Поради смртта на Кралицата Елизабета одложени сите фудбалски напревари во Англија

Премиер лигата објави дека сите натпревари овој викенд се одложени како знак на почит кон кралицата Елизабета Втора, која почина вчера на 96-годишна возраст. 

Потврдено е дека натпреварите на ЕФЛ како што синоќа се шпекулираше биле одложени набргу по објавувањето на веста за смртта на кралицата во четвртокот.

Но, сега и официјално е потврдено дека се откажани соите првенствени натпревари во Премиер лигата кој требаше да се играат за време на викендот, вклучувајќи го и дуелот од понеделник помеѓу Лидс Јунајтед и Саутемптон.

Напад со нож во автобус во Турција- патниците шокирано го гледаат крвавиот масакр (ВИДЕО)

Страшна сцена е снимена во градски автобус во областа Карамурсел, Турција, а едно лице го загубило животот во напад со нож.

Енес Јигит Тораман (29) починал како последица на убоди со нож додека се возел во јавен превоз, а безбедносните камери од возилото ја снимиле драматичната ситуација.

На 4 јули бил нападнат со нож од Б.А.(39), кој влегол во автобусот на станицата и веднаш го започнал нападот.

Сега се појави видео кое ја прикажува страшниот крвав масакр. Исто така, во моментот на нападот, во автобусот имало десетина патници кои побрзо се упатиле кон излезот кога почувствувале што ќе се случи.

Несреќниот Енес итно бил префрлен во болница, но за жал, немало помош за него и тој починал, пишува ntv.com.

Осомничениот за убиството побегнал во друг автобус, но набрзо бил фатен.

Џорџ и Амал Клуни ги понижија Хари и Меган, а беа на нивната свадба

Кралската венчавка во 2018 година, кога Меган Маркл и принцот Хари го кажаа судбоносното „I do“, беше настан што го следеше целиот свет.

Сепак, се чини дека драмите не се одвивале само во кралското семејство.

Меѓу познатите личности кои дојдоа како гости на нивната прослава беа познатиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал Клуни. Сите тогаш добија впечаток дека нивното пријателство е, барем, трајно, со оглед на тоа дека се запознале на официјални настани. А тоа некако го „потврдија“ подоцна, на настаните на кои присуствуваа заедно. Но, со текот на времето почнаа да се шират приказни дека во моментот на венчавката овие парови не се ни познавале и дека тоа е нивната прва средба, што е малку чудно.

Месеци подоцна се чинеше дека се во добри односи, но како што минуваа годините се забележуваше и дека нивната врска се лади.

Неодамна, семејството Клуни организираше „The Albis“, забава посветена на филантропската работа што ја работат долги години. На листата на гости се најдоа најпознатите светски фаци, од актери до пејачи и водители, но се чини дека изостанаа некои имиња. Во исто време, принцот Хари го посети Њујорк на своето соло патување, каде што се одржа забавата.

Сепак, Клуни, кои го знаеле ова, не го поканиле принцот да дојде. Ова е втор настан по ред што Клуни го организираат без да ја поканат кралската двојка. Минатата година, Хари и Меган изјавија дека биле прилично изненадени во тоа време што биле изоставени, рекоа тогашните извори.

Но, што се однесува до овогодинешната забава, Хари, кој лесно можеше да дојде бидејќи беше на истото место каде се одржуваше забавата, се чувствувал понижен поради тоа, како што објавиле упатени блиски до кралската двојка.

„Од сите критики со кои мораа да се соочат откако се преселиле во Холивуд, ова е веројатно најголемото понижување за Хари и Меган“, изјавил инсајдер за Radar Online.

Со оглед на тоа што е познато дека Хари има желба да си ја врати репутацијата, со или без Меган, овој настан можеше да му го обезбеди токму тоа.

Позната е причината за смртта на фудбалерот на Панатенаикос, чие тело било во домот во Атина

Грчката полиција официјално ја потврди причината за смртта на фудбалерот на Панатинаикос Џорџ Балдок, кој вчера вечерта бил пронајден мртов во својот дом во Атина.

Како што се сомневаат, причина за смртта на грчкиот репрезентативец е давење. Според извори на „Њуз247“, обдукцијата била завршена околу пладне на Одделот за судска медицина на Универзитетот во Атина, додека за неколку дена се очекуваат токсиколошки наоди.

Обдукцијата во целост ја потврдила сликата што ја направил лекарскиот вештак. Кога полицајците го пронашле Болдок и го превртеле неговото тело, од устата му излегувала вода - честа појава при давење. Тој голтал вода додека бил жив и таа вода му влегла во белите дробови.

Неговото тело немало траги, рани или модринки кои би укажувале на какво било кривично дело. До базенот било пронајдено полуполно шише вотка и чаши, кои се испратени во форензички лаборатории.

Да потсетиме, Болдок бил пронајден мртов вчера вечерта во 22 часот и 30 минути, додека истрагата покажала дека тој починал меѓу 19 и 20 часот.

притисни ентер