушност се однесува на дискусија помеѓу амбасадорите на земјите членки на ЕУ која се одржала на 15 септември објаснуваат за МИА неколку дипломатски претставништва на ЕУ во Брисел.

Како и пред секој самит помеѓу ЕУ и Западен Балкан, амбасадорите го усогласуваат текстот од Декларацијата што треба да произлезе од истиот, и што треба да им биде предаден на лидерите. Овие самити, потсетуваат дипломатите, последниве години (под бугарско и под хрватско претседателство) никогаш не се однесувале на проширувањето. Секој пат, меѓутоа, се повторува поддршката на ЕУ за европската перспектива на Западниот Балкан.

Додека првата верзија од Декларацијата гласи: „ЕУ ја потврдува својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западниот Балкан и ја поздравува заложбата на партнерите од Западен Балкан кон европската перспектива, што е наш заеднички стратешки интерес и останува наш стратешки избор", неколку земји членки, кои силно се залагаат за проширувањето, побарале да стои поексплицитна и поизразена поддршка за овој процес.

Ова барање, според дипломати присутни на состаноците, ги разгневило традиционално скептичните Франција, Холандија и Данска, кои за возврат побарале да се набројат строгите услови за проширувањето и со тоа сакале да испратат порака дека проширувањето „не е готова работа".

Поради овој судир помеѓу земјите кои се залагаат и оние кои се противат на проширувањето се појавиле тензии помеѓу амбасадорите уште пред две недели, а темата е ставена на ред за идниот петок, односно последниот амбасадорски состанок пред да се одржи Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Зошто дипломатите одлучиле да ги брифираат Ројтерс токму на денот кога претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, ја започна својата балканска турнеја, останува нејасно, но не сите во Брисел изразуваат загриженост поради овој текст.

Останува исто така да се види што ќе стори словенечкото претседателство во петок кога треба да понуди компромисно решение за Декларацијата: дали ќе се врати првичната вообичаена формулација на поддршка за перспективата или ќе излезе со некое друго креативно решение.

Но, потсетуваат дипломатите, факт е дека проширувањето е една од многу поларизирачки теми во Европската Унија, помеѓу од една страна Данска, Франција и Холандија, а од другата претежно земјите од источниот блок кои сакаат побрзи и поконкретни реализации во областа на проширувањето, како отворање нови поглавја со Србија и Црна Гора и почеток на преговорите со Албанија и Македонија.

Нејасно е каде точно стои Германија во оваа дискусија. Додека некои дипломати брифираат дека Германија е на страна на амбициозните за проширувањето, други тврдат дека таа држи побалансирана позиција помеѓу двата табора, посебно со оглед на тоа дека земјата е дипломатски значително ослабена.

Декларацијата од самитот во Словенија не е на дневен ред на денешниот амбасадорски состанок како што се најавуваше во одредени медиуми.

Во исто време, „ЕУОбзервер" утрово објавува ексклузивен интерен документ на земјите членки во ЕУ во кој се истакнува дека слободниот визен режим со земјите од Западен Балкан, Молдавија, Грузија и Украина повторно се доведува во прашање, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Ова доаѓа повторно додека претседателката на Европската комисија го посетува регионот, како и брифингот на високи дипломатски извори за Ројтерс дека некои земји членки бараат да се стави крај на проширувањето на ЕУ. Според документот во кој „ЕУОбзервер" имал увид Германија, Франција и Италија се гневни за „злоупотребата" на визниот режим од страна на граѓани на земјите од Западен Балкан, како и на трите земји од Источното партнерство, кои бараат исто така формално членство во ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајка монструм: Отишла во Лас Вегас да се коцка и пет дена ги оставила сами четирите мали деца (ВИДЕО)

Мајка на четири деца од Флорида е уапсена на аеродром откако наводно ги оставила своите деца сами дома со денови додека патувала за Лас Вегас.

Мајка монструм: Отишла во Лас Вегас да се коцка и пет дена ги оставила сами четирите мали деца (ВИДЕО)

Ирена Милер, 50, беше приведена од заменик-шерифската канцеларија на округот Осеола веднаш штом излезе од авион на меѓународниот аеродром Орландо во петокот.

Снимките од камерата на телото покажуваат како полицајците се приближуваат кон Милер, која носела кафеав деловен костум и шал, на мостот за заминување, а потоа ја шетаат низ аеродромот до полициското возило што чека, објавува „Дејли меил“.

Потоа таа била однесена во канцеларијата на шерифот, каде што била обвинета за четири обвиненија за занемарување на дете без да предизвика сериозни телесни повреди и е приведена во затворот во округот Оринџ.

Полицајците изјавија дека истрагата за наводното занемарување на дете од страна на Милер започнала откако добиле телефонски повик кратко по 20:30 часот во среда.

Во повикот, малолетник пријавил дека неговиот деветгодишен брат бил удрен од тег што му паднала на главата во нивниот стан на булеварот Парквеј во Кисими.

Кога полицајците пристигнале на местото на настанот, пронашле четири деца, на возраст од девет, 11, 12 и 14 години, без надзор.

Деветгодишното момче било однесено во болница со брза помош и противпожарна служба поради повредите. Подоцна бил пуштен од болница.

Во меѓувреме, полицајците успеале да ја контактираат Милер по телефон, која наводно им рекла дека работи во Лас Вегас и планира да се врати дома во петок.

Истражителите подоцна дознале дека Милер отпатувала во Лас Вегас на 18 октомври, пет дена пред нејзиното закажано враќање дома.

Според нејзините објави на социјалните мрежи, Милер, професионална фотографка, изгледа работела со клиент поврзан со франшизата „Better Homes and Gardens Real Estate“.

Таа наводно им рекла на заменик-шерифите дека има дадилка која патува од Тампа секое утро за да ги подготви децата за училиште и дека дадилката ќе ги проверува попладне, но дека не ѝ треба дадилката да преноќи.

По разговорот со децата, заменик-шерифите го контактирале таткото на децата, кој ги вратил сите четири деца во својот дом.

Кога Милер слета на меѓународниот аеродром во Орландо во петокот, заменик-шерифите ја чекаа и ја уапсија на местото на настанот.

„Канцеларијата на шерифот на округот Осеола нема да толерира занемарување на деца“, рече шерифот Крис Блекмон во соопштението.

„Овие случаи ќе бидат истражени и ќе бидат поднесени обвиненија против родителите кои не ги надгледуваат или не се грижат правилно за своите деца.“

Не е јасно дали мајката-монструм ангажирала адвокат да зборува во нејзино име.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одмазда на Макрон: Франција носи закон за демонстрантите да плаќаат штета во немирите

Според предложениот закон, кој треба да го усвои Националното собрание, од демонстрантите може да се бара да платат до 10.000 евра за штетата предизвикана за време на демонстрациите.

Одмазда на Макрон: Франција носи закон за демонстрантите да плаќаат штета во немирите

Францускиот Сенат усвои нацрт-закон со кој демонстрантите ќе бидат финансиски одговорни за штетата предизвикана за време на демонстрациите.

Сенатот ја усвои проширената верзија на законот со 229 гласа „за“ и 105 „против“. Предлогот беше поддржан од сојузот на десниот центар, кој има мнозинство во Сенатот, пренесува Euronews.

Предлог-законот сега оди во политички поделеното Национално собрание, каде што ќе биде разгледан и ставен на гласање. Законот беше предложен откако избија големи немири откако Пари Сен Жермен го победи Арсенал во финалето на Лигата на шампионите на УЕФА во мај.

Предлогот оттогаш доби ново значење откако протестите поради нееднаквоста и зголемените цени станаа насилни на 17 октомври, при што илјадници бизниси беа оштетени или ограбени.

Говорејќи пред парламентот, министерот за внатрешни работи на Франција, Лоран Нуњез ја истакна „итноста“ да се одговори на штетата и сцените на хаос забележани на 17 октомври.

„Не можеме повеќе да дозволиме огромното мнозинство наши сограѓани да плаќаат за постапките на малцинство вандали“, рече тој.

Критичарите предупредуваат на финансиски последици за ранливите семејства

Критичарите предупредуваат дека дури и лицата кои лично не направиле штета може да бидат прогласени за финансиски одговорни доколку се утврди дека свесно учествувале во група формирана за да изврши вандализам.

Предлог-законот, исто така, ќе дозволи да се повлечат социјални и станбени бенефиции за покривање на штетите, што наиде на критики од левичарските пратеници и групите за човекови права.

Амнести интернешнал предупреди дека овие мерки може да ги турнат „веќе маргинализираните семејства дополнително во сиромаштија“.

Ова не е првпат европска влада да спроведува построги безбедносни мерки како одговор на насилните протести.

Во Италија, со нов безбедносен декрет се воведуваат построги казни за насилните протести, вклучително и затворски казни од четири до 12 години за организирање групи вклучени во насилни демонстрации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Богати браќа од САД дрогирале и силувале жени, меѓу жртвите има и девојчиња (ФОТО)

Тројца браќа се осудени на по 30 години затвор затоа што со децении дрогирале и силувале десетици жени. 

Богати браќа од САД дрогирале и силувале жени, меѓу жртвите има и девојчиња (ФОТО)

Тал Александар (40) и близнаците Орен и Алон Александар (39) беа прогласени за виновни во март. Судот утврди дека го користеле своето богатство и општествен статус за да ги намамат жените на забави и луксузни домови, каде што потоа сексуално ги напаѓале, пишува Би-Би-Си.

Изјави на жртвите на суд

Пред да ја изрече пресудата, судијката Валери Капрони им рече на браќата: „Вашето однесување беше монструозно. Вашите злосторства им ги уништија животите“.

За време на сослушувањето во вторник наутро во судот во Њујорк, беа сослушани 12 жртви, вклучувајќи ја и една која не сведочеше на самото судење. Една по една, жените ја опишаа психолошката траума што ја претрпеле по силувањето. Тие рекоа дека се надеваат дека срамот што го чувствувале сега ќе се пренесе на обвинетите. Многумина побараа од судијата да изрече максимална казна доживотен затвор за секој брат.

Маја Милер му рече на судот дека откако Тал Александар ја силувал во 2014 година, таа го изгубила секое чувство на сигурност. „Во себе носам тивок погреб за личноста во која можев да станам ако ова никогаш не ми се случеше“, рече таа.

Друга жртва, под псевдонимот Иса Брукс, рече дека ја изгубила способноста да верува во себе откако Тал и Алон Александар ја силувале кога имала 16 години. „Немав поим во каква опасност сум сè додека не било предоцна“, сведочеше таа. Друга жена откри како Тал Александар ѝ се заканувал кога планирала да го пријави силувањето, велејќи дека знаел каде работи нејзината сестра.

Ставови на обвинителството и одбраната

Обвинителката Елизабет Еспиноза тврдеше дека браќата заслужуваат максимална казна бидејќи фактите „сликаат навистина разорна слика“. Таа нагласи дека со текот на годините ги усовршиле методите со кои ги намамувале жените со ветувања за луксуз и дека останале „целосно рамнодушни кон страдањето што го оставиле зад себе“.

За време на сведочењето на жртвите, тројцата браќа покажале малку емоции. Тие гледале напред или се консултирале со адвокати. Нивните адвокати на одбраната објасниле дека им било советувано да не ги гледаат жртвите за да не бидат погрешно протолкувани.

Адвокатите побараа казни од 15 години и рекоа дека нивните клиенти станале посветени татковци чии семејства ќе страдаат во нивно отсуство. Сите тројца се обратија пред судот, инсистирајќи на својата невиност.

„Нашето мото беше „работете напорно, забавувајте се повеќе“, рече Тал Александар, додавајќи дека сега сфаќа дека неговото однесување „ги повредува чувствата на другите“.

Сепак, нивните изјави не ја убедија судијката Капрони. Таа се спротивстави на нив бидејќи одбиваат да ги признаат злосторствата. „Како можете да рехабилитирате некого кој никогаш не ја признал грешката што ја направил?“, праша таа.

Пресуда и детали за злосторството

На крајот од рочиштето, судијката ги осуди браќата на по 30 години затвор за одредени злосторства. Таа, исто така, ги осуди на дополнителни казни од 20 години затвор за други злосторства, но појасни дека овие казни ќе бидат издржувани истовремено.

За време на петнеделното судење, сведочеа 11 жени, од кои некои биле малолетни девојчиња во времето на нападот. Тие опишаа како нивните браќа им давале подароци и ги носеле на патувања во Аспен и Бахамите. Таму, според изјавите, биле дрогирани, а потоа силувани.

Обвинителите тврдеа дека моделот на насилно однесување започнал во средно училиште, иако судењето опфаќало кривични дела извршени од 2008 година. Според обвинителството, браќата ставале дрога во пијалоците на жените, „физички ги ограничувале и ги држеле за време на силувањето и ги игнорирале вресоците и експлицитните молби да престанат“.

Кои се браќата Александар

Одбраната на браќата за време на судењето тврдеше дека сексот бил консензуален и дека тие биле женкари, но не и насилници.

Двајца браќа, Тал и Орен, се збогатиле продавајќи луксузни недвижности во Њујорк и Мајами. Тие работеле за американската компанија за недвижности Даглас Елиман, а меѓу нивните клиенти биле Линдзи Лохан, Ким Кардашијан и Канје Вест. Во 2022 година, тие ја основале својата компанија, Official, со седиште во Њујорк. Алон Александар работел во семејната компанија за обезбедување Кент Секјурити.

Додека судијата ги изрекувал нивните казни, браќата гледале право напред.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер