Полицајци со Ламборџини експресно поминале 569 километри за да однесат бубрези од донори (ФОТО) - Канал 5

Полицајци со Ламборџини експресно поминале 569 километри за да однесат бубрези од донори (ФОТО)

Lamborghini Huracan е дел од италијанските сили на редот и му е доделена благородна улога.

Полицајци со Ламборџини експресно поминале 569 километри за да однесат бубрези од донори (ФОТО)

Во 2014 година, Lamborghini му подари Huracan на италијанската полиција, а потоа повторно го направи истото три години подоцна. Тој втор автомобил неодамна учествуваше во важна мисија пренесувајќи два бубрега на пациенти во болниците оддалечени стотици километри.

Локалните власти неодамна споделија фотографии на социјалните мрежи кои покажуваат како го користат малиот багажник на Ламборџини за транспорт на скапоцен товар. Иако предниот багажникот има само околу сто литри, доволно е да се складира изолиран сад со органи за трансплантација.

Автомобилот тргнал од Падова, а прва дестинација му била болницата во Модена, оддалечена 168 километри, каде бил изваден едниот бубрег. Патот потоа го однел тимот со Ламборџинито до 401 километар оддалечената дестинација во Рим, каде што бил испорачан вториот бубрег.

Во првичната објава тие напишале: „Патување по автопат за да го донесат најубавиот божиќен подарок: животот. Благодарение на специјалниот Дедо Мраз на државната полиција, две лица добија бубрег. Органите ги донесоа полицајци кои донесоа два бубрега во Ламборџини Хуракан до болниците во Модена и Рим“.

Да кажеме и дека ова Ламборџини освен стандардна полициска опрема има и дефибрилатор, како и видео надзор кој постојано ја следи работата на полицискиот тим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче на средба со лозарите: СДСМ ќе поднесе Закон – 5 денари повеќе за секој килограм грозје

Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Филипче на средба со лозарите: СДСМ ќе поднесе Закон – 5 денари повеќе за секој килограм грозје

Денеска сме во посета на тиквешкиот регион, имаме средби со земјоделците, со лозарите кои што сега се наоѓаат среде процес на берба на грозјето и грозјето го спремаат да го продадат.

За жал, како и минатата година, истите проблеми, истиот суров и нечовечен однос од страна на премиерот Христијан Мицкоски и целата влада, од министерот за земјоделство кон лозарите, поради тоа што нудат понижувачки откупни цени на грозјето.

Трошоците за производство се многукратно зголемени. Колкава е само цената на горивото. Понатаму трошоците се зголемени и за работната рака 2.000 денари им бараат луѓето коишто го берат грозјето. Зголемена е цената на водата и секако енормно зголемена е цената и на ѓубривата со кои што се ѓубри земјиштето.

Затоа бараме итно да се зголемат откупните цени и во таа насока ќе дадеме предлог Закон во Собранието со кој закон откупната цена на сите сорти на винско и трпезно грозје ќе се зголеми за 5 денари по килограм.

Понатаму да се укине попустот од 8% кој што винарите го нудат како предуслов да ја платат веднаш целата количина на грозје која што ќе ја откупат. Трето да се донесе интервентна мерка затоа што има најави дека не целото црно грозје ќе биде откупено целото. Црното грозје коешто ќе им остане на лозарите да биде откупено од страна на државата. И ова е најмалку што заслужуваат нашите лозари ова е најмалку што заслужуваат овие луѓе кои што од сабајле до вечер на ова јако сонце работат да ги прехранат своите семејства луѓето кои што ги извадиле последните заштедени пари во текот на минатата година да купат ѓубриво, да ги платат работниците, да платат гориво, да платат вода, со цел оваа година да има соодветен род.

Ова е најмалку што оваа ненародна предавничка власт на Христијан Мицкоски може да направи за овие луѓе.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нормализиран сообраќајот на Граничниот премин Табановце

Министерството за внатрешни работи информира дека сообраќајот на Граничниот премин Табановце се одвива нормално и без поголеми задржувања.

Нормализиран сообраќајот на Граничниот премин Табановце

Во изминатиот период беа регистрирани зголемени задржувања поради постапувањето со возилата со странски регистарски ознаки кај кои системот „Безбеден град“ има евидентирано сообраќајни прекршоци.

Дополнително, ставена е во функција мобилната апликација „Безбеден град“, која во оваа фаза е наменета за странски државјани. Преку апликацијата тие можат да добијат информации за евидентираните прекршоци и издадените платни налози, како и да ги подмират глобите по електронски пат.

Со воведувањето на апликацијата се олеснува и забрзува постапката за регулирање на сообраќајните прекршоци, што придонесе за нормализирање на сообраќајот и намалување на задржувањата на Граничниот премин Табановце.

Министерството за внатрешни работи продолжува со преземање на сите потребни мерки за обезбедување непречен проток на возила и патници преку граничните премини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да престане со лагите, растот на платите за време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е за 70% повисок од период кога СДС беше на власт

На лагите од СДС им нема крај. Од СДС на Венко Филипче, континуирано си поигруваат со граѓаните и им создаваат паника.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да престане со лагите, растот на платите за време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е за 70% повисок од период кога СДС беше на власт

Еве неколку бројки со кои можеби на раководството на СДС поставено од Филипче ќе му биде појасно.

Во месец јуни 2017 година просечната плата изнесувала 22.808 денари, а во мај 2024 година просечната достигнала 41.252 денари.

Тоа е зголемување од 18.444 денари за 84 месеци, што значи дека просечната плата во просек се зголемувала за околу 220 денари месечно.

Во јули 2024 година, просечната плата изнесуваше 40.961 денар.

Во мај 2026 година, просечната плата достигна 49.544 денари.

Тоа е зголемување од 8.583 денари за 23 месеци владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Во просек, просечната плата се зголемувала за околу 373 денари месечно.

Во периодот на ВМРО-ДПМНЕ, просечната плата растела околу 70% повеќе месечно отколку во периодот кога на власт беа СДС и ДУИ.

Не се потребни празни зборови и политички пароли. Бројките зборуваат сами за себе.

Поголеми плати значат повеќе пари за семејствата, поголема куповна моќ и подобар животен стандард за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните, а резултатите се гледаат во бројките.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер