Покрај играчки се продава вибратор

На Иста полица сексуални помагала и играчки за деца



Во продавница со кинеска стока на првиот спрат на старата стоковна куќа во Нови Сад и тоа на иста полица се продава и вибратор, пишува весникот 021.

Заедничко за овие прозиводи е што работат на батерии и чинат исто, по 1700 српски динари. Вибраторот е на попуст.

Покрај вибраторот се продава и кукла на надувување и тоа на најблиската полица до касата. Останатите играчки за деца се продаваат на другата страна на полицата но тие се прилично видиливи за децата.

„доаѓам често кај нашиве Кинези и детето веќе знае каде се полиците со играчки но сепак останав шокирана кога керќа ми ме повика и побара да ја дофатам куклата на надувување“ вели Розалија М. Чија што ќерка има 5 години.

Продавницата Кинеска Стоковна Куќа е еден од најпосетените трговски објекти во  Новата населба во Нови Сад.

Според весникот 021 појавата на една полица едно до друго да се продаваат и играчки и сексуални помагала не е новина за овој град: неодамна таков случај е откриен и во населбата Чаруга.
притисни ентер