3Најскапиот примерок од овој модел: Bugatti Veyron продаден за помалку од три минути за 5,44 милиони долари
Шоу бизПопуларна ѕвезда на сајт за возрасни паднала од балкон на Бали и починала Австралискиот модел, диџеј и ѕвездата на Onlyfans Кортни Милс почина на 37-годишна возраст по трагичен пад од балкон додека била на одмор на Бали.Кортни била на одмор во Кута, Бали, кога се случил трагичен настан во кој го загубила животот. Таа била на одмор со нејзините две кучиња на островот кога паднала од балкон и се здобила со сериозни повреди. Итно била пренесена во болница и починала неколку дена подоцна. Нејзиното семејство дошло директно од Мелбурн на Бали за да ги помине последните моменти со Кортни, пишува Mirror. Кортни се здобила со сериозни повреди и била итно пренесена во болница по падот што се случил во петокот. Таа била подложена на неколку итни операции пред да умре два дена подоцна опкружена со своето семејство. Кортни неколку години живеела на Бали, што го сметала за свој втор дом, пред да се врати да живее во Мелбурн со своето семејство. Трагедија се случила на помалку од две години подоцна, кога доживеала несреќа на Бали во 2023 година. Паднала по скалите и доживеала крварење во мозокот. Кортни била добро позната во музичкиот свет, а работела во неколку градови низ Мелбурн. По Австралија, таа ја проширила својата кариера во меѓународни води. „Беше убава, со големо срце, со полно тело и среќна, навистина, навистина среќна“, вели нејзината мајка Дајан Мејн. Нејзиното семејство е целосно уништено и тешко се помирува со загубата што им се случи на почетокот на новата 2025 година. Тие велат дека чувствуваат само „тага и жалење“. „Најубавото нешто што можевме да го направиме е да бидеме со неа во последните денови и да се потсетиме на неверојатниот живот што го живееше“, изјави сестрата Киана Милс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеАсоцијација на специјализанти: Успехот, а не возраста беше пресуден за конкурсот Наметнувањето на возраста како причина за неизбор за вработување на медицинскиот факултет МЕП физиологија не е поткрепено со конкурсните критериуми и создава нецелосна слика за постапката пред јавноста и не е во нечив интерес,.Наметнувањето на возрста како причина за неизбор за вработување на медицинскиот факултет МЕП физиологија не е поткрепено со конкурсните критериуми и создава нецелосна слика за постпаката пред јавноста и не е во нечив интерес, соопштија од Асоцијацијата на специјализанти кои имале комуникација со медицинскиот факултет. Според критериумите според бодирањето успехот на кандидаите биле 9,29 и 9,21 а успехот на Василевски бил 8,20. Од асоцијацијата информираат дека тој бил вработен во ПЗУ „Медикус Хелп“ скоро 10 години. „Неговата приватна специјализација по спортска медицина била финансирана од страна на тогашниот работодавач, ПЗУ „Медикус Хелп“. По престанокот на работниот однос во приватната установа престанало и финансирањето на приватната специјализација. Поради пролонгирање, односно незавршување на специјализацијата во рокот предвиден со Правилникот за специјализации, специјализацијата во септември 2026 година му била прекината согласно важечките прописи, согласно критериумите и бодирањето на последниот конкурс, избраните кандидати биле подобро рангирани “-„Асоцијација на специјализанти“. Дарко Василевски продолжува со штрајкот глад и не се откажува од барањата да се ревидира изборот. „Јас ја доплатив специјализацијата и обрзложив на факултет за моето доцнење“, изјави Дарко Василевски. Од Медицинскиот факултет посочија дека изборот бил направен според сите критерируми и дека еднаш му било одговорно на Василевски дека наводите се паушлни и неосновани и дека враљвотувањето е според условите кои ги исполниле кандидатите. Министерот Клековски посочи дека има конкурси за работа и Василевски може да се пријави во друга здравствена институција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаМакедонските домаќинства фрлаат по 86 килограми храна годишно што е над европскиот просекДодека секој денар за храна внимателно се пресметува, значително количество од купеното сепак завршува во канта.Според Индексот за отпад од храна на Програмата на ОН за животна средина, македонските домаќинства создаваат околу 86 килограми отпад од храна по жител годишно – 17 килограми повеќе од просекот на домаќинствата во Европската Унија. Колкава е навистина навиката на македонските семејства да фрлаат храна, објаснува претседателот на Банката за храна на Македонија, Душко Христов, повикувајќи се на нивните истражувања. ,,Секое семејство нека стави прст на чело да разбере дека на дневна основа фрла негде по едно евро, месечно 30 евра,годишно 360 евра и ако одиме со математиката дека сме 100 илјади семејства тоа значи над 36-40 милиони евра вредност се фрла на храна во нашите ѓубришта...На прво место фрлаат леб и лиснати, на второ сувомеснати, на трето место овошје и зеленчук..,, – Душко Христов ,претседател на Банка за храна Македонија. Дали и колку често храната завршува во канта, прашавме и дел од граѓаните.Некои од нив велат дека најчесто се фрлаат производи што се расипале или им истекол рокот. Во време кога дел од храната секојдневно завршува како отпад, последните податоци на ДЗС покажуваат дека 21,9 проценти од населението во земјава живее под ризик од сиромаштија, а кај семејствата со деца стапката достигнува 25,2 проценти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Здравје„Мој Термин“ да се ажурира и надгради, бараат лекаритеСо месеци се игра „брзи прсти“ за „Мој термин, се полни електронска листа за чекање за пациентите да се пратат на Клиника, и тоа е само еден проблем со системот кој дирекно ги засега пациентите, алармираат од Здужението на матични лекари. Со месеци се игра „брзи прсти“ за мој термин, се полни електронска листа за чекање за пациентите за да се пратат на Клиника, и тоа е само еден проблем со системот кој дирекно ги засега граѓаните, алармираат од Здужението на матични лекари. Дел од пациентите се жалат дека и кога ќе дојдат на ред, ден пред терминот, преку СМС порака тој им се откажува, со образложение дека лекарот не е тука и насока – да отидат кај матичниот доктор за да земат нов. Вака, постапката почнува од почеток, па некои пациенти кој немаат финансии за да одат на приватно и по повеќе од половина година не можат да стигнат до специјалист преку „мој термин“. По ревизорскиот извештај што ги нотираше и останатите слабости, јасно е дека мора да има промени, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, Претседател на Здружението на приватни лекари. -Мој термин мора да се надогради, мора да се ажурира, мора безбедноста на податоците да бидат на многу високо ниво. Сите овие податоци што се во „мој термин“ прво треба да се под Министерство за здравство бидејќи се работи за многу чувствителна тема и лични податоци, не може некоја приватна фирма да ги координира, како што сега (од ревизорскиот извештај) дознавме. Во однос на пуштањето на термини од специјалистите, за три секунди ги снемува термините. Дали на пациент со самоубиствени идеи кој е во моментот на преглед ќе му речете, „почекај сега, ја морам на „ловам“ термини“, тоа мора поинаку да се реши. д-р Лилија Чолакова Дервишова - претседател на Здружението на матични лекари. Извештајот за ревизија на „мој термин“ покажа дека за операции пациенти чекаат со години, па само еден доктор има 198 закажани интервенции. Освен тоа, ревизорите утврдиле и дека листите на чекање не ја одразуваат реалната состојба, бидејќи недостигаат клучни податоци, а во дел од болниците воопшто немало ни листи што отвора ризик пациенти без термин, да бидат примени пред оние кои подолго време чекаат уредно. Министерот за здравство јавно посочи и дека неразбирливо е како системот „мој термин“ речиси 18 месеци немал договор за одржување и најави дека од службите побарал подготовка на јавен повик за двегодишно одржување. Освен најава за акциски план на делување, здравствените власти ветуваат дека системот ќе биде биде централен дел од најавената дигитализација. Тагови: лекарите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16