КултураПогледнете ги ракотворбите на Чианг во Мала СтаницаПо повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, денеска во просториите на Националната галерија (Мала станица) беше отворена изложба на ракотворби од кинеската област Чианг.Изложбата е резултат на духовната и на културната рехабилитација, а секој експонат е рачно навезан од девојките од малцинството Чианг во регионот Венчуан. - Ова уникатно творештво е многу блиско до нашето народно творештво со корења кои лежат длабоко во историјата и кои во себе вградуваат траги и наслојувања од разни изминати епохи и култури. Формирањето на везбеното творештво во една посебна народна уметност секако најмногу се должи на колективните уметнички потенцијали на средината во која се создавало. А во тој поглед и македонскиот, и прекрасниот вез кој потекнува од малцинството Чианг јасно сведочат за творечката уникатност и извонредност на неговите создавачи, рече на отворањето на изложбата претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски. Односите на Македонија и Кина, како две пријателски држави, потенцира Вељаноски, се движат во незапирлива нагорна линија при што ги карактеризира атмосфера на меѓусебно почитување и постојана желба за унапредување на соработката во сите можни области. - Една кинеска поговорка вели дека секое време си има свои јунаци. Јас слободно можам да кажам дека времето на Кина на светската економска сцена, рамо до рамо со останатите светски колоси, е дојдено. Чекорите од седум милји кои кинеската економија веќе подолго време ги прави на глобалната сцена ја направија сериозен фактор и партнер во креирање на глобалните текови во светот. Овие импресивни развојни резулатати го прават нашето пријателство и соработка уште понеопходно и подобредојдено, истакна претседателот на Собранието. Додаде дека покрај добрите односи, споделувањето на убавите нешта, за Македонија и Кина е заедничко и тоа што и во двете се случија земјотреси кои оставиле белези на земјите. - Катастрофалните земјотреси во Скопје и Сичуан однесоа многу жртви и разурнувања на имотите, но тие беа и се уште се поттик за заедничко развивање и практикување на солидарноста, помоштта и вкупната рехабилитација на оние кои пострадале. Тие се поттик за развој на градителските вештини и на понепосредната соработка на тој план, рече тој. Градоначалникот на Вечнчуан, Ванг На истакна дека пријателството меѓу Македонија и Кина се покажало со помошта што, како што рече, љубезниот македонски народ му ја дал на кинескиот во справувањето со катастрофалниот земјотес. - Се повеќе кинески туристи доаѓаат во Македонија, каде не само што уживаат во културниот гламур и прекрасните пејсажи, туку го зголемуваат и разбирањето и пријателството меѓу нашите две земји, рече таа. Додаде дека Чианг е една од најстарите националности во Кина и Чианг везовите се главна одлука на чијанг културата. - Везовите се скромни и едноставни но, богати во културна конотација, тие се везени убод по убод од везилките и истовремено се важен носител за разбирање на културата на Чијан, рече На. На отворањето на изложбата присуствуваа и кинескиот амбасадор во Република Македонија Цуи Џивеи, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, собраниските потпретседатели Јани Макрадули и Светлана Јакимовска, претседателката на парламентарната група за соработка со Народна Република Кина, Силвана Бонева... /MИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
СветИран се закани со ново оружјеИран развил ново оружје со, како што тврдат тамошните претставници, изненадувачки можности, кое би можело да биде употребено во случај на нов воен судир.Ова го соопшти Сејед Зијаедин Агаџанпур, раководител на Организацијата за идеолошки и политички прашања при иранското Министерство за одбрана, испраќајќи директна порака до американскиот претседател Доналд Трамп. Агаџанпур нагласи дека Иран нема намера да попушти пред притисоците од Вашингтон, ниту да прифати каква било форма на принуда од САД. -Никогаш нема да им се покориме на вашите обиди за заплашување, порача иранскиот претставник. Тој оцени дека главната цел на американската администрација е иранскиот народ да биде принуден да ги прифати барањата на Вашингтон и да капитулира. Сепак, според него, Техеран нема да отстапи од своите позиции, ниту ќе ги прифати, како што ги нарече, нелегитимните барања на противниците.Тагови: Иран оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ФудбалМодриќ: Ќе играм додека чувствувам страст Дури и на 41-годишна возраст, Лука Модриќ останува еден од клучните играчи на Милан под водство на Рубен Аморим. Неговиот квалитет и физичка подготвеност сè уште му овозможуваат да биде одлучувачки на највисоко ниво, што го покажа во неодамнешната победа од 3:1 против Интер. По градското дерби, неделниот рубрика на „Ла Газета дело Спорт“, „Спортвик“, му ја посвети својата насловна страница и ги објави неговите изјави за амбициите на клубот и продолжувањето на договорот. Дерби и амбиции за титулата По победата во дербито, Модриќ испрати јасна порака за целите на тимот. „Беше фантастична победа, мислам дека беше нашата најдобра игра во сезоната. Ги заслуживме тие три бода, беа неопходни за нашиот морал и самодоверба. Растеме како тим и ако успееме да ги намалиме падовите во играта, кои се неизбежни во текот на сезоната, ќе имаме можност да се бориме за титулата. Тоа останува наша цел. Подобро ги спроведуваме идеите на тренерот и одиме во вистинската насока, а стадионот нè поддржува. Навивачите на Милан се неверојатни“, рече Модриќ. Продолжување на договорот и планови за иднината Тој се осврна и на летното продолжување на договорот со Милан и неговата иднина. „Се чувствувам добро, сè уште имам страст, амбиција и сила. Додека се чувствувам така, сакам да играм. Ме сакаат во Милан, а јас сè уште го сакам фудбалот. Немав никакви сомнежи ова лето откако разговарав со Аморим и луѓето од клубот. Тие сакаа да останам и беше важно само да чувствувам дека сум посакуван. Милан е мојот тим и сакам да им помогнам на помладите играчи да се развиваат.“Тагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајциГватемалски пратеник и тројца полицајци беа убиени во вооружен напад во источниот град Рио Хондо, изјави во понеделник претседателот на Гватемала, Бернардо Аревало.Тој го осуди насилството и им нареди на безбедносните сили да помогнат во идентификувањето на одговорните, објави Ројтерс. Пратеникот Хулио Сезар Портиљо Паз беше нападнат во петокот во градот Рио Хондо и првично беше однесен во болница со сериозни повреди. Неговата партија Национално единство на надежта (UNE) подоцна соопшти дека тој починал. Убиствата се случија околу три недели откако поранешниот антикорупциски обвинител на Гватемала, Хуан Франциско Солорзано Фопа, беше застрелан во Гватемала Сити. Властите сè уште не утврдиле врска помеѓу двата напада. Тагови: Гватемала напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter